Камо среќа Македонија да имаше вистински кариеристи, да имаме само професионалци во општини, инспекторати, Влада, министерства, здрав бизнис сектор, па тогаш животот ќе беше песна и за текстилци, трговци, и сите други. И таа шивачка ќе имаше достоинствена плата, К-15 кој нема да го врати, цел одмор, а не само 5 дена кога газдата ќе дозволи, платени прекувремени часови. За жал ништо од тоа нема. Камо среќа добри кариеристи со кредибилитет, да изготват функционални закони, да не доведат во ред и да се почитува она што е на хартија. Па Македонија ќе биде Швајцарија, но ние немаме ништо од тоа. Отворив тема, веднаш помисливте, еве ја оваа за себе бара мислење. Не бе луѓе, немам јас ни фабрики, ни работници кои работат за мене, напротив јас работам за плата. Е сега, какви биографии имам видено на странци, кога ќе видам човек на 38 години, со CV како да живеел и работел цел еден век, е тоа е кариера. Кај нас таквите на прсти се бројат, општеството тоне во апатија, нефункционалност, и секоја жена што има пари да си плати кафе „абе кариеристка е“. Не е. Ако една жена има докторат на пример, не станува автоматски неподобна за мајка.
Се согласувам. Луѓето едвај се прехрануваат тука, а не па кариера да градат. Младите кои имаа потенцијал, беа принудени да си отидат. Зошто? Затоа што нема пари за леб да јаде, а не па да стане сликар или музичар или пак научник. Затоа што нема услови во Македонија. Да имам шанса одма си одам од тука. Не се мислам два пати.
Ми пријавиле и избришале мислење како "фала" што им ја активирав темава кога немаше објави во неа. Во ред е, продолжете така да се потресувате за туѓите мислења, тоа беше и поентата на мојот првичен коментар.
Јас па не мислам дека ако имаш кариера, дека по дифолт немаш ништо друго. Познавам луѓе со супер кариери, а воедно имаат и време за сѐ останато.