Од Божиќните празници, кога чашките беа поинтересни од оние сега. Барем чашките ме радуваа, кафето е преценето.
Се извинувам за офтопик, ама ова сигурно е во Прилеп. Само таму кечапот и мајонезот ги ставаат врз тостот. Порачав тост и кога ми го дадоа на едно хартиено чинивче и врз него кечапот и мајонезот- ваква бев . Оти така правите море чоек? Тотално непрактично за јадење. Инаку браво за темата, навистина беше потребна. Јас немам навика да сликам јадења надвор, прво поради тоа што најчесто воопшто не ми текнува на тоа, второ бидејќи сакам да го пробам порачаното штом ми го донесат, и трето поради тоа што не сакам да го правам тоа што ми смета кај другите- местење на чинијата 5минути додека да се слика, па потоа уште 10тина минути за едитирање... . Ама ете, убаво ми е кога ги гледам вашите слики.