1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позирање гола за Плејбој

Дискусија во 'Секс' започната од aaaGIRLlove, 13 август 2011.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски

    Зборам за свесно давање материјал за мастурбирање.
    Тоа што некој таму можеби во моментот си има перверзни мисли за нас е друго, неможеме да влијаеме врз тоа, ама свесно да го даваш, или подобро речено, продаваш голото тело „на изволте“ за секакви да ти се насладуваат, е тоа е веќе преголемо его кое ја истиснало самопочитта на личноста кон себеси.
     
  2. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    не фала не сакам да останам Балканец со застарени сфаќања ,немам потреба, доволно сум млада нема да се полнам со предрасуди и малограѓанштина,сакам да живеам и да уживам во секој миг,да не си кратам од задоволствата во мојот живот заради тоа што ке рецел комшијата Перо...што ми е гајле за комшијата Перо што ќе речел...мој живот ,мои правила...моите родители ги почитувам и нормално не одам преку нив....но затоа се раѓаат нови генерации...за до го истребат турското кое е длабоко вкоренето во сфаќањата на нашите претци....
     
  3. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    сакаш да кажеш дека секоја жена што се сликала на Плејбој нема самопочит???? нема да имаш самопочит ако го продаваш своето тело за секс...или ако бидеш доволно лесна да имаш сексуални односи со секој втор што ке ти понуди.....а за некоја направена гола фотка во списание не гледам зошто нема да имам почит спрема себе ако го направам тоа,во светот постојат илјадници девојки кои се сликале голи
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа сликањето за ФБ и не се сметам за застарена. Зошто бе од западот само ваквите работи ги прифаќаме?? Зошто не прифаќаме на пример да бидеме одговорни и точни како Германците, за работа не ни се слуша а ваму за Плејбој кој не прифаќа демек застарен е. И на запад секој не го оправдува Плејбој секој не би се сликал ги знаат последиците, немој да мислите таму оти таму нема стереотипи .

    Јас сваќам дека светот станува се полиберален, меѓутоа во кој и да е век секоја жена треба да ја негува дамата во себе, а ова е воопшто не и доликува на една жена. И мене не би ми било гајле за комшиите, ама за децата родителите блиските луѓе ми е гајле. Не сакам заради моите желби некој друг да го гледаат со поинакви очи. Сликањето за Плејбој не е некој грев, ама нашиве мажи колку и да се прават либерални сепак два пати ке размисли дали ке сака да го помине животот со некоја зајачица, може некое време ке се гордее демек еве девојка ми на Плејбој ја имаше јака цура е ама на секоја караница тоа ке ти го кажува.
    Кај нас луѓето уште не сваќаат оти Зајачица и к*рва се две сосем различни работи.
     
  5. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    и толку од мене ....ајде чао...си го кажав моите мислење стопати а тоа е и целта на форумов....останете си Балканци со застарени сфаќања,немојкте да имате секс пред брак,немојте да се сексате со мажот во различни пози зашто ќе помисли дека сте курви...,немојте да облекувате кратки сукњи зашто бабите ќе ве оговараат,фатете си ги малограѓанштината и предрасудите за раце тие ви сее најдобри другари најважно немојте никако ама никако да гледате голи девојки во списанија уфффф боже тоа е најсрамното нешто на свет нели така беше муабетов....тие девојки се подли немаат никаква почит(додека нашите дечковци воздивнуваат и воодушевуваат на нивната убавина) ;)
    The body is meant to be seen, not all covered up.
    Marilyn Monroe
     
    На vesevska и blond.bunny им се допаѓа ова.
  6. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Потполно се сложувам со паулина2.Има причина зошто жените се сликаат, а не мажите.Оние што имаат над 18 години, добро оформено тело и знаат што сакаат и зошто сакаат слободно нека се сликаат.Нивен живот.Велите жените треба да бидат дами, да бидат скромни епа затоа после мажите не влечат за нос.Ако да сум дама подразбира никогаш да не се делам од масата луѓе, да не кажувам што мислам за да не помислат дека сум вулгарна и слично епа нејќам да сум дама!И ние жените заслужуваме да го изживееме овој живот на наш начин и во наш стил.А тема секс веќе одамна не е табу тоа кај сите е нормално.Парови, мајка- ќерка, татко-син... и сл. Едино на бабите не им се докажува дека за да има деца и воопшто задоволство во брак или врска не е ни битно не мора да има такво нешто за секс првин треба да има секс!
     
