Сон ми е вака да се сликам инаку фотогенична сум и секогаш се сликам во различни пози. Многу добар фотограф сум и секогаш сликите што ги сликам,се филмски Да ве прашам женски,пред некој ден кај баба ми најдов стари апарати за сликање но не сум сигурна дали работат,али нема врска прашањето ми е дали може да ставите некој пози за сликање со стар апарат(мислам некако убаво да го држам и да излезе филмско)... Бакнежи до вас
Битно да сум насмеана уво до уво, а за позата како ќе ми дојде. Претпрочитам некоја луда поза отколку да се местам
Би сакала вака да се сликам : А моите пози-стандард како и во предходните постови што ги имаат ставено,да не се повторувам
Кравче, ова сигурно е најновата поза, cowface 2013 edition. И строго со црвен кармин, нели? Јас ... пози за сликање не знам, не разликувам. Секогаш сум една те иста на слики - ретко сум сериозна, секогаш се смеам со заби како што се вели де - едноставно, така ми доаѓа природно. Ниту се местам во некоја специјална поза, ниту ништо. Ретко се сликам цела, повеќе преферирам „да си играм“ со лицето. И мислам дека јас најдобро си се познавам, т.е. знам од кој агол да се „фатам“ за да излезе ок слика. Понекогаш можеш да ја имаш и најмутавата поза, ама ако е фатено од вистинскиот агол, сликата би била полн погодок, така што, би рекла дека повеќе зависи од оној во чии раце е апаратот него ли од позата, иако вистина е дека со одредени пози се прикриваат или откриваат недостатоци/предности. Ете на пример со дакфејс ... се кријат грдите лица. Па и намачкани со пет-шеснаесет слоја кармин, сјај или било што ... суперишка.