Ова е во 24, се наоѓа во автобуската во Битола. Ефтинко и многу пријатно и тивко место. И под ефтинко мислам најефтино кое можи да го најдите во градот, убедливо. Ако сакате и ценовникот на памет го знам горе долу, ама само ќе кажам дека турското, кое е многу вкусно е 20 денари, а ова капучино кое го гледате е не повеќе од 50 денари, сокот кој јас го пијам ти дава шишенце пол кило за 40 денари. Ако еве некогаш се думате каде да одите дур чекате дал било автобус или кога не сте при пари што се случува кај сите, 24 е одговорот. За Бурбон Паб имам само пофални зборови, така и омлетов. Не беше солен по мој вкус, но сол секогаш се додава. Исто така и пилешко во кари имам слика само ... никако неможев убаво да го сликнам да личи на нешто и изгледа како шлапнат жолт сос во чинија, ама е превкусно. Повкусно нешто не знам дали имам пробано. Друго се што земам месецов е нешто што веќе имам земано претходно па неможам да ставам слика. Така да некој следен пат повеќе.
Салата со пилешко, микс од семиња, спанаќ, брокула, манго дресинг и фета (во мојот случај има варени компирчиња наместо фета, им реков да не ми ставаат зашто не јадам). Сквиз Ми.
Пилешко во фурна (со печурки, павлака, кашкавал) во Версус, Струга. Многу вкусно, не штедат на состојќи и имаат брза услуга. Амбиентот 10ка!
Полнет пилешки стек,кашкавал се тегне до влезната врата на локалот Убавина од погодено турско кафе Негорски Бањи