Тренд. Нарачав Фервекс, што е свежо цеден сок, ама ко што можете да забележите ова не е сок, туку смути, а и на сметката пишуваше Ресет, што најверојатно е некое смути. Како и да е, превкусно беше.
Околу саат и 20 мин се на се чекавме за главното јадење кое патем дојде во две тури..прво рибата и по 20мин скарата.. Да не знае човек дали да јаде или да чека да го донесат другото јадење.. За салатата и ракијата 20мин, за втората ракија ококу 10-12 мин.. Само сметката дојде најбрзо..за околу 9-10мин
Мене последниот пат лутите пиперки ми ги донесоа со десертот . Ги заборавиле со ручекот . Важно беше да се донесат . И да се наплатат!!
Гостилница "Кај Мече" Охрид. Најубав поглед има на Охридското езеро дефинитивно А и храната не е лоша, малку услугата им заостанува но се на се добро беше.