    На paulina2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Да беше така ко што кажувате уште утре одам да се сликам ама за Вест шо ке ми е Плејбој и онака во Македонија повеќе Вест се чита.
    А бе ич не ми е модерно тоа сликање дури и простачко е, демек јас имам убаво тело убави гради ај сите да видите, леле што имала. Штета и таму лајкови што нема.Не можам да сватам која е причината некој да се слика на Плејбој. Слава да е, не е, кој ги памти тие зајачици после некое време освен луѓето што ги познаваат и ги оговараат.
    Некој горе го споменал како заостарено сваќање првиот секс и сексот како табу тема воопшто. Тука не станува збор за табу теми, мислам дека тоа е надминато. Колкава и да ми е желбата да се сликам не сум толку себична за моите желби да одат моите најблиски со наведната глава (за жал така е кај нас).
    Ама сепак секој има свое право да одлучува. Ако размислам подобро, поарно некоја да се слика за Плејбој отколку да се дрогира или да е к*рва :tmi:
    Е сега познатите се сликаат таква им е работата. Прво не живеат во Балканот, а второ имаат милион обожаватели кои ке се израдуваат на сликите, а на нив им е гајле за обожавателите. Плус што ке се врти во весници два три месеци.
     
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  8. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Не ми е јасно како може да се споредува соблекувањето за потребите на некој филм со соблекување за плејбој... Ако некоја актерка се соблекува, тоа е за да се долови една еротска димензија, а има голема разлика помеѓу еротика и порнографија, зарем врвни актерки кои се соблекле на филм ќе ги ставаме во ист кош со плејбој зајачиците или со порно-"ѕвездите"? Мене тоа ми е некако неспоредливо. Не разбирам ни зошто мислите дека на запад за плејбој се сликаат само ѕвезди, кога и повеќе од познато е дека тоа сега го прават или некои манекенки и актерки кои веќе на залезот на својата кариера со овој потег се обидуваат да ги вратат своите пет минути слава, или некои девојчиња кои допрва почнуваат со кариера па се обидуваат да привлечат внимание (најчесто безуспешно, освен ако не се дочепаат до некој познат фудбалер со помалку мозок). Помина времето на 80-тите и почетокот на 90-тите кога тоа не беше видено и така се стануваше не знам каква ѕвезда од калибарот на Памела (па ни тие не станаа познати по ништо друго освен по тој еден единствен "талент"), денес тешко е така да се успее, тоа е веќе видено, а не пак да споредуваме со почетоците на списанието и со Мерилин Монро, тоа тогаш било од чисто еротски карактер, истакнување на женската убавина и облини (не дека тогаш не било осудувано, туку не изгледало толку вулгарно како денес). Како што поминуваше времето сето тоа во комерцијален интерес стана порнографија и се извулгаризира во очите на луѓето (најмногу благодарение на "шведските акциони")... И веќе доста ми е од стереотипот за Балканците како се затуцани и затворени и недоволно либерални, какви сме такви сме, што треба сега да станеме сите Американци? Ако почнуваме со стереотипи, Американците во цел свет важат за глупави луѓе, епа сега дали е подобро "затуцана Балканка" или "глупава Американка"... А девојките кои имаат намера ова да го направат нека подразмислат малку, не се јаде се што лета, ќе наидат на осуди и сето тоа зашто како што ним им изгледа сосема нормално тоа што го прават, на повеќето ќе им изгледа потполно ненормално, и не само во нашава туку во било која средина ќе бидат осудувани, не само тие туку и нивните семејства на жалост, па секоја треба прво да помисли на семејството, и семејството ако не ја одобрува треба да се обиде да и укаже дека нив најмногу ќе ги оштети, ако таа пак не разбере навистина жално, можеби најдобро е да се прекине контакт со неа, колку толку тоа барем ќе ги ублажи жигосувањата од околината, иако проблемот нема целосно да се реши
     
  9. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    сликањето за Плејбој воопшто не е порнографија....
    Pornografija (od grčkog πορνη „prostitutka“ i γραφία „pisana stvar“) je predstavljanje ljudskog tijela ili seksualnih radnji u cilju izazivanja seksualnog uzbuđenja. Slično je ali se i razlikuje od erotike, mada se dva termina često koriste kao sinonimi.
    Uopšte, termin erotika se koristi kada se želi naglasiti umjetnički kvalitet, senzualnost ili nagovještena seksualnost, dok termin pornografija najčešće označava eksplicitne seksualne činove.
    Значи сексуални чинови....сликанјето за плејбој извини ама не е сексуален чин ....туку израз на сензуалноста и убавината на голото женско тело
     
  10. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Добро "википедија" читаш ли ти воопшто што пишувам јас
    значи пишувам како луѓето тоа го гледаат, и можеби со право, ако се земе во предвид дека не е само Плејбој туку и други списанија од тој калибар кои изгледаат далеку повулгарно, а ти што мислиш мажите кога ги читаат тие списанија им е гајле за уметност и за еротика, се знае што прават, а и на издавачите не им е баш гајле за уметност ... И кога веќе си се фатила за таа википедија (каде што секој може што сака да си напише), а не за стручна литература тогаш еве уште еднаш да подвлечеме линија меѓу еротика и порнографија зашто кај тебе не баш јасно тоа Из Википедије, слободне енциклопедије Уопште, термин „еротика“ се користи када се жели нагласити уметнички квалитет, сензуалност или наговештена сексуалност ,док термин „порнографија“ најчешће означава експлицитне сексуалне чинове. Линија између „еротике“ и „порнографије“ је често веома субјективна и први израз се чешће користи у позитивнијем смислу док „порнографија“ углавном има негативније конотације.

