Дизниленд Хит, Битола: Благото е со кафе и сок од јагода. Исто Дизниленд Хит, Битола - лимонада. Ова беше од наспроти радост coffee to go, не видов како се вика местото ама кафето му е предобро, а Богами и колачињата.
@theowndemon Абе кај ги наоѓате местава? На Широк Сокак е ова? Сто пати го имам поминато уздолж и попреку и ги немам видено кафичиве.
Ахаха, Дизниленд е релативно ново, летово отвори, ако знајш кај беше пицеријата Лео, наспроти Арт кај камен мост (ако не се лажам вака се викаше местото), не е најдобро место искрено, ама е доста ефтинко и онака релативно празно ако сакаш да си одмориш глата. А ова шо е за кафе to go, баш вчера ми кажа другар дека сега брзо отворило, се наоѓа кај сатот кога ќе стигниш покрај драгор продолжи од страна на сатот, од левата страна кај шо се наоѓа Радост, одма спроти радост на ќошот се наоѓа, порано имаше парфимерија таму. Накај дрвен пазар (да, ваквите места само од зборање ги знам) ко ќе одиш, така да ваквите имиња од пред три века, не ги земај сериозно. Е и ова заборајв да ставам од пред две вечери: Рокафана, Битола. Многу убо онака горко топло чоколадо. Ова е наспроти домот на културата шо е уличката, зад Епинал, до Грчки (мислам овај беше) конзулат. Ништо шо паѓа в очи искрено, сите се места шо треба да седниш и со мапа да ги бараш.
@Summerlover Мислам дека беше несле торта, кај фрижидерот кога стоиш од лева страна се тортите ќе ја препознаеш