1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позитивци, негативци - во кои се пронаоѓате повеќе и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од blonde_supergirl, 11 септември 2017.

  1. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме, антихероите (посебно кога е наратори), знаат да бидат хелл оф а фан, зарем не? Незнам дали се пронаоѓам во нив, но знам дека целосно ги разбирам. Да не одиме по филозофијата на Ниче за злото на човекот, знам дека можам тотално да им ги разберам мотивите и чувствата позади нив.
    Секако, не сите негативци...
    Клод Фроло (Богородичната Црква во Париз) ми е омилен антихерој. Цел живот посветен на знаењето, на науката, на свештенството, можам да си допуштам да бидам емпатична со него кога се сече неговото битие до срж - кога се заљуби со сет свој жар во Есме. Невин беше овој свештеник, во сексуална смисла и кога кажува во книгата, во поглавјето Ласциате огни сперанза како ја сака, оф! Прекраснотии. Толку се оголува, што неможеш а да не го сожалуваш. Од човек од крв и месо и една сочувствителна душа, до крајот стана демон. Длабока душа, го преферирам него покрај оние бледи позитивци без жар.
    Кармила (од истоимената книга) Нејзината меланхолија ја чувствував како да е моја, нејзината апатичност исто, и таа има длабоко срце и е целосна свесна за својата вистинска природа.
    Ерик, Фантомот. Отфрлен поради својата грдотија, тој се изолира од сите очи и се препушта на монструозноста на својот величенствен гениј кој му гори внатре во душата.
    Хамберт Хамберт (Лолита) никако не го оправдувам, но успевав да погледнам низ негови очи и да ја сфатам неговата агонија.
    Што ги прави антихероите толку привлечни, останува да откријам, можеби силината на нивните емоции, можеби храброста за многубројни (неприфатливи) потфати.
    Чувствувам дека на некој начин и јас сум слична со нив, оние од романите на Џејн Остин ми немаат допирна точка, ни жените, ни мажите.
    Но овие мистериозни господа и дами од готиката, гив ми моар, плиис.
     
    На elimkd, Novecento, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @blonde_supergirl

    Пред да го дадам моето мислење, би сакала да те пофалам за тоа што ја отвори оваа прекрасна тема ! :inlove:
    Потполно се сложувам со твоето размислување во врска со ликовите што ги спомена од безвременските класици.

    Мислам дека тоа зависи и од тоа како писателот успева да ни го пренесе карактерот на ликот во книгата.
    Тоа подразбира неговиот опис, чувствата, оправданоста за неговите постапки, амбициите кои се обидува да ги постигне и како се справува со предизвиците кои му стојат на патот.

    Кога ќе подразмислиме, не сите ликови отсекогаш биле лоши, туку одредени настани направиле тие да станат негативци а тоа е она што ги прави различни од позитивците во книгите.
    Ликовите како Ерик (Фантомот од Операта), Хамберт Хамберт (Лолита) , Доријан Греј (Сликата на Доријан Греј), Раскољников (Злосторство и Казна) дефинитвно претставуваат ликови кои може да ги мразам, но и да ги сакам истовремено.

    Еден од моите омилени негативци е Доријан Греј и причината поради тоа е што тој во самиот почеток на книгата е преставен како нешто чисто, невино, совршено и инспирација за неговиот пријател, сликарот Базил да го наслика неговото ремек дело, а тоа е познатиот портрет на младиот Доријан.
    Меѓутоа мислам дека во книгата Доријан сеуште го нема пронајдено своето вистинско себе и не знае што точно сака од својот живот.
    Мислејќи дека неговите единствени квалитети кои ги поседува се убавината и младоста, тој лесно ја пронаоѓа нарцисоидноста скриена во себе и е изманипулиран од идејата на Лорд Хенри за нов хедонизам и токму поради тоа тој ја продава својата душа на ѓаволот за портретот магично да старее наместо него за да може да се оддава на секакови задоволства, морални и неморални.
    Всушност, навистина жално е што Доријан цело време се обидува да го имитира лордот Хенри и реално да го спроведува она кое Хенри само го проповеда.