    Порнографија се јавља у разним медијима - писаном и читаном тексту, фотографијама, скулптурама, цртежима, покретним сликама (укључујући и анимације) и звуковима као што су тешко дисање и звукови који подсећају на секс
    И извини, ама разлика помеѓу еротика и порнографија во денешната терминологија и тоа како постои, а овие списанија спаѓаат во порнографија . Се друго што имав да кажам го кажав погоре, а ти гледам си напишала дека веќе си го кажала мислењето и не планираш да се навраќаш на темева, па не разбирам, што ние другите не треба да се огласуваме после тебе? И немој манипулирање со овие текстови најдени со гуглање, зашто мене домот ми е полн со научна литература од областа на психологијата и социологијата кои ги проучувам од помали нозе
     
  11. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    да се слагам дека се јавува порнографијата во разни медиуми пишани и во фотогравии...зар не си видела расни порнографски списанија каде се насликани сексуални чинови????кај нас во сите трафики ги има....епа на тоа се мисли....а не манекенките или фотомоделите кои се сликаат голи ај
     
  12. aaaGIRLlove

    aaaGIRLlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Tesko mnogu tesko...i rekol nekoj nemoj da se sramis da se otkries, tvojata ubavina e prirodna a teloto ti e sovrseno...da se obidam nekako da i kazam deka ne e poke umetnost ova e veke videno, na mazite ne mu e vazno dali e prirodno nesto duri poke se palat na silikoni, nezz kazvajte da ja razocaram nekako vo ova oti ne pali to so ke recat lugeto ne i e bitno...
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Нејзин живот, нејзино тело, не знам што би можела ти да сториш во врска со тоа. Некои луѓе едноставно таква им е природата, сакаат да се покажат, па макар и во најфизичка смисла на зборот. Мене од тоа ми се гади, еден од многуте профили на луѓе кои нa се би згазиле за пари и слава. Доколку парите во ова не и се најбитен фактор, таква си е девојката и според мене, има премалку почит кон самата себе за да можам јас да ја почитувам. Можеби утре ќе се кае, може не, ама ете и тоа е нејзина работа. Како и да свртиш ако се заинаетила, ќе го стори тоа. Ако се вмешаш подлабоко, можеш да ја изгубиш како другарка. Биди среќна што си доволно паметна да не дозволиш да те вмеша во тој свет.

    Е сега за оние што велат дека секоја разголена слика е порнографија: Постојат уметнички фотографии на голото тело, да не беше така, сите уметнички академии низ светов ќе беа затворени.
     
  14. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Јас бев модел 4 год. и знам како одат тие работи во шоу бизнисот и тврдам дека сето тоа е валкана игра барем кај нас во Македонија.Позирањето за Playboy се рабира дека е успех и некои девојчињна му се восхитуваат на тоа а пак на некои им е животна желба зошто не можи секоја да се слика пред се мора да поседува убавина,но за да се стигни до тој успеј мораш да поминиш низ трнлив пат т.е мораш да истрпиш некој одвратен грдосија за да те пробие,или да си многу финансиски способна или од угледна фамилија но и да си доколку сакаш да продолжиш во шоу бизнисот кога-тогаш ќе мора пак да трпиш.Тоа девојчиња го прават за една обична фотосесија или ревија а камоли за Playboy.Eдинствено тоа ми пречи кај нас инаку немам никакви предрасуди кон голото женско тело во списанија баш тоа го гледам како успех,неможе сега баба ми да се слечи и да позира,како што кажав мора да си презгодна.Но за жал кај нас сеуште постојат оние ''селски'' манири.Преферираат некоја без никаква култура со кал под ноктите што знае да ја измолзи кравата одколку некоја лепотица што има доволно убавина и сексипил да биде playboy зајачица.
     
