Следен пат ама и со тебе на кафе. Преубава е Гевгелија,мирно градче со питоми луѓе и зеленило,палми,цвеќиња насекаде
McDonald's, Белград. Кул е што може да ти го направат бургерот и без плескавицата, а воедно и ти кратат од цената. Скроз добра пекара, Белград. Колачов ќе беше поубав да беше тазе. Ресторан Снежана, Белград. Приметив дека во Белград, пиците ги прават со млечен кашкавал и со тоа пицата добива сосема поинаков шмек, за разлика од пицата со моцарела, која не дава некој специфичен вкус. Ресторан Via del Gusto, Белград. Мислам дека ова беше најубавата пица што некогаш сум ја јадел. Исто така приметив дека повеќе се трудат околу вегетаријанските пици, за разлика од кај нас, што чувствувам дека некогаш ставаат тоа што ќе најдат од зеленчук, без разлика што пишува на менито.