    Инаку да прокоментирам за твојот омилен антихерој :
    - Клод Фроло е брилијантен лик кој верувам дека токму појавата на циганката Есмералда го принудува да посегне длабоко во себе и да согледа дека тој сепак не е комплетен.
    Сметам дека Фроло никогаш вистински не чувствувал љубов кон Есмералда, туку обична страст и залуденост по нејзината убавина.
     
    На elimkd и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Доријан Греј е баш она vanity на две нозе. Совршено се согласувам со се што кажа. Во врска со Клод, мислам дека љубовта е субјективна. Можеби не сум во право, можеби сум, незнам. Како таква, секој ја доживува различно. Мислам дека Есме сепак беше единствената која тој би умеел да ја сака, иако, причината лежеше во нејзината невиност, во физичка и ментална смисла. Тој имаше почувствувано страст и кон други жени, кажува во поглавјето Напушти ја секоја надеж, кои му доаѓаа и на сон. Но никогаш не беше ја поминал таа граница. Овде игра улога она Ананке грчкото, судбината посакуваше тој да падне како човек, и тоа каков пад! Неа неможеше едноставно да ја тргне од неговиот живот, та требаше само да погледне на плоштадот. Оваа книга е комплицирана, ја имам многу дискутирано и на Тумблр и на фан форумите за Клод Фроло. Еротска љубов јас би ја нарекла... нели кажува исто *да се биде згрчен по цели ноќи н подот од својата ќелија...* тоа е онаа еротска љубов што го излудува човека, посебно кога оној од мечтите е невин, а другиот пајак, сака да ја поседува..
    цитат Бриар Роуз-
    --Еден од моите омилени негативци е Доријан Греј и причината поради тоа е што тој во самиот почеток на книгата е преставен како нешто чисто, невино, совршено и инспирација за неговиот пријател, сликарот Базил да го наслика неговото ремек дело, а тоа е познатиот портрет на младиот Доријан.
    Меѓутоа мислам дека во книгата Доријан сеуште го нема пронајдено своето вистинско себе и не знае што точно сака од својот живот.
    Мислејќи дека неговите единствени квалитети кои ги поседува се убавината и младоста, тој лесно ја пронаоѓа нарцисоидноста скриена во себе и е изманипулиран од идејата на Лорд Хенри за нов хедонизам и токму поради тоа тој ја продава својата душа на ѓаволот за портретот магично да старее наместо него за да може да се оддава на секакови задоволства, морални и неморални.
    Всушност, навистина жално е што Доријан цело време се обидува да го имитира лордот Хенри и реално да го спроведува она кое Хенри само го проповеда.--
    Не ми е јасно зошто Хенри влијаеше толку на него за да му ја измени целата свест. Можеби зошто него единствено го сметаше за свој пријател. Да не го сретнеше, ќе останеше добар в срце иако со помалку филозофски мисли.
     
    Последна измена: 2 октомври 2017
    На Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Во право си за Клод и целосно се согчасувам со твојот пост :)
    Инаку, кога станува збор за причината зошто Лорд Хенри го расипува Доријан, има повеќе толкувања. На пример сите пријатели кои Лорд Хенри ги има набрзо му здосадуваат. Басил кој треба да е негов најдобар пријател од универзитет наеднаш исчезнува со месеци но на Хенри тоа воопшто не му е грижа. Здосадено му е од Басил кој и така не насликал ништо добро некое време. Бидејќи Хенри е материјалист, парите и уметноста, па и луѓето се само алати со кои тој се задоволува. Откако одредени работи му здосадуваат тој веќе не е заинтересиран за нив. Ама Доријан за него ќе биде исклучок откако ќе го запознае. Откако ќе поминат години во ,, развивањето,, на карактерот на Доријан, Хенри ќе верува дека тој според него го создал идеалното човечко суштество. Поради тоа му се восхитува на Доријан но и на себеси што го претворил Доријан во она што сега го знаеме.
    На крајот може да согледаме дека пријателството на Доријан и Хенри не било ништо друго освен научен експеримент ; Лорд Хенри преставува серии на злобни елементи на еден чист и невин субјект и потоа набљудува како нивното расипничко влијание зема се поголем замав. Бидејќи во неговиот ум тој го обликувал Доријан по неговата замисла како глина, Хенри не верува дека друг човек ќе може да го промени назад во она што некогаш бил. И тоа е злобниот триумф на Лорд Хенри - бидејќи сите луѓе набрзо му здосадувале, тој успеал да создаде свој совршен придружник со кој е еднаков (или подобар) во секој поглед. Единственото нешто кое Лорд Хенри запоставил да го предвиди е фаталната интервенција на совеста... но тој веројатно никогаш и немал совест.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Ja сфаќам целосно психата на Хенри, искрено уште од старт не ми се допаѓаше. Оваа книга е класик и добро позната и знаев уште пред да ја прочитам што ќе се случи со него, но незнаев дека толку ќе потпадне под влијанието на Хенри. Имаше светлост во животот - тоа би била девојката, нешто што Хенри никогаш не го имал. Требаше да остане со нејзе. Доријан залудно си го упропасти животот а беше роден со добро срце, за разлика од неговиот пријател.
    ТЕ МОЛАМ прочитај ја "The Carpathian Castlе" од Жил Верн, многу е убава и ќе дискутираме за Баронот, Грофот и Ла Стила во склоп со оваа тема. Многу љубов има во таа книга, онаа што ти ја корне утробата и душата.