    На Kristinna92 и paulina2 им се допаѓа ова.
  15. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Јас би ти рекла дека за жал нема многу што да направиш тука, ајде не ја интересира за неа што ќе речат луѓето, ама кога не ја интересира што ќе речат за нејзините, тогаш зошто нејзините да ги интересира што ќе прави таа понатаму. Ама кога веќе си решила да ја разубедуваш дури е уште време, тогаш не знам, пробај да ја натераш да сфати дека тие што и ласкале така не ги интересира какво е навистина нејзиното тело, туку едноставно бараат некоја која ќе ги пополни страниците и која ќе се слика за помалку пари отколку што би зела некоја позната личност на пример, дека девојки со убаво тело има многу наоколу, но ретко која би прифатила да се слика така или можеш да и кажеш дека времето на Памела помина, дека не се станува така популарна веќе, или пак можеш да и спомнеш колку ќе го чека хонорарот од едно македонско списание, ако воопшто ја исплатат... иако не верувам дека и тоа би ја разубедило, очигледно е дека таа има еден сосема поинаков поглед на нештата и на животот од тебе, без разлика колку сте блиски
    Никој не вели дека секоја разголена слика е порнографија, јас го потенцирав и постоењето на еротиката, само велам дека во очите на луѓето денес таквите списанија се синоним за нешто вулгарно а и самите списанија си придонесоа за тоа, ако земеме во предвид дека најголем дел од тие што се сликаат таму наликуваат на ѕвезди од порно-филмовите (голем дел од нив тоа и се, на светско ниво зборувам) а не е дека еротски фотографии не постојат, да не доаѓа до забуни, само што да не се залажуваме, оние мажи што купуваат списанија од типот на Плејбој се заинтересирани за нив од порнографски аспект, нив не ги интересира "уметноста на голото тело" е поради тоа овие списанија се сметаат за вулгарни и луѓето толку ги осудуваат зајачиците или моделите како сакате
     
  16. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Ајде истепајте се :P



    Искрено не сум за сликање гола , а не па на Плејбој . Моето тело е мое и ќе го покажам на тој со кој ќе делиме заедно интима , кој ќе се возбудува на мене кога ја ќе се палам на него . Нема потреба некои гадни , мрсни батки да го шлапаат на мои слики или да ја користи како гс папир . Ај ти се молам ...
    Ова е застарено мислење ? И шо сеа? Тоа емое мислење , мислам со ножеви се мавате . Ако една мисли дека е ок да се слика ок сликај се , јас сум девојка која не би поднела да ме гледаат гола , ни татко ми , ни роднини , ни непознати .
    Ајде во америка се убиваат , ајде фрлете се и вие . Бог да чува. Порано беше срамота да се е*ете секој ја чуваше својата невиност , се гордееше со неа , сега гледам девојче 3 година средно ја убедува сестра и во 8 одд дека е време за секс . И опа иха на кеј на клупа зашто ? , почнаа во Америка да се д*пат на секој ќош и ајде и ние .

    Зашто ? Па балканци глупи , Америка модерна. Абе ајде уште газот незнаете да си го бришете , оправдувате соблекување во Македонија . Ви се молам . Не викам дека треба да се замарате шо кажал Перче , Рамко , ама бар имајте осет дека ова е МАКЕДОНИЈА . 2 милиона луѓе , мало село , муабети на кило . Наместо да се перчам со моето тело под фустан , со мојата женственост , некој да знае дали клиторисот ми е подоле или погоре или газот ми е со голема линија или не.....
    :^) Патетики
     
    На mili4ka123 и julie77 им се допаѓа ова.
  17. aaaGIRLlove

    aaaGIRLlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Вака-колку мислите дека е важно за една жена да се чувствува посакувана, да ја гледаат сите да дишат да ја посакуваат сексуално зошто гледам дека ова веке не само што не е понижување за една жена како што мислев туку напротив е задоволство, се чувствува важна, убава, посакувана...нема врска славна или неславна, македонска или американска, општо за сите жени, шо мислите???
     
  18. aaaGIRLlove

    aaaGIRLlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Нема врска Америка, Македонија, Македонија, Америка еве да не ми велат сите дека сум од старомодните да ги оставиме лугето настрана што ке речат, небитно како да не постојат, е сега дали постои толкава либералност домашните да можат да го издржат тоа и да го сметаат за ок, а и таа да не се срами пред нив, мислам не можам тоа да сфатам, и како да и кажам и онака си ти прекрасна, лепотица и посакувана, не ти треба ова со плејбој................
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Патот кон успехот во одредени професии голем дел оди и преку кревет така да тоа си е јавна тајна и не само кај нас туку секаде (знаеме на кои професии главно се мисли да не ги спомнувам).

    Кој е спремен на тоа нека повели кој не ќе си бара друга професија.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. aaaGIRLlove

    aaaGIRLlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    А исто така сакав да прашам дали мислите дека голотијата е уметност како во времето на давинчи кога ги сликал жените, денес секоја втора почна да позира гола мислам денес не можи да се речи дека е уметност, оти некој дури силикони клават за да се сликат после голи значи на кој му се бендисват телата од то време со огромни колкови, стомаче, мали градиња денес е друго
    Што е уметноста што мислите, дали може да се нарече позирањето гола уметност, ако не зошто не???


    http://www.google.com/imgres?q=desnudez ... 66&bih=564