1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Познати жени во историјата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Chokoholic25, 5 март 2015.

  1. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    1.441
    Пол:
    Женски
    Уште во древната човечка цивилизација жената била од голема помош во човечката еволуција.Воедно таа го открила градинарството без коешто неможе да се живее долго и здраво.
    Има многу значајни жени кои што се и некои национални херои како на пример Јованка Орлеанка и многуте крaлици.
    Кои хероини ви се фаворити можете да пишете тука и да ни објасните нешто повеќе за нив и нивните дела.
     
    На Bitter-Sweet и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    Сафо, Будика и Ема Голдман.
     
  3. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    1.441
    Пол:
    Женски
    Клеопатра, припадничка на македонската династија Птоломеиди.
    [​IMG]
    Клеопатра и Антониј се самоубиле таа го направила тоа користејќи отров од змија и се отровила на 12 Август, 30 п.н.е.. Синот на Клеопатра со Цезар бил погубен, а другите 3 деца со Антониј биле одведени кај жената на Антониј, Октавија. Често се вели дека Клеопатра користела асп за нејзиното самоубиство. Тоа се однесува на отров од различни змии, но првенствено од египетска кобра. Постои и друга теорија која вели дека Клеопатра не се самоубила туку била убиена од Октавијан, но ова не било толку веродостојно.
    Смртта на Клеопатра го означила крајот на Египетската монархија. Римските владетели дошле во Египет да владеат со него. Птоломеидите биле Македонци во суштина, но тие владееле како Египјани, фараони. Клеопатра била последниот фараон на Египет. Нејзината посветеност на државата била огромна,Плутарх запишал дека мајчин јазик на Клеопатра бил "македонскиот јазик
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.952
    Мајка Тереза
    mkd-94366.jpg
    Mајка Тереза, како ретко која друга личност, стои како претставник на вечната љубов кон ближниот. Во Калкута се грижеше за најсиромашните од сиромашните, за оние што беа кратко пред смрт и болните од лепра. Почитувана е од безброј луѓе во целиот свет, при што многумина во неа гледаат модерен светец: "The Saint of the Gutters". Нејзиното залагање за човековото достоинство беше одликувано со Нобеловата награда за мир во 1979 год., но исто така и нејзината радикална критика на секаков вид на абортус направи да биде оспорена. Орденот формиран од нејзина страна „Мисионерки на љубовта кон ближниот“ денес е активен во голем број земји во светот.

    Мудри мисли на Мајка Тереза

    * Верувај во малите нешта, бидејќи токму во нив лежи твојата сила.
    * Љубовта започнува од домот, и не е важно колку правиме, туку колку љубов внесуваме во она што го правиме.
    * Искреноста и отвореноста те прават повредлив, сепак биди искрен и отворен.
    * Шири ја љубовта секаде каде што одиш. Кога некој ќе дојде кај тебе, нека си замине посреќен отколку што дошол.
    * Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ, сепак гради.
    * Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка
    * Никогаш нема да бидеме свесни за тоа колку добри нешта може да направи една обична насмевка.
    * Луѓето се неразумни, нелогични и свртени кон себеси, сепак сакај ги.
    * Ако си ја пронајдеш среќата, луѓето може да ти позавидат, сепак биди среќен.
     
    На Peperutce1115, Lolo5, angelche16 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Клеопатра,Мајка Тереза,Принцеза Дијана,Маргарет Тачер
     
  6. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    Хурем Султан :) Вечна инспирација.
     
    На mssuniquee, Lolo5, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Хатшепсут првата жена владетел и фараон во древниот Египет,додека Нефретити и ден денес е симбол на безвременската убавина(жена на фараонот Тутанкамон).

    Олимпија мајката на Александар Македонски.

    Царицата Теодора жена на Византискиот Император Јустинијан 1, од историските извори се знае дека не поседувала надворешна убавина но,пленела со својата интелегенција и духовитост.

    Ана Комнена принцеза на Византискиот двор и една од најобрзазованите луѓе во тоа време особено во математиката и другите науки.

    Еленор Аквитанска првата жена во средновековна Европа која успеала да ги оствари своите политички амбиции освен ум поседувала и исклучителен шарм и убавина.Ја нарекуваат уште и Кралицата Волчица.

    Симон де Бовоар француска писателка и активист за правата на жените.
     
