Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Покана само ако имаш/немаш деца

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake99, 25 февруари 2023.

  1. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е таква причина, зошто инаку би не поканила посебно после да се видиме кога сакаме. Ние секако немаше да одиме со малечката, ќе отидовме на саат, саат ипол време, а она ќе останеше со мајка ми, па и навечер спие, немаше проблем. Мирна е, не ја дојам и може да остане некој саат дома без нас, немаме проблем за тоа.
     
    На Seli20, Skyler, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    За тоа дали ќе се навредам ќе влијаат и многу други причини, тонот на гласот, однесувањето претходно, за време и по настанот. Искрено поделби од секогаш имало и ќе има. И да не е поделбата на мажени, сингл, со деца, без деца ќе има друга причина и тоа ми е ок.
    Пример славев 4ти роденден на ќерката во игротека, ограничен број на гости, и меѓу другото ги поканивме оние другари што не канат нас на родендени, ги поканивме најблиските со кои сме по цел ден заедно, и само оние братучеди кои што имаат мали деца, зошто едно е двајца плус две мали деца а друго е двајца плус две големи деца кои што треба да седат на маса зошто не се мали за да си играат со реквизитите. На тие што не ги поканивме во игротека на роденден ги викнавме на кафе и торта дома, кога како ќе се договориме понатаму :)
    Еве друг пример кај што ми се налути другарка зошто не сме се виделе подолго време а мене изговорот ми бил дека децата ми се болни, сум можела да ги оставам на два саата на некој. Друго, она иде во смени, јас само прва, не сум слободна во 12ч. да се видиме и два три пати и тоа ми пререче, можеш и порано да излезеш од работа :?: Ама јас не се лутам, ќе има и она деца па ќе се смени, до тогаш ќе ја потрпам уште малку :D
     
    На SummerGirl, MarijaMi90 и Осе им се допаѓа ова.
  3. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Во твојата ситуација би се навредила и јас најверојатно, грешка нејзина е што не ве известила и поканила со/без деца.
    Имам и јас другарка со дете, секогаш ја викав и секогаш ме одбиваше и немаше време (разбирливо до негде). И после 10тото одбивање нормално ќе прекинеш. Ако е ваква ситуација, нема лутиш, иако за роденден е поразлично малце.
    Од друга страна, скроз поддржувам свадби без деца. Од секогаш сум сметала дека на деца на свадба не им е место, освен ако желбата на младенците е различна. Реално, не можеш да ги врзеш за стол, прават хаос, го влечат фустанот на невестата, трчаат, се буткаат, ќе се скараат-деца се. Јас кога би правела свадба не би сакала деца на истата. Ниту кога би имала деца, не би сакала да трчам по нив и да не можам да уживам на свадба на блиска личност.
    Сепак, свадбата е ден на невестана и младоженецот, и нивната желба треба да се почитува.
     
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Со дете е тешко да се тераат било какви излегувања и свечености. Ако има кој да го причува за тоа време уште подобро и за родителите да бидат раат.
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.951
    Затоа што не ми е забавно да зборам за генерално - деца.
    И не ми е забавно да сум опкружена со многу растрчани деца.

    За да одам во игротека треба да е роденден на не знам, сестра ми дете или ептен најдобра другарка, иначе не би, нит па се лутам ако не ме поканат. Всушност на едни пријатели со две деца, се имаме договорено дома се собираме возрасните за родендените на децата нивни, бидејќи тоа друштво повеќето немаме деца, нема логика да одиме во игротека. И така фунционира истово околу 8-9 години.

    Од друга страна, за свадби мислам има веќе тема, на сопствена свадба би била ок само со деца за кои знам дека нема на глава да ми се качат и мене и на другите гости.

    Не е до децата, има родители што или не им е гајле или им е нормално децава што сакаат да прават без контрола - не знам. Ама тоа за себе не би сакала, кој би се лутел, нека се лути. Очигледно не ми е баш другар чим не знае дека не сум фан со неконтролирани деца.

    Едит: за моиве другарки ако зборам, генерално се подразбира дека се гледаме без деца. Мешано друштво сме, повеќето имаат. За со деца посебно се напоменува дека така ќе се видиме. Самите викаат сакам раат да се видиме/кафе да пиеме.
    Имаат баш мали деца, најстарото е 5 годишно, нормално досадно му е со нас на маса.

    Кога биле бебиња било поинаку, ама бебе не трча наоколу. Пак викам тоа е моето опкружување, така изгледаат дружбите.
     
    Последна измена: 26 февруари 2023
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Затоа што веќе не постојат вистински пријателства, другарства, почит. Се е од корист, те гледаат како фигура, ако нема никава корист од тебе не му требаш. Не дека тие што се повикани на забава, таквата особа многу ги почитува. Важно е да се биде виден и да се објави 1001 стори на социјалните мрежи и после една недела да се зборува Петра каква забава направи.
    Тој што те почитува, ќе му биде секако мило да присутвуваш на пригодата и со деца и без деца, со поклон, без поклон.
     
