Свински ражнич во фурна, одозгора со кашкавал и кајмак, а долу под ражничот има пекарски компир. Секое едно јадење во кафаната е 10/10, буквално.
Во последно време само Hummus & Veggies од BurgerSlut нарачувам. Превкусен е сендвичот, лепчето секогаш тазе, помфритот(го немам на слика) исто така секогаш крцкав. Одлични се! Пицава ја нарачуваше сестра ми и мислам дека местото МојаПица се вика. Не е најубавата посна пица што сум ја пробал, ама не беше ни лоша. Мислам дека не ни имаа посна пица во мени, ама се потрудија да склопат нешто, што е плус за мене.
Baking bread ги имаат најдобрите бургери во Скопје, од вчера на менито имаат и два нови бургери, едвај чекам да одам и да ги пробам и тие..