Роденденски, од Романса, торта Нова (или бадем нескафе). Значи најубави торти имаат, каква Канела и останати. @kjukli турските чорби ми останаа во сеќавање како највкусното нешто во нивната исхрана. Добро, и парените слатки беа вкусни, ама чорбите ми се фејворит од турска кујна.
@Winter Lady затворената Голд од Парк-Босилово е далеку подобра од оваа во Хепинес. Впрочем таму во последно време се е расипано на квалитет.
Хепинес ресторан @duffi Мене многу слатка ми беше. На кои јадења мислеш дека е расипан квалитетот ? Голд пицата уште не сум ја пробала. Не сум ни одела таму 2-3 месеци
Од сам почеток не бев воодушевена таму од храната, ама во последно време ич. Од се, почнувајќи од пици, пилешко. Ништо не ми е по вкус. Со Голд се ,,предозиравме,, синоќа, па после кукавме со мажето. Ама па слатка е многу. Полнета е со каре,кашкавал, кисели краставички, домати ,габи и павлака.
Пица немам јадено одамна. Само 1-2 имам јадено и не ми беше нешто уау. Мене грнето ми е мн слатко  пилешко имам јадено со сос од бадеми убаво беше. Ќе ја пробам таа Голд ама домати несакам печени многу во пици. Оти не сликна пресек од пицата Пилешкото во кари и палачинката од Шалом добри се ?
Мислам дека некаде имав ставено слика. Од Шалом? Во споредба со Елизабет-неее. Пицата ми се допадна, добра беше. Ама пилешкото не. Палачинка просечна. Абе јас не го менувам Елизабет за ништо. Еден и единствен ми е. Ама ај да се промени нешто. Да не сме се на едно исто место.
Е тоа е мора да се промени нешто. Затоа јас се на различно место одам хх. Во Елизабет равиолите со сирење и кашкавал ми се мн слатки цезарот ама стават од зејтинот што го пржат стекот пастрмалиите и пиците пуканките и лепчето. Палачинките не многу дебели се. Палачинка од хепинес со слатко од малини или капини преубава е. Ова е со капини. Внатре има топка сладолед. Само преценета е 140 ден. Во Шалом морски плодови сакам да пробам.