Baconburger од Pax Homemade Burgers во Космос -Солун. П.С Мисија ми е да им ги пробам сите бургери од местово бидејки се многу убави особено со сосот од брусница што го ставаат,така да секое идење во Космос бургерче од тука ми е на дневен ред.
Во ресторант Боко во Гевгелија. Многу убава атмосфера и прекрасана храна.Го препорачувам, нема да згрешете ако идете таму. Доста често одам таму со моите ама не ми иде да ставам слики оти ги има на мајка ми на фејсот.
Пилешки прсти и похован кромид во Бела Виста на кеј, чисто да видите колкава е порцијата, а кошта околу 300 денари (сепак не ме фаќајте за збор, од лани ми е сликава).