    На SummerGirl, Seli20, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.951
    Ај жити се'. Нема дефиниција за другарство таква. Малце на страна емоции и со деца и без деца, некогаш нема логика лутењето никаква.

    Прост пример, за една свадба кај нас да ангажираш сериозно добри фотографи/сниматели/едитори, кошта м н о г у. Ако знам дека Трпана има дете кое не го контролира и истото тоа дете може да се случи да направи проблем, Трпана нека се лути колку сака, нема да биде во право.

    Ниту па до толку увреда што не се возрасни без деца викнати во игротека. Мислам идејата на игротеката е да прославиш роденден без ршум дома чопор деца да ти направат, има кој да ги пази. Ако родителиве пресметале дека премногу луѓе без деца би имало, ок е да не ве/ме викнат.

    Секакви ситуации има, ама како да ви кажам, луѓето највеќе се замараат и треба да се замараат со своите забави прво, наше е да се појавиме ако сме поканети или не, толку.

    За свое друштво зборам, на другаркиве не ни треба да им кажам дека у кафич навечер децата не треба да ги носат, сами знаат. Некои другарки можеби баш сакаат така, нивна работа.

    Утре да правам свадба се кладам дека баш тие другарки повеќе ќе внимаваат да не ми у*ерат момент него многумина што ми се "блиски".

    Затоа (за мене) прослава е само со луѓе кои те разбираат и почитуваат, а не сите колена и до ојле дојле "испочитувани".

    Не е тоа недругарство, напротив, многу е другарски да не се лажеш со другарите и да си искрен и да се прифаќате такви какви што сте, без да си нафрлате едни на други какви треба да бидете.
     
    На 1209, crimson, VDT2906 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Извини ама за мене ова твоето е себично. Каков човек треба да си деца да ти пречат или да не викаат некого зошто немал деца. Колку е само злобно тоа, како ли ќе се почувствува другата страна, што ако некои се борат со неплодност или многу сакаат деца, а одложуваат свадба и имање деца заради финансиски или икс причини, а некој не ги вика зошто немале деца? Некогаш е лошо да се биде себичен, имаат и другите луѓе чувства..
     
    На Seli20 и Осе им се допаѓа ова.
  9. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Јас се сложувам со тоа дека не е ок да се каже дека нема да те канам на Х настан затоа што имаш/немаш деца, ама очигледно или имаш нерв ортома или не си видела бесни деца. Да тргнам од моето, што еднаш само го однесовме на свадба, ни праеше финти дека ќе рипа во базен, а имаше 2 години. Мајка ми не можеше да го допази па ние трчавме по него, а старосватови бевме. Пола свадба не немаше. И не мора да се судиме затоа што може тебе ќе ти е скроз океј да си била во ситуацијава моја, ама јас нерв искинав. Да не редам други ситуации, и се тоа кјут до одреден степен, ама само до одреден.
     
    На 1209 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.590
    Допаѓања:
    38.941
    Пол:
    Женски
    Многу е глупо да правиш претпоставки за времето, достапноста и желбите на други луѓе и врз база на тоа да одлучиш дали ќе ги викнеш или не. Ако некој ти значи секако дека ќе го викнеш, негово е дали и како ќе се организира, не твое. Чиста срамота е да речеш измеѓу редови вие имате деца, не доаѓајте. Или обратното.
    Ајде за свадби ако важи правилото нема деца, во ред ми е и гостите треба да го испочитуваат тоа бидејќи свадба е сепак поголем настан и прифатливо ми е младите да си имаат одредени барања.
    Ама за обично излагање и родендени, правење вакви поделеби е многу некултурно и само еден индиректен и побезболен начин на прекинување пријателство.
     
    На SummerGirl, 1209, Snowflake99 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.243
    Ај не зезај секаде е со резервации. И за обична кафана треба да знаеш број на луѓе. Ако веќе знам дека некој неможе да се организира или ме става во неизвесност па не го планирам. Сите правиме претпоставки и врз основа на тоа си го планираме буџетот.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.951
    Не се сите луѓе дечари, замисли. И овие околу мене што имаат деца, генерално не им сметаат само сопствените, далеку од тоа дека уживаат деца на глава да им се качуваат.

    Реков постојат милион ситуации, во конкретново друштво кај што не не' викаат во игротека, повеќето не ни имаме деца воопшто, нема логика 10+ луѓе без деца да дремат во игротека. Нивна желба е да не' соберат дома на седенка, така е одамна, никој не е навреден, поима немам дали некој од паровиве има проблем со неплодност.

