1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позитивни и негативни страни на форумите

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 15 март 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.007
    Пол:
    Женски
    Во денешницата каде што владеат многу ваквите мрежи во нашите животи, многумина од нас се по hi5 на времето, facebook, twiter, ms, skype,...и најразлични форуми.
    По доста време поминати на нив (конкретно за форумите), сигурно добиваме заклучоци и мислења.
    Кои се вашите мислења за нив, позитивни/негативни.

    Конкретно за мене колку што имаат позитивно, толку имаат и негативно.
    Позитивно ќе речам, дека преку форум запознав две личности(другарки), пред едно 3години, кои денес се моето секојдневие, и најдобри другарки, од кои едната имам ООООГРОООМНА желба и да ми биде старосватица-јас ја викам втора дадичка.Да ми кажеше некој дека најдобрите пријателки во животот ќе ги стекнев токму на форум, ќе се крстев. Позз до неа зошто знам дека сега го чита ова :D

    А негативно, бидејќи многумина во поголемите случаеви, можат погрешно да те перцепираат,да те сватат погрешно, и да донесат погрешно мислење за твоите сваќања.
     
    На angelche16 и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
  2. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Добра е темава, незнам зошто до сега нема ниту еден одговор. :^)
    Еве јас ке почнам.
    Пример да го земам facebook, социјална мрежа, која не дава голема заштита а сепак дремеме сите пред него и го користиме секојдневно. Негативната страна е тоа што ако не ти е заштитен профилот може секој да краде или да симнува твои слики информации и.т.н
    Мене ми се има случено слична работа, се зачленив на facebook 2008 после 3 години почнав да го користам, ставив некој слики од мене, прифатив некој пријатели... поради игриве глупи ставив некој непознати и што се случи..... за неколку дена добив пријателство од една особа со друго име но со моја слика :fubar: претеризам... Значи колку и да е добар толку е и лош... Многу врски се растуриле, многу кавѓи излегле од facebook....
    за другите како hi5 i twitter |не можам да коментирам бидејки не ги користам
    А општо за форуми, би рекла само дека Фемина како форум е најдобар форум спрема мене.
    Овде има искреност, другарство, почит, љубов, помош, па дури и лицемерии, злоба
    Значи форум за се, но најчесто за добри работи,.
    Кога се регистрираш не мора да пишеш цело име и презиме, или локација. Можеш да останеш анонимен, и сепак можеш да побараш совет и мислење, а има доволно девојки кои се трудат секогаш да помогнат.
    Дали некој би ги читал нашите мислења или не, секој кој пишува од срце нема да се плаши или срами од тоа што го напишал.
    Како што напишала Snow овде се раѓаат другарства, овде се раѓа надеж и доверба...

    Мене лично ми се допаѓа само Фемина како форум и facebook kako мрежа но премногу опасна :!:
     
  3. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.345
    Допаѓања:
    9.222
    Пол:
    Женски
    Па позитивна страна на форумите е дека си анонимен и можеш да кажиш што сакаш а и можеш да се зпознаеш и со другарки, а негативната е дека може некој да те свати погрешно :)
     
  4. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    мислам дека форумите се добри бидејќи може да се праша за се и да најдеш помош но е негативно бидејќи има некој кои злоупотребуваат
     
  5. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    2.127
    Пол:
    Женски
    Позитивна страна- можеш да наидеш на некој корисен совет, се дружиш како во некој виртуелен свет :) Негативна страна- има многу ликови кои онака за безвеза само нешто пишуваат, доста пати и лажат а ти се трудиш нешто да ги советуваш или сл. Плус- стануваш некако зависен од форуми :)) Сепак, ок се форумите и добро е да постојат.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.456
    Пол:
    Женски
    Позитивна страна на форумите е што може да се добијат корисни совети и да се прочитаат разни размислувања. Негативна страна е тоа што се зачленуваат личности кои што немаат попаметна работа па измислуваат секакви работи.
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    11.893
    Допаѓања:
    150.636
    Пол:
    Женски
    Позитивни страни:
    - можиш да искажиш свое мислење
    - можиш да влегуваш во дискусија
    - можи да се стави под знак прашалник точноста на твоите информации или нечии други и тоа да се исправи
    - можиш да најдиш информации за разни настани
    - се социјализираш на еден начин
    - можиш да добиеш совети за одреден проблем