    На Peperutce1115, carangigia, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    1.441
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Lolo5 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Марија Кири

    [​IMG]




    Марија Склодовска – Кири (7 ноември 1867 - 4 јули 1934) била полско-француски физичар и хемичар. Таа е пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува првиот двократен добитник на Нобелова награда (единствена жена) и единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката – физика и хемија. Таа, исто така, е првата жена што била поканета да предава на Универзитетот Сорбона во Париз. Родена е во Варшава, на возраст од 24 години се преселува во Франција да студира природни науки во Париз. Таму ги добива сите свои универзитетски дипломи и ја развива својата научна кариера, со што станува натурализиран граѓанин на Франција. Основач е на институтите „Кири“ во Париз и во Варшава.
    На „Сорбона“ го запознала, а подоцна и се омажила за Пјер Кири. Заедно ги проучувале радиоактивните материјали, особено минералот уранинит, кој имал необично својство да биде порадиоактивен од ураниумот што се добивал од него. На 26 декември, Марија Кири го објавила постоењето на нова супстанца. По неколкугодишна непрекината работа, рафинирале неколку тони од минералот, изолирајќи, на тој начин, радиум хлорид како и два нови хемиски елементи. Првиот го нарекле полониум, во чест на родната земја на Марија, а другиот радиум, поради интензивната радиоактивност.
    Заедно со Пјер Кири и Анри Бекерел, ја добила Нобеловата награда за физика во 1903 година, „како признание за исклучителниот придонес во нивното заедничко истражување на феноменот на радиоактивноста откриен од Проф. Анри Бекерел“. Така, таа станала првата жена добитник на Нобеловата награда. Осум години подоцна, ја добила и Нобеловата награда за хемија во 1911 година,„како признание за нејзиниот придонес за напредокот на хемијата со откривањето на елементите радиум и полониум, со изолирањето на радиумот и со проучувањето на својствата и соединенијата на овој значаен хемиски елемент“.
    Причина за нејзината смрт во 1934 година била апластична анемија (слабокрвност), како последица од прекумерното озрачување во текот на нејзината работа, во период кога за штетните ефекти од радијацијата не се знаело доволно. Имено, често пати, по џебовите носела стаклени садови полни со радиоактивни изотопи, а знаела да зборува и за „прекрасната синозелена светлина што ја оддавале металите во мрак“.
    Помладата ќерка, Ева, ја напишала и објавила биографијата на својата мајка, под наслов „Мадам Кири“.
     
    На Peperutce1115, Lolo5, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Eva Peron.
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    првата жена во вселената...Валентина Терешкова...
    [​IMG]
     
    На Peperutce1115, Lolo5, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  12. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Папата Јована(иако се тврди дека е легенда НЕ Е)
    [​IMG]
     
    На Peperutce1115, Lolo5, Chokoholic25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Најмногу ми остави впечаток Мајка Тереза, голема душа и хумана жена :l::l:
     
    На Lolo5, Chokoholic25 и vichy им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Екатерина Велика руска царица со германско потекло која управувала со огромната руска империја во 18ти век IMG_4968.PNG
    Била сопруга на царот Петар од династија Романови. Откако починал нејзиниот сопруг под сомнителни околности, набрзо била прогласена за царица на цела Русија. Успеала да ја модернизира земјата, ги проширила границите на Русија, извоила победа во војната против турците каде на страната на руската војска загинале само 30 војници. Позната е по бурниот љубовен живот како и многубројните љубовни партнери. Го изградила Ермитаж еден од најубавите и најголемите музеи во светот. Во нејзино време изложени биле мал број на уметнички дела, рекла дека само глувците и сама таа и се восхитуваат на оваа градба, но денес музејот е дом на огромен број уметнички дела од најпознати уметници. Напорно работела и безрезервно и служела на земјата во текот на целиот нејзин живот. Некои историчари сметаат дека била поголема владателка дури и од Петар Велики.
     
    На Peperutce1115, Lolo5, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kosem

    Kosem Активен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Како голем страственик и обожавател на историјата баш ми е драго што наидов на ваква тема. Особено за женските значајни фигури кои тоа што се родиле како понежен пол не ги спречило да остават трага и да бидат запаметени. Факт е дека жените низ историјата биле многу подобри владетели од мажите и тоа ме воодушевува..
    Ќе ги издвојам моите најомилени фигури кои отсекогаш ме фасцинирале и интригирале и понекогаш се прашувам дури како е возможно овие величенствени жени да се реални.. :clap::bow:

    Кралицата Клеопатра - веќе сте напишале за неа нема да додавам ништо.
    Една од најимпозантните историски фигури кои сум ги сретнала и со која сум буквално „опседната“. Вечно вљубена во нејзиниот маестрален ум, вешт дипломат, владетелка и љубовница. Со еден збор жена каква нема да се роди во човештството никогаш повеќе.


