1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Познати жени во историјата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Chokoholic25, 5 март 2015.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    [​IMG]


    Људмила Михајиловна Павличенко
    (украински: Людмила Михайлівна Павличенко; руски: Людмила Михайловна Павличенко; 12 јули 1916 – 10 октомври 1974) — советски снајперист во текот на Втората светска војна. Кредитирана со 309 убивства, а се проценува дека со некредитираните бројот е близу до 500, таа се смета за најуспешната снајперистка во историјата.[1][2]

    https://mk.wikipedia.org/wiki/Људмила_Павличенко
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Всушност и не е толку позната во глобала, заслужува да биде многу повеќе.

    Хипатија (~350-415 год.) - антички филозоф, математичар, астроном. Ќерка на математичар и филозоф кој ја охрабрувал уште од мала да се посвети на образувањето и науката, а таа не се потпирала целосно на неговото учење, туку за сè што ја интересира да го научи наоѓала свој начин. Се смета за првата жена математичар, а била заинтересирана и за астрономијата, па конструирала антички алатки за набљудување и мерење на небесните тела.

    Во филозофијата е претставник на неоплатонизмот. Имала голем ораторски талент за едноставно интерпретирање на филозофските концепти, па многу луѓе биле обземени и воодушевени од нејзината појава и говори, и така станала многу успешна низ Александрија. Го посветила цел живот на науката, без да стапи во брак или да има деца.

    По религија била паган во време на пораст на христијанството, но и покрај тоа била почитувана и од христијани. Сепак, по смената во врвот на патријаршијата, работите се смениле на полошо и станала „закана“ за ширењето на христијанството и интересите на свештенството. Секако, како и многу жени низ години подоцна низ историјата, била обвинета за вештерство и извршување сатанистички обреди.

    Во 415 год. банда од фанатични христијани следбеници на бискупот Кирил Александриски ја нападнале Хипатија, ја измачувале и брутално ја убиле.
    Истиот бискуп е понатаму прогласен и сè уште важи за светец во христијанството. А Хипатија се смета за маченик за филозофијата и останува инспирација и херој за науката, феминизмот и секуларизмот.

    Еве и видео за нејзината приказна од една прекрасна јутјуберка :)

     
    Последна измена: 31 јули 2019
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.