Не се лоши. Не сум сигурна дека би ги зела пак зошто не се баш мој вкус. Сосот е премногу лут, многу добар, најдобриот дел од такосот. Едино не ми се допадна пиперката, доколку би зела пак би зела без пиперка, остатокот беше навистина вкусно, имаше мелено, малку сос внатре, кашкавал домат и пиперка над кашкавалот. Бурбон Стрит Паб, Битола. Ах секој следен пат што земам кафе од ова Ту-Гоу, се помалку и помалку ми се допаѓа. Убо е за на слика ама не и за пиење. Нескафето до сега му е едино убо, макијатото многу лошо, Латето е океј. Друго немам пробано ама за сите ќе си кажам. Капучино со колачиња, Ааеро Кафе, Битола. Секогаш мора да се испочитува добро кафе, прво зошто се потрудиле да го направат вкусно, второ и убо за лик. Се сеќавам кога другарка ми работеше во слаткарница, се налути еднаш зошто една жена не го сликала кафето во кој таа вложи премногу труд, па јас неќам никој да ми се лути и вака фалам наоколу. Ова слика ми ја квари вертикалноста на другите слики и зато ја скратив малку. Паб Конект, Кеобс, Битола - Нескафе. И ова е од продавница ама зошто не е добро праено, мислам дека ова е местото.
Пилешкото е испржено. После мислам дека имаат додадено неутрална павлака (хопла) кари печурки да згусти и кога е ставено во тавчето кашкавал одозгора да се растопи.
Во тој малиот скоро напуштен трговски центар спроти сити мол, на Партизанска. Кафичот гледа кон улицата што е паралелна со Партизанска