    Негативни страни:
    - можиш да влезиш во лоша дискусија во која ќе бидиш навреден
    - на форум сме сепак барем малку поразлични него реално
    - социјализацијата сепак не е целосно вистинска
    - место да добиеш совет, можиш да бидиш лошо искритикуван шо би ти ја отежнало ситуацијата
    - некои мислења можат да те повредат за некоја сензитивна тема

    Сепак, за мене позитивните страни се доволно добри за да ги занемарам негативните [​IMG]
     
  8. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Мене форумите ми немаат негативни страни,само позитивни.Баш ми е убаво тука,си гледам различни теми,различни мислења,читам искуства,совети за било што и тоа ми е интересно.Уште поубаво ми е тоа што можам некаде убаво да си се искажам што мислам,знам дека некој ќе го прочита тоа.
    @Snow-Queen @theowndemon Па и во реалниот живот може некој да не сфати погрешно и да не се согласува со нешто,исто како овде на форумот.А тоа дали ќе навредиме некој или ние ќе бидиме навредени....на еден начин сите овде сме измислени личности,секој овде може да се прави совршен.
    На форумов има над 100.000 членови,тоа се 100.000 различни карактери.
     
    На Lola122 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    11.893
    Допаѓања:
    150.636
    Пол:
    Женски
    @sugarlips И тоа е нормално, ама не е номрлано кога некој бара совет пример, зошто тоа е најчесто случај на форумов, да биди напукан со навреди и мудрување за неговиот живот. Барање совет често е и барање утеха.
    И секоја работа за која од мене се бара да кажам позитивни и негативни страни ќе дам во скоро еднаков број - приближно.
     
    На s&s му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    @theowndemon За тоа си во право,ама еве има и некои други теми кадешто секој си кажува свое мислење,а другите може да го искритикуваат.
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    11.893
    Допаѓања:
    150.636
    Пол:
    Женски
    @sugarlips едно е критика, друго е нормална, цивилизирана дискусија :)
    Сепак, гледам ги читаш само негативните страни, читај ги паралелно - една позитивна и една негативна (така и ги пишував). Зошто ништо нигде неможи да биди перфектно и да има само позитивни страни.
    Покрај се, нели, секој има право на свое мислење.
     
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    @theowndemon
    Ааа,сега ми е јасна работата.Како јас и ти сега,не се согласуваВ,па влеговме во дискусија,не се критикуваме.
    Ама сум ...лошка ;)
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    12.190
    Допаѓања:
    70.249
    Пол:
    Женски
    Позитивни страни: Можеш да запознаеш некој кој потоа ќе стане дел од твојот вистински живот, тука се наоѓа одговор на речиси секое прашање, се добиваат совети.
    Негативни страни: иако е анонимен форум, тешко е да се остане вистински анонимен, наместо совет се соочуваме со навреди и напади, доста лоши примери на однесување има кои помладите што читаат се залетуваат да ги следат...
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Позитивни страни: можеш да искажеш свое мислење, можеш да влегуваш во дискусија, можеш да прочиташ корисни совети од разни области, да споделиш свој совет и многу други работи.

    Негативни страни: досега јас сум немала, но еве некои примери коишто можат да се случат т.е се случваат. Се соочуваме со навреди и напади, доста лоши примери на однесување, карање за банални работи и ред друго.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.706
    Пол:
    Женски
    Форумите имаат позитивна страна, што можете слободно да се изразите, бидејќи постои анонимност, можете да добиете корисни совети, да запознаете добри личности, со кои перфектно ќе се разбирате, без разлика што во виртуелен свет, но може да ги запознаете и во реалниот живот. Може да се информирате од различни области и на различни теми и да извлечете корисни заклучоци.
    Негативна страна е тоа што и на форумот може да налетате на негативни личности, ама нормално за нив се активира копчето “игнорирај” и крај на приказната.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    12.474
    Допаѓања:
    103.902
    Пол:
    Женски
    Позитивно е тоа што можеш да добиеш информација и совет за нешто,а негативно е тоа што преостро те напаѓаат за искажано мислење и тоа што модераторите селективно бришат мислења.
     
    На marija305 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.121
    Допаѓања:
    195.038
    Пол:
    Женски
    Позитивни страни:
    - запознавање на многу личности и склопување на одлични пријателства
    - секогаш може да се информираш кај има попуст или за одредени работи
    - може да добиеш многу совети и мислења од било која и да е област

    Негативни страни јас искрено немам, ова ми е омилено катче кај што обожавам кога сум слободна да си пишувам и да се релаксирам и на кратко да заборавам на проблемите и грижите. :)
     
    На BlackMistery и cresa-jagoda им се допаѓа ова.