    Елена Тројанска -
    [​IMG]

    Мит или вистина, јас сепак верувам дека Елена постоела, од крв и месо и била и е една од нај интригантните жени во историјата и ден денес.
    Најубвата жена на сите времиња. Родена како спартанска принцеза, ќерка на кралот Тендариј и кралицата Леда. Според митот таа била всушност ќерка на богот Зевс кој во облик на лебед ја обљубил кралицата Леда.
    Елена била омажена за кралот на Микена - Менелај. Според приказната на Хомер, по раката на Елена дошле стотици кралеви и принцови од ширум светот и поради тоа што настанала кавга помеѓу додворувачите било одлучено да се фрла ждреб, најсреќниот од нив бил токму кралот на Микена - Менелај кој го добил правото да се ожени за неа.
    На една дипломатска вечера од далечната Троја во Микена пристигнал Тројанскиот принц Парис кој дошол да направи примирје помеѓу двете кралства, но кога ја видел Елена се вљубил во неа во истиот миг а и таа во него.
    Според митот Елена всушност му била подарок на Парис од божицата Афродита која му ветила дека ќе му ја дари најубавата жена на светот ако избери која од трите божици Хера, Атина и Афродита била најубава. Парис ја избрал Афродита и така го добил правото на Елена, според другата верзија Парис ја киднапирал Елена додека бил на дипломатска вечера а Кралот Менелај бил на Крит.
    Тука настанува познатата Тројанска војна. Кралот Менелај заедно со неговиот брат храбриот и бестрашен Агамемнон тргнале со неколку илјади бродови да ја вратат Елена во Спарта.
    Војната се водела повеќе од 10 години пред портите на Троја. Тогаш било одлучено принцот Парис и кралот Менелај да излезат на мегдан и оној кој ќе победи ќе ја однеси Елена како своја невеста со цел да се стави крал на долгогодишното крвопролевање.
    Во двобојот принцот Парис бил убиен а Троја била запалена до темел откако спартанците успеале да влезат во внатрешноста на градот сокривајќи се во огромна дрвена статуа од коњ која ја поставиле пред портите на градот, а тројанскиот Крал Пријам тоа го сфатил како знак дека боговите се смилувале и Спартанците си отишле па одлучил да го внесе внатре. Ноќта Спартанските војници го запалиле градот до темел а кралот Пријам и неговите два сина принцовите Парис и Хектор биле убиени.
    Кога војната завршила Менелај првично сакал да ја убие Елена за неверството но кога ја видел тој не можел да одолее на нејзината убавина па и простил и ја поведол со себе назад во Спарта.
    Според некои историчари таа остатокот од својот живот го поминала на некој од островите Родос или Миконос заедно со крслот Менелај кој богот Зевс го направил бесмртен и ја добиле ќерката Хермиона.

