@duffi, ау ме замисли сега. Кажувај ајде каде јадете, штом е проверено. @Winter Lady, Под Оревчето е нов, затоа може не го знаеш, инаку се наоѓа одма спроти Киси маркетот, реклама има голема над него. Рижотата на сите слики се со пармезан, мене сегде ми се различни на вкус. Во Ла Вита е покремасто, Под Оревчето е со покрупно сецкан зеленчук. Инаку и мене Ла Вита ме нервираат шо секогаш им е различна храната, од вкус, до декорација, до големина на порција... Е, често јадеме и во Бонџорно, убаво и евтино ми е. Посебно сирење под капак, за 120 ден. да се изнајадеш.
Во топ 3 ни се 1.Елизабет 2.Парк-Босилово 3.Бонџорно- баш имаат подобрување на храната Во Ла Вита бев скоро на детски роденден сама, и ми се допадна храната. После бевме со мм, заникаде. Тоа во размах од две недели да беше. Искрено десерт ваков како на Сенза горе никаде нема. Оревчето ми е во маало, им го гледав менито ,ми се допадна. Добро е Сенза?
Леле, @duffi убави десерти нигде. Јас не сакам некои класични, а одамна не сум била во Que Pasa, ме нервира услугата таму. Во Елизабет одевме и ние често, само не знам зошто имам впечаток дека се поскапи од другиве. Менито на Палачинките на капетанот, хммм... повеќе од пола од работите ги немаат. Многу убави крофни има во Bu Café , само ето го избегавам, на поздрава храна дека сум. Ова чисто за идеја некому да послужи. Оревчето е одлично, мене ми е вкусно и многу евтино. Еве пред малце јадев салата од таму, мешана за 80 ден., па повеќе од топ ми е. Едит* Во маало?! Па ние комшивки сме биле.
Абе ние 3 на исти места најмногу се движиме хахаха. Какви се тие палачинки на капетанот кај ги има ? Првпат слушам. Сега ќе побарам на фб тоа оревчето да видам какво е ако го има. На толку убави кафичи и ресторани навистина немаме модерни десерти. Во елизабет многу им ги сакам равиолите ама само со сирење и кашкавал. Другите не им ги бива. Цезар салатата ми има толку добар вкус и ситно е сецкан стекот само како е пржен и од тој зејтин ставаат и многу е мрсна. Солените стапчиња се најубави таму. Сенза Дафи сигурно те знае ама не ти се кажува да не и одиш на кафе зезам
Хахаххахахаххахахах, @duffi кажувај ако ме знаеш... Јас не те знам. @Winter Lady, најди ги, имаат ФБ страна. А, Палачинките на капетанот се тие што продаваа палачинки на отворено летото кај паркот, сега се под бивша Скала, одма скалите од Que Pasa десно.
Оние кај Хепинес. Ахахаха од кај знам дека си имаат име луѓето у темното јас не гледам кора сум ахаха. Палачинките на капетанот па се чудам што палачинки ќе беа. Каде кај Летница долу мислиш ? Тоа е лево од ке паса.
Не те знам Сенза,иако сме толку мал град. Фини се палачинките на капетанот. Да ги пробаш Винтер. Кај Госип, до Петар Пан, за гумени бонбончиња.
^^ Не, десно од Que Pasa, па слаткарата Македонија, едно за долен веш и одма Палачинките се до нив. Карши Gossip и одма под UpTown (новиот кафич на место на Скала) му доаѓа. Ете и @duffi објаснила убаво.
Да да знам. Јас лево си го сватив седејќи у ке паса и гледајки накај Бисер, Госип па лево скалите хаха. Од улица не сакам мн да јадам ама ќе пробам штом се фини. Колку да не сум премногу офф Охрид