Глупа поделба. Би се налутила ако некој не ме викне така и си замислил во глава зошто јас не можам да дојдам. Безобразно е. Немам деца и не ми пречи да одам во игротека. Да не сум викната зошто немам деца тоа кажува за нив колку безобразни луѓе се.
На моето дете му е битно, блиски сме, сите ги вика тета, ги бара, си играат. Немаме деца во фамилија, само подалечни роднини, единствени другарчиња му се од градинка ама сепак да ми рече ‘што ќе правам во игротека’ ми е безвезе пошо е поканета на роденден, не е важно каде. Ај нека ми откажат сите, па ќе пречекувам дома гости уште две недели.
Нели имаше ваква слична тема со свадбите? Нејсе, мене не ми е навредливо ако некој не покани само мене и маж на настан. Побогу дете од 2 години што му значи покана за свадба или за мекици у некоја кафана. Ниту го разбира настанот ниту му е битен за да се увредам ако не го поканат. Од друга страна на нејзиниот прв и втор роденден кој што беше во игротека повеќето наши другари беа без деца (немаат деца) ама сепак ги поканивме и дојдоа и се радуваат за нејзиниот роденден. Сигурно Игротека не им е прв избор за излезат и сигурно не им било преинтересно тие 2 саати ама ете нас и нашето дете го испочитуваа. Лично никад не сум двоела кога сум канела луѓе за настан некој ама па како што кажав не ми смета ако некој не покани само нас двајца. Од друга страна па ме напиња коа форсираат за некои ситуации и она да иде, од типот слави, крштевки, свадби и сл кај што знам дека е мачење и за нејзе во тие гужви и галами и за мене да морам да трчам и да ја пазам наместо да поуживам тие неколку саати. Таква ситуација имав летоска со свадбата на сестрата на маж кај што свекрва мини удар доживеа коа и кажав дека не планирам да ја земам со нас. Па тоа беа драми невидени како детето кај родена тетка на свадба да не иде. На крај само за да се затне ја земавме, дете од година ипол се измрцвари цел ден на 200 степени сред лето по зимање невеста па цркви и други попратни курци палци, вечерта у ресторан заспа у количка умрена уште у 8 ипол и ја си отидов у 9 ипол со нејзе. Така да не секоја ситуација загрева присуство на дете и тоа ми е сосема ок во животот.
Не знам за таква тема дали има ама намената на темава ми е општа, не беше за свадби само, туку за покани на било кој настан. Дали правите вакви поделби или дали сте почувствувале самите поделба некоја и како сте се почувствувале. Се согласувам и за тоа. Денот и настанот се тие, после да чекаш и да ти доаѓаат луѓе зошто не им се одело некаде кај што има деца е исто себично како и тоа да не поканиш некој што има или нема деца. Никој нема толку време да слави некој настан како Ивкова слава и посебно да чека на кој како му текнало.
Многу глупаво двоење ,никогаш не би двоела така и секако навредена би била доколку ме двојат . Сестра ми правеше свадба и морав да ја земам бидејќи меѓудругото и во друг град беше свадбата а уште беше мала за да седи без мене. Потоа бевме на уште две свадби на братучедки на мм и тогаш беше дома зошто место да се бркам со неа сакав да си поиграм и седнам. За роденден пред да се омажам така ме одвоија бидејќи сите биле пар. Па пополека ,природно и јас си се одвоив од тоа друштво.
Јас канам и сакам да ми дојдат на денот кога се поканети, а не отпосле. Кој дојде добредојде, кој не, здравје наредна година. Не ќе славам со денови. И канам парови и со деца и без деца. Не двојам. Себично ми е ако нема некој дете да не го поканам, а се дружиме или ми е фамилија.
Глупости. Мене така да ми речат ич не треба да ми доаѓаат во иднина. Поканети се, дали ресторан, игротека, двор, треба да ме испочитуваат.
За жал ова не е случај само за родендени туку и за обично кафе. Ако пред да имам дете ми се јавувале х особи 4 пати неделно за кафе сега не ми се јавуваат ни еднаш. Најверојатно се си има у животот рок на траење па така и овие квази пријателства. Чим нејзе тоа што ти имаш дете ја спречило да те викне очигледно си барала само причина. А да ти одговорам на прашањето. Не би се навредила/лутела. Едноставно би го сватила као крај на другарството. Она е лево ти си десно на раскрсница. Едноставно не сте на исти пат веќе.
Јас пак не би се навредила. Може и биле броени луѓето, масите, па не сакала да ризикува. Искрено многупати ми имаат откажано во последните минути поради децата. Ги разбирам и родителите но а разбирам и другарка ти. Воопшто не би ми сметало да се видиме посебно без резервации и стрес.
Незгодно е да си така игнориран од досегашното друштво бидејќи имаш/немаш деца, но сепак мислам дека е разбирливо, барем за мене. Не би ми било комотно во друштво каде сите се со деца а јас не и обратно. Мнозина родители со главна тема деца, версус мнозина сингл/парови кои не се во брак со Х други теми. Ако си единствениот исклучок, не е пријатно. Сум се нашла во такви средини и реално би ми го олеснале процесот на барање изговор за кратко присуство доколку не ме поканат воопшто.