    Махпејкер Косем Султана -
    [​IMG]
    Првата жена во историјата на Османлиското царство која владеела самостојно со империјата 50 години. Родена е како Анастасија на островот Тинос - Грција, на 15 години била доведена како робинка во харемот на султанот Ахмед I. Во харемот го превзела исламот и го добила името Махпејкер што во превод значи „лице како месечина“, а подоцна султанот и го дал името Косем што значи „водач“, - „онаа која ги води сите.“
    Набргу станала негова омилена хасеки и венчана жена. Се смета дека му родила 8 деца.
    По смртта на нејзиниот сопруг, на престолот дошол малолетниот син на Косем - Мурад што таа го добила правото да владее со империјата се до неговото полнолество. Таа била првата жена султанка која седела лично на Диванот - состаноците кои султанот ги одржувал со неговите генерали - Паши, што дотогаш било забрането за харемските жени да имаат било каков контакт со други мажи.
    Таа била првата жена султанка во историјата која добила поддршка од османлиската војска - Јаничарите, за кои е познато дека се едни од најсуровите војници кои биле екстремно тешко контролирани и неретко ги убивале дури своите команданти кралеви-султани, како што се случило со најстариот син на султанот Ахмед - султанот Осман кој бил убиен од нивна страна по наредба на Косем..
    Се смета дека Косем го наредила убивството на својот син султанот Мурад кога тој го превзел водството на империјата во свои раце а неа ја остранил од регентската должност што означувало крај на нејзиното владеење.
    По смртта на Мурад, на власт дошол нејзиниот најмлад син султанот Ибрахим I кој бил душевно болен, а тоа и овозможило на Косем да ја поврати својата власт над империјата и повторно да владее со неа самостојно. По неколку годишно владеење на новиот султан кој направил грозоморни дела, Косем го наредила убиството и на својот втор син.
    По смртта на султанот Ибрахим, Косем го поставила на престолот неговиот малолетниот син, нејзиниот внук Мехмед IV. Тука Косем повторно се прогласува себеси за самостоен регент-владетел на царството и управува со него 3 години се до нејзината смрт кога мајката на султанот Мехмед IV - Турхан Султан одлучила да го превземи местото на кралица мајка. Таа го наредила убиството на Косем која била задавена со сопствената коса од харемскиот ага - црниот евнух.
    Косем Султан можеби е запаметена како нај свирепата султанка во историјата но исто така била една од најголемите хуманисти, таа изградила неколку свои здруженија за згрижување на жени и деца сираци.. Им пружила домови и образование.
    Косем е една од нај вештите дипломати и кралици, и првата жена која од роб станала владетел.


    Персиската кралица Естер -
    [​IMG]
    Според еврејската библија таа била еврејка и била родена како Хадасах, останала сирак на млада возраст а живеела во прогонство во Персија и била омажена за Персискиот крал Ксеркс I.
    Според приказната, една вечер кралот Ксеркс имал организирано богата вечера, познат по својата љубов кон виното, во текот на пијанството и наредил на својата жена кралицата Вашти да му се придружи на гозбата така што останатите гости ќе ја видат нејзината убавина.. Кралицата Вашти ја одбила неговата наредба со изговор дека не сака да слуша наредби од пијаниот крал.
    Кралот Ксеркс во согласност со своите советници одлучил дека на еден крал му доликува сопруга која ќе се потчинува на неговите наредби па набргу ја протерал Вашти од палатата и објавил вест дека бара нова сопруга која ќе стане негова кралица.
    Кралските помошници ги собрале најубавите жени од целиот град во кралскиот харем а помеѓу нив била и Естер.
    Набргу била организирана кралска гозба каде присуствувале сите жени од харемот а кралот требал да избере една од нив. Естер веднаш му во привлекла вниманието на кралот со својата убавина, мудрост и грациозност, но таа со денови криела дека е еврејка поради тоа што во тоа време постоеле сомнежи во кралството дека евреите планирале убиство на кралот.
    Естер станала негова законска жена, таа успеала да го наговори кралот да го поштеди нејзиниот народ од смрт. Таа успеала да спаси многу животи, ја освоила и довербата на Кралот Ксеркс кој се консултирал со неа за сите дипломатски прашања. Естер е позната фигура низ историјата како една од нај првите феминистки и хуманисти.
     
    Последна измена: 9 јануари 2017
    На daylight, Peperutce1115, Lolo5 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Марија Антонета
     
  17. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Денес во учебниците по биологија учиме дека Вотсон и Крик успеале да ја откријат структурата на ДНК, затоа што тие биле вклучени во земањето Нобелова награда за откритието. Но, во нивниот тим била и Розалинд Франклин и значително придонела во откритието, иако нејзиното име ретко се спомнува.
    #Herstory

    [​IMG]
     
    На Peperutce1115, Lolo5 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.404
    Пол:
    Женски
    Ана Франк (1929-1945). Не била уште жена туку девојче, но сепак значајна за историјата. Таа била германско девојче со еврејско потекло која што светска слава стекнала благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна. Од нејзините дневници можеме да ја согледаме ужасната состојба од нацистичкото владеење и колку чисто срце имало ова девојче. Ана починала од тифус во концентрациониот логор седум месеци по нејзиното апсење, но нејзиниот татко останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот.
     
    На Peperutce1115, Lolo5, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Евелин Де Морган - англиска сликарка од втората половина на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век.

    Мене ми се допаѓаат нејзините дела. Патување низ историјата и митологијата преку претстави на жени.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Chokoholic25, LivingGlam и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Женски
    51Kzw5J9XjL._SX349_BO1,204,203,200_.jpg
     
    На Chokoholic25 и SeaMermaid им се допаѓа ова.