Самерке, моето е Рафаело а ова другото е кафе со вкус на карамела. Местото многу ми го фалеа и откако го пробав пред некој ден се заљубив. Кафулето се вика Kaimuck, се наоѓа веднаш позади хотелот Супер 8, до Мавровка, во склоп на црвената зграда е. Имаат многу богат избор на кафиња со вкусови, смудис за носење, домашни кроасани и cookies со млечно чоколадо и сите ствари се со солидна цена. Рафаелото имаше вкус на течен сладолед, мнооогу млечно, со кокос, со мраз, тон млечен шлаг и парчиња вистинско рафаело. Рај. Дечкиве не штедат воопшто на намирници, топ се! Еве ти линк од нивната фб страна. https://www.facebook.com/kaimuck/?fref=nf
Цените им се супер, пица корнетов беше 120 денари, пилешките прсти им беа 180 ден. Само на ова ми текнува.