Ми се нема случено вакво нешто бидејки немам деца јас. Но доколку некој потенцира да не доаѓате на одреден настан со деца, треба да го почитувате истото. Колку пати сме гледале мали деца каде што не им е местото нит им е забавно само се влечкаат плачат прават неред, што е нормално мали деца се.. А жив пример вчера бев во ресторан, фамилијарно до нас седнаа луѓе со бебенце околу година дена, уште не влезени пиштеше до тој степен што ние другите гости не се слушавме воопшто што зборуваме, а имаше музика во живо во ресторанот.. Мислам по мое бар не личии, може да ме распните како сакате ама секој е отиден на парче рает, како и да е, родителите би требало да размислат малце повеке на темава
Епа ако секое излагање со друштво кое нема деца го тупите со муабети за вашето дете и заборавивте на друг муабет да врзите кој не е поврзан со вашите деца нормално дека ќе ве избегнуваат да ве канат на родендени ова за свадба треба со закон да се забрани присуство на мали деца тодлерчиња, мајка дотерана на штикла да се брка цело време по детето, дете трча, се пика под маси, во позадина ечи музика, зурли, тапани …. јас не можам да издржам 5-6 саати не пак мало дете
А ние свадби што правевме со сопствените мали деца требаше дома да ги оставиме? И свекрвата дома да ги чува и таман и без свекрва на раат свадбата.
Не сум мајка, ама ова ми е глупаво. Особено од роднини. И децата се дел од семејството, па навредливо е да се викнат само родителите. Кажав и во темата за свадба, има начин како некој да се справи со децата. Може да се направи договор со родителите да си ги пазат децата или да се направи договор со личност која е дечар и би сакала да ги припази или да се плати некоја. За бебиња е потешко, но и онака ретко кој би дошол со бебе. Мене не ми пречат деца, па за роденден оставам на родителите сами да си одлучат дали ќе дојдат со децата. И за други прослави исто. Ако некогаш се најдам во ситуација да бидам исклучена бидејќи немам дете или ако некогаш имам, па да бидам исклучена ради тоа, ќе намалам/прекинам контакт.
Ми се случи од ептен, ептен блиска личност. И ептен глупо е, а и навредливо. Ќерка ми имаше некаде 5/6 месеци, а личноста правеше дипломска. И не не викнаа со претпоставка дека сме имале мало дете, па нема да сме можеле да одиме. Иначе, дневна беше прославата, неколку саати Контакт не можам да прекинам, оти ептен сме близок род, ама од тогаш само службено комуницирам
Јас лично никогаш не сум гледала на ова и нема да гледам. На роденденот на син ми ги викнавме сите што сакавме да бидат со нас, сингл, во брак без деца со деца, во врски... Е сега ако на свадба некој ми нагласи дека син ми не сакаат да дојде, ни јас нема да одам, без разлика дали сум планирала да го носам или не, многу ми е сељачки тоа.
Најчесто мали деца се носат по такви места од мака,од што нема на кој да се остават.Еве сестра ми се мажеше,не требаше да присуствувам?Мачно за детето уште помачно за родителот ама еднаш е денот.
Вакви поделби дури во средношколски и факултетски денови имало (ако некоја има дечко, па слободните другарки излегуваат без таа со дечкото, тие па со дечкото излегуваат само со други другарки што имаат дечко ко дупли састанци итн). Ова сега се само возрасна верзија од истото. Знам луѓе што не ги викаат тие што немаат деца, знам луѓе со деца што сами не доаѓаат поради децата, знам за луѓе што имаат деца и што не ги викаат овие без деца. Дали е праведно? Не е. Дали има смисла? Има. Неретко луѓето што се во различни фази на животот се отуѓуваат едни од други. Им снемуваат заеднички теми и интереси и сметам дека не е толку чудно и трагично. Јас да сум на местово на девојкава што ја поставила темава, немало да се навредам. Нејзин ден, она како мисли така нека прави. Ако некоја сака да си го помине денот (роденден, свадба итн) без туѓи деца има право и те како е валидно истото. Нивниот ден не треба да се врти околу нас и нашите чувства и да се навредуваме од тоа зошто со децата не не поканиле. Не ни дужат другарките да ни ги сакаат децата колку што си ги сакаме ние. А поклонот сепак си и го купила без да те викне на роденден. Нема зошто да не и го дадеш сега кога си дознала дека го славела без тебе. Сакала само со одредена група со која е на иста бранова должина да си го прослави роденденот и тоа е сосема океј. Не значи дека не ти е другарка што не те викнала на роденден.
Би поканила дефинитивно, но би нагласила дека е настан без деца. Е сега, натаму одлуката е нивна. Има луѓе што ќе дојдат, што ќе презакажат средба, а има и такви што крајно се навредат бидејќи пресериозно го сфаќаат како личен напад врз нивните деца Јас имам искуство да бидам изоставена, а не било ни поделба сингл, парови, деца, без деца, туку љубомора. Не се навредив, но воопшто не е пријатно да доживуваш 'mean girls' vibe, кога ништо не си направил. Сега си го следам тоа: They didn't tell you, don't ask. They didn't invite you, you were not part of the plan и така