1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позлатената ера (The Gilded age) [HBO]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од tace73, 21 февруари 2022.

  1. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Новата историска драма, создадена од креаторот на Downton Abbey. Овојпат дејствието е во Њу Јорк, кон крајот на 19 век. „Новите“ пари не се добредојдени во американското високо друштво. Семејството Расел на различни начини се обидува да се вклучи во него, но ќе видиме што ќе направат.
    Гледав 2 епизоди. Не е лошо, но не ми е Downton Abbey. Некако ликовите таму ми беа поразработени, повеќе чуства како да успеаја да пренесат. Уште првиот пат кога се видоа Леди Мери и Метју „летаа“ искри. И колку ги сакав закачките на Леди Доваџер и леди Изабел и ред други работи. Овде некако како истите клишеа да ми се повторуваат.
    Некој од вас гледаше, што мислите?
     
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Се зачудив дека никој нема коментирано за серијава. Скоро ја започнав, сѐ уште сум на почеток но можам да кажам дека е ветувачка.
    Плус, има само една сезона со 9 епизоди засега, не би одземала многу време.
    Downtown Abbey за споредба за мене беше со побавно темпо а The Guilded Age, е подинамична, малку повеќе драматична, што лично мене повеќе ми се допаѓа.

    Архитектурата, модата, естетиката се :inlove: и содржината е сосем добра од тоа што изгледав.
    Исто прочитав дека и втора сезона се снима.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Темата ја отворив после гледани 2 епизоди. Како гледав понатаму, стана поинтересно. Иако некои ситуации се предвидливи и се повторуваат слични приказни како и во Downtown Abbey, сепак ми се допаѓа што може да се види архитектурата од тоа време, внатрешното уредување, костимите, накитот, снобизмот, обичаите...
    Берта и Џорџ ми се симпатични, посебно Берта. Никој не може да ја одврати од тоа што си го зацртала, посебно за Гледис :). Иако и таа поприма снобовски карактеристики, посебно кога се работеше за готвачот :)
    Мериен ми е симпатична и мила, иако одвреме навреме ја прават премногу наивна:
    Ситуацијата со одењето кај Пеги дома и носењето износени чевли ми беше непотребна. Очекував дека ќе и се случи тоа со Том Рејкс. А се некако мислам дека а и навивам да ја спојат со Лери Расел.
    Неговава улога малку ми е чудна и бледа. Очекував дека ќе се случи тоа што се случи, дека ќе ја „замени“ за некоја наследничка. Сепак, многу чудно го направи тоа, барем според мене.
    Оскар ми е одвратен, можеле да изберат некој посимпатичен глумец :)
    Кристин Барански ми е одлична како и секогаш и ми е ептен погодена за оваа улога. Синтија Никсон ми е побледа во глумењето во однос на неа, иако пак нејзиниот карактер е „помек“ и е како мост меѓу Агнес и Мериен!

    Со нетрпение ја чекам втората сезона.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.150
    Допаѓања:
    81.656
    Пол:
    Женски
    Навистина никој не ја гледа серијава? Баш е добра, до пола сум и мене засега ми се допаѓа, добро се развива дејствието.

    Почетокот ми беше малку утепан, во смисол, доста монотон и не бев сигурна дали сакам да продолжам да гледам понатака, но секоја следна епизода ми е сè подобра и подобра. Актерската екипа е одлична, се надевам деновиве ќе имам повеќе време за да ја изгледам до крај, вака кога ми се цепкаат сериите ми е ептен безвеза.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.