Позлатената ера (The Gilded age) [HBO]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од tace73, 21 февруари 2022.

  1. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.397
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Новата историска драма, создадена од креаторот на Downton Abbey. Овојпат дејствието е во Њу Јорк, кон крајот на 19 век. „Новите“ пари не се добредојдени во американското високо друштво. Семејството Расел на различни начини се обидува да се вклучи во него, но ќе видиме што ќе направат.
    Гледав 2 епизоди. Не е лошо, но не ми е Downton Abbey. Некако ликовите таму ми беа поразработени, повеќе чуства како да успеаја да пренесат. Уште првиот пат кога се видоа Леди Мери и Метју „летаа“ искри. И колку ги сакав закачките на Леди Доваџер и леди Изабел и ред други работи. Овде некако како истите клишеа да ми се повторуваат.
    Некој од вас гледаше, што мислите?
     
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.507
    Пол:
    Женски
    Се зачудив дека никој нема коментирано за серијава. Скоро ја започнав, сѐ уште сум на почеток но можам да кажам дека е ветувачка.
    Плус, има само една сезона со 9 епизоди засега, не би одземала многу време.
    Downtown Abbey за споредба за мене беше со побавно темпо а The Guilded Age, е подинамична, малку повеќе драматична, што лично мене повеќе ми се допаѓа.

    Архитектурата, модата, естетиката се :inlove: и содржината е сосем добра од тоа што изгледав.
    Исто прочитав дека и втора сезона се снима.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.397
    Пол:
    Женски
    Темата ја отворив после гледани 2 епизоди. Како гледав понатаму, стана поинтересно. Иако некои ситуации се предвидливи и се повторуваат слични приказни како и во Downtown Abbey, сепак ми се допаѓа што може да се види архитектурата од тоа време, внатрешното уредување, костимите, накитот, снобизмот, обичаите...
    Берта и Џорџ ми се симпатични, посебно Берта. Никој не може да ја одврати од тоа што си го зацртала, посебно за Гледис :). Иако и таа поприма снобовски карактеристики, посебно кога се работеше за готвачот :)
    Мериен ми е симпатична и мила, иако одвреме навреме ја прават премногу наивна:
    Ситуацијата со одењето кај Пеги дома и носењето износени чевли ми беше непотребна. Очекував дека ќе и се случи тоа со Том Рејкс. А се некако мислам дека а и навивам да ја спојат со Лери Расел.
    Неговава улога малку ми е чудна и бледа. Очекував дека ќе се случи тоа што се случи, дека ќе ја „замени“ за некоја наследничка. Сепак, многу чудно го направи тоа, барем според мене.
    Оскар ми е одвратен, можеле да изберат некој посимпатичен глумец :)
    Кристин Барански ми е одлична како и секогаш и ми е ептен погодена за оваа улога. Синтија Никсон ми е побледа во глумењето во однос на неа, иако пак нејзиниот карактер е „помек“ и е како мост меѓу Агнес и Мериен!

    Со нетрпение ја чекам втората сезона.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    81.922
    Пол:
    Женски
    Навистина никој не ја гледа серијава? Баш е добра, до пола сум и мене засега ми се допаѓа, добро се развива дејствието.

    Почетокот ми беше малку утепан, во смисол, доста монотон и не бев сигурна дали сакам да продолжам да гледам понатака, но секоја следна епизода ми е сè подобра и подобра. Актерската екипа е одлична, се надевам деновиве ќе имам повеќе време за да ја изгледам до крај, вака кога ми се цепкаат сериите ми е ептен безвеза.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.307
    Допаѓања:
    68.041
    Пол:
    Женски
    Нова сезона излезе, ја гледаш?
    Јас втората сезона ја гледам, ама не знам како луѓево толку ги сакаат Расел. Мене ми се одвратни, посебно господинот, без скрупули никакви. Споричка е малку, ништо посебно не се случува, ама интересен е периодот кој го опфаќа. И кастингот е совршен.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    81.922
    Пол:
    Женски
    Не, ми стана досадна и ја баталив после прва сезона.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MrsBrown

    MrsBrown Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Фантастична серија, сега прочитав дека ликот на Гледис е базиран врз животот на Консуело Вандербилт и нејзиното богато и влијателно семејство