Имам цел фолдер слики од јадења и пива по локали и некогаш кога нема да сум мрза ќе објавам. Ама сега сакам да пофалам новиот кафич "Central", на плоштад. Прво, глетката е најбитолска шо можи. Второ, има премногу пријателски насочени вработени или можи само келнерката беше срце. Трето, има одличен избор на кафе и реално ефтинки коктели и доволен избор на нив. Четврто, кафево сега шо го пробав (еспресо- бејлис) е оргазмично. Као, вкус му е 5/5, изглед 5/5, позадина во склоп со чаша за слика 5/5. Кога не висам Бурбон, ова место ќе ми е замена.