Diavola pizza - во Италија ( можам да кажам дека пиците не им се нешто посебно) (Кај што имаше MC секаде морав сладолед да пробам, ептен ми фали) капучино
Пилешко кари во Бруклин, Сити мол. Пилешкото онака, добро. Прилогот катастрофа, компирчињата се многу суви и тврди, оризот е неубаво сварен, несолен, никаков шмек нема. Јас предлагам идеја со секоја слика освен името на локалот и јадењето да пишеме и по некој збор како ни се допаднало, колку било вкусно и сл.
Дечко ми се согласи да ми ги пушти сите слики од места на кои имаме одено зошто редовно заборава и одолговлекува да ми ги пушти. Е сега некои што знам дека се на инста ги имам ставено, други кои мислам дека не се ставени ќе ги ставам и се надевам дека не се повторувам со одредени. Паб Бурбон, Битола Клуб сендвичот, предпоследна слика, со кашкавал од горе е, ако не се лажам од мезе бар 102, Битола. А последната слика е еден вид на салата со павлака, во Верона, Битола.
Новото под Вип во Битола. Не знам како се вика и не верувам да одам повторно во блиска иднина да видам.