Никогаш не сум поигрувала со ничиви чувства . Секогаш сум била искрена со некој што ми се отворил . Не сум тип што дава лажна надеж на другиот . Од друга страна пак , сум била изиграна и повредена . Баш затоа не сакам да ги изигрувам чувствата на луѓето . Знам какво е чувството да си изигран и повреден и колку боли кога ќе дојдеш до крајот на тунелот . Секако , она што ми се случи го надминав , имаше плачки и се , но мило ми е што научив добра лекција - не верувај премногу на луѓето , не сите се добри и искрени .
Искренот сакам но и давам. А такви обиколку со зорови вака така - НЕ. Тоа е болна работа поигрувања со чувства. Се се враќа во секој случај,
Е баш така не сите искрени и добронамерни, секакви не има.. и јас викам не верувај на никој, ама пак тоа е посилно од мене. Нема полошо од тоа да си играш со нечии чувства
Дозволуваме секој да управува и да си игра со нашите чувства, а ние само слепо веруваме и не сме свесни што навистина се случува. Кога ќе сфатиме дека сме веќе изиграни, болката, тагата и разочараноста се неизмерни. Но тоа лошо и болно искуство само треба да не научи дека ние сме тие самите што треба да си ги контролираме чувствата. Дека не треба да веруваме во се и сешто за да не бидеме повторно повредени.
Се повлекувам. Нема што 'да му покажувам'. Непотребно трошење енергија и време. Сака-сака, не сака-не сака. Толку. Мажи има, колку ти душа сака... ехее..