    И кај останативе другарки сум била на "официјален" прв роденден, после тоа самите не правеле толку големи родендени, возрасните посебно се собираме.

    Така ни' одговара, не сме другарки демек?

    Ова како сингл ти зборувам, и со вереникот бивш исто беше, нит некој не' праша дали свадба ќе правиме, деца ќе правиме, не знам што, не е толку битно да знаеш за да процениш.

    Баш од вакви мислења на родители "ама како не уживаш да ти трчаат деца околу" многумина се одлучуваат да не канат со деца.
     
    На VDT2906 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.951
    Сите треба да потврдат присуство, алелуја стана нормално дека да, ако планираш да дојдеш, треба да потврдиш.
     
    На kolovoz и Polyincognito им се допаѓа ова.
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.243
    Е да, фала богу стана нормално ама муабетов ми беше повеќе за оние исклучоци што секогаш потврдуваат па во последен момент им излегува нешто. Реално сите си ги знаеме пријателките и другарките, знаеш кој ќе дојде, кој ќе те извиси, кој ќе се навреди. Па врз основа на тоа претпоставуваме и планираме.
    Го прочитав постот уште еднаш на @Snowflake92 и искрено не мислам дека не си поканета поради детето. Мислам дека е поради фактот што си трудна па неможеш да пиеш. А они ако биле договорени да се направат партали реално не гледам што би правела ти таму. Многу е глупаво кога сите се пијанчат а само еден стои од страна така трезен, да не речам фаќа сеир. Може и не си таква особа ама сепак чувството е такво. Како некој да те посматра. А и биди искрена сигурно ќе отидеш ќе поседеше 30мин, час и сама ќе си заминеш оти немаше да ти биде пријатно.
     
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.320
    Пол:
    Женски
    За која возрасна група се збори? Ова ми е толку недораснато и тинејџерски. Еве имам трудница што ми е блиска и замислувам да не ја поканам на настан само затоа што е трудна?! Као демек ќе смета што стои трезна на страна? Стварно не знам што се случи со другарствата.
     
    На BlackNight, SummerGirl, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.590
    Допаѓања:
    38.941
    Пол:
    Женски
    На секој може да му се случи нешто во последен момент па да не може да дојде. Секој може да откаже, реално се зема предвид дека таа бројка може и да се смени на крај. Ама однапред исклучување на одредена особа само зашто се претпоставува дека нема да може да дојде ми е ептен безобразно. Зборам за блиски луѓе, се дружиш активно со некого и не те вика на роденден заради хипотетичка ситуација. Навредливо ми е едноставно.
     
    На BlackNight, SummerGirl, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.218
    Допаѓања:
    112.028
    Пол:
    Женски
    Јас имам кажано дека ако ми е напоменато да одам некаде без дете нема да одам ни јас.

    Не може никој да ми биде редар на моето време и да ме условува.
    АКО сакаш да дојдеш - БЕЗ деца.

    НЕМА да дојдеш оти НЕМАШ деца.

    Немам потреба да правам отстапки за на некој да му се вклопам во сложувалката.

    Прибидејќи добросостојбата на детето ми е побитна од нечија прослава, многу добро знам да проценам каде треба/можам да го носам.
     
    На SummerGirl, Snowflake99, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.243
    Па претпоставувам дека се помлади затоа што вели дека се први што имаат дете. Па не е дека не ја викнала на роденден ја викнала на место што смета дека е безбедно за неа. Различно ги гледаме работите исто како девојката и другарка и. Зошто да викам трудница во место каде се пуши, со низа пијаници, па не дај боже да и се случи нешто цел живот на совест да ја носам. Не ова некој којзнае каков настан, роденден е. Ќе ја викнам на место што сметам дека е прикладно за бремена жена и каде сметам дека ќе се чувствува убаво. Нареден роденден здравје ќе ја викнам и неа.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.951
    Затоа идеш свесно дека треба тоа дете ти да го пазиш, а не цел ресторан.
    Извини, ама, сведок безброј пати сум на такви настани.
     
    На christinnn, Mazegin и Polyincognito им се допаѓа ова.
  20. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.119
    Пол:
    Женски
    Ако сме 4 преблиски другарки, 3 да излезат, а да не ме викнат поради претпоставка, да ќе се се налутам.
    Проблемот тука е шо си претпоставила, а родителите се свесни (веројатно) каде можи и треба дете, каде не. Сами си знаат дали ќе има кој да го причува. Па макар и на 10 минути да одите е взаемна почит.

    @Snowflake99 според мене непромислена грешка. Навредливо е, ама ако ти значи пријателството не би прекинала контакт веднаш. Со близок пријател чоек треба да е искрен, кажи и' како си се почувствувала, ќе видиш реакција и после донеси си одлука дали ќе продолжиш или не.
     
    На SummerGirl, M.B., mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.