    Видии...;(:l::l::l:
     
    Последна измена: 2 октомври 2017
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Хаха, замисли ги Клод, Ерик и Х.Х во денешно време... Клод стои на прозорот од црквата со двоглед и ги шпионира девојките, Х.Х ја запишува ќерка му во основно за да може да оди редовно до школото за да ги гледа девојчињата, Ерик се вљубува во некоја дива по име Кристина... лол!:lol:
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Hahaha! Ми го разубави денот :D
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Прекрасно видео за мојот омилен антихерој, Клод Фроло! Чувствувам толку жал за него, а и за мајката на Есме.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose дали примети како Иго ги постави работите во книгата? Клод доминираше над сите со својот интелект, и редовно се употребуваа фрази од типот “со очите на јастреб“, па кога ја гледаше од врвот на кулата. А Есме и нејзината мајка беа прикажани како ситни души во играта на судбината.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @blonde_supergirl да, и сметам дека тоа е тој впечаток на воздигнатост над другите, самиот начин на кој ги перципираш другите околу тебе, без разлика дали некои од нив ти значат нешто во животот или не.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    А сепак јас и група на луѓе кои ја читале оваа книга, најмногу емпатија имаат токму за Клод Фроло.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно поради одредени причини кои ги наведов во моите првични постови во темава.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски


    Вознемирувачко.
     
    На pupi.girl и Briar Rose им се допаѓа ова.
  15. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Се пронаоѓам во добро обработени ликови, без разлика дали се антагонисти или протагонисти. Проблемот е тоа што некогаш, кога авторот сака да пренесе некоја порака, ги прави главните ликови совршени, со скоро никакви маани на нивниот карактер. Ова ги прави послични со богови отколку со луѓе, па на читателот/гледачот му е полесно да се поврзат со негативецот отколку со јунакот.
     
    На Someonespecial, blonde_supergirl и Briar Rose им се допаѓа ова.
  16. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Токму така. Некои пак, се бланк канвас...
     
    На Joi и Briar Rose им се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Распутин.
    Се сеќавате на цртаниот филм Анастасија ?
    Ова е најморбидно зошто постоел овој човек. Глумел дека е побожен за да се доближи до фамилијата на Анастасија и да манипулира.
    Можам да замислам какви гадни работи правел, колку сплетки и тактики развивал.
    Интересно ми е зошто му успевало.
    Човекот бил преинтелигентен за тоа време, зошто црквата е се само за ниско интелигентните.
    Прав демон.
     
    На blonde_supergirl и Briar Rose им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @pupi.girl да, тоа беше еден од моите омилени цртани филмови!

    Од историски аспект знам многу за вистинскиот Распутин, и дури е застрашувачки фактот дека скоро ништо не го убило - ни отровот во колачињата, ниту пак куршумите.
    Се разочарав кога се докажало дека умрел од давење, а кога бил завиткан во тепихот и фрлен во водата сеуште бил жив :x
     
    На pupi.girl и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Морбиден лик, дефинитивно.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.