Зависи од то шо носам и дали сакам цела или пола Ако носам нешто со џебови, вака Ако сакам да ме сликат цела Најчесто вака Како четвртата и третата шо се сликани А ако се сликам до пола Вака нешто и раката на половина обавезно Сепак фотографиите што се спонтани се најубави
Јас ич незнам да позирам за сликање,ама мора некако да се застани Па сега,како што изгледа најубаво И не сум секогаш иста на сликите А ова со напрчени усни најмногу го мразам и не се сликам така.
Најважно од се, да ја има онаа голема,фатална насмевка И искрено мене ми се најубави случајните слики, всушност тие ми се и најубави слики што ги имам И да дополнам.... нема ништо посмотано од duckface HAHAHAHAHAH !
дакфејс никогаш не правам бидејки ужасен ми е,а исто и немам убава насмевка Секогаш сликите ми се случајни,додека правам некоја глупост или се смеам и ке ме фатат Имам многу слики,но неможам да издрвојам некоја убава...
Дак фејс Се шегувам...никогаш не сум се сликала со дакфејс. Имам најчесто вакви пози: А вакви сакам да се сликам:
Никогаш до сега не сум се сликала со напрчена уста или пак да сум испраќала бакнежи. До пред 2 години се немав насмеано на слика. Имав можеби 3-4 слики во 16 години каде се смеам. На сите останатие бев сериозна или пак сериозна со крената веѓа. Сега човек не може да ми ја затвори устата.
Ај за позата во ред, ама и сликарот треба да знае да фати добар агол. Јас не познавам некој што добро сликува, ќе си се наместам и кога гледам на сликата не е доловено тоа што сум го истакнала. Секогаш застанувам нормално, исправено, не си играм со устата, главата, телото, туку како човек сакам да излезам на сликата, ама џабе е. Спротивно на тоа јас вадам прекрасни слики, за воодушевување се.