1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Покана само ако имаш/немаш деца

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake99, 25 февруари 2023.

  1. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Она не се лути затоа што не сакала славеничката деца на забавата,туку за тоа што си дала претпоставка ,дека нема да може да дојде.
    Реално славеничката знаела дека ќе дојдеш без деца,ама не сакала да те покани.Откако ти се родитело детето,веќе не им е интересно со тебе.
    Ако си будала да и го дадеш поклонот ,или да отидеш дома на роденден..Квази пријателства не ви се потребни.

    На мојата свадба имаше дечиња (мои внучиња). Па они беа посреќни,пославенички настроени,неголи возрасните кои идат ради реда.
    Се случи внука ми да скрши некоја масичка стаклена,ама не се налутив.Масичката чинеше 750денари,и 2000денари да беше штетата,немаше да ми е криво.
     
    На SummerGirl, 1209, Snowflake99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    87.655
    Пол:
    Женски
    Ова е навредливо и е за лутење,безосетно и безобразно.
    Би редуцирала контакт и ако праша зошто,би и кажала.
    И ние бевме први во друштво што имавме дете,и секаде сме оделе,на вистински другари не им поставуваш правила.
     
    На SummerGirl, Bozica1980 и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    112.635
    Пол:
    Женски
    Крајно безобразно. Јас да сум на твое место фино лепо би и кажала во лице и би прекинала пријателство. Јас канам секого, кој може нека дојде кој не нека не дојде и така. Ама да претпоставувам па и дрско да и кажам во фаца имаш дете затоа не те викнав.. Е тоа е вреќе безобразие.
     
    На SummerGirl и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Ама тебе. И ок е. Не е погрешно. И во конкретната тема тоа е зборено.
    Ако сум јас невестата, да, ќе ми смета деца да ми трчаат околу фустан.

    Затоа не би ни канела роднини кои знам со сигурност дека не би се однесувале прикладно, ни самите тие, ни па децата би си ги контролирале. Сум се уверила на туѓи свадби/прослави, маживе ќе се изнапијат не знаат што прават, децава сами со себе глупости прават (фала Богу, деца се, во 11 ноќе обично им се спие и не им е забавно на свадба) и тоа за себе не го сакам.

    Затоа би поканила, не мора свадба, што сака нека е, луѓе со кои сум сигурна дека ме знаат и почитуваат и нема да ми се у*ерат на денот.

    И ич не ме вреѓа кога не сум поканета на детски настани онаму каде што не ни имам улога, и тоа се секако подалечни пријателства. Со најблиските другарки немам проблем таков, немам потреба да им објаснувам дека не сум пресреќна да ми брца дете во ташна, ни било кој.

    Или пример, најдобрава другарка правеше венчавка само во матично, само со сведоците и родителите, ич не ме повреди што не бев поканета. Години подоцна, уште ми е најдобра другарка.
    Преголемо его не ви чини.

    За конкретно Сноуфлејк, ако е 99та родена, тоа друштво има 20тина години. Не ме чуди постапката, не знаат како да се справат да и' кажат да дојде ама без дете. Не се осеќаат доволно блиски или не биле во ваква ситуација до сега. Требало да ја покани секако, ама ако ставот е "како може да ти сметаат дечиња" не ме чуди да мислела другаркава дека Сноу со дете би дошла.
     
    На Ugly Duckling, Jane Doe., Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.390
    Пол:
    Женски
    АКО СИ БРЕМЕНА НЕ СИ БОЛНА! - тоа како прво!
    Како второ - Ако си со мало дете, не значи дека и ти си легнуваш во исто време со него.

    Напротив, баш на луѓето што имаат деца им треба да излезат повремено сами, да се пожуркаат, додека децата може да останат неколку часа со надзор од друг возрасен.

    Баш затоа кога сум канела луѓе дома или во кафич/ресторан не сум делела дали се или не се со деца.
    И во игротека сум канела пријатели кои немаат деца или партнер/ка.

    Сум оставала оние кои имаат деца да си одлучат сами дали ќе дојдат со децата или не.
    А имам два три пара пријатели и роднини, редовно ме одбиваа за да дојдат, заради своите мали деца.
    Ај на почетокот имав разбирање ама кога почнаа да зборат и за потпораснати деца (возраст toddler што може да го чува трето лице) дека не доаѓаат заради нив, сфативме дека веќе децата им станаа изговор за несоцијализација. Па ги седнувавме малку на муабет, да им објасниме дека на децата ништо нема да им фали ако понекогаш излезат со нив, или ако ги остават со трет дома.
    Сме ги канеле значи, комплет со сите деца, колку и да се мали или пргави или различна возраст од нашите деца. Дури и кога не се нашите деца дома, независно.
    Ако имаат мало дете и се мислат дали да дојдат, сум им ставала до знаење дека имаат кај нас се што им треба за бебето- празна спална или детска соба каде може да си го надои бебето, за да си го остави да спие дур си поседат до покасно, се што треба за тоалета да му направи, ќебе за да го однесе до дома ако заспие, и сл..

    Моите еве ги израснаа толкави, па фала Богу ниту нешто им фали што оделе со нас по гости и заспани сме ги враќале, ниту што некогаш поседувале со бабите за да ние излеземе без нив.
     
    На SummerGirl, nextredstyle, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.390
    Пол:
    Женски
    @Snowflake99
    Штом другарка ти ги делела гостите во два дена, во два типа забави, неа и пречело одредени луѓе да се присутни на секој од настаните. Таа сака пријатели за различни намени...
    А тоа го маскира со муабетот дека така прави не затоа што таа сака да си ги исполни своите замисли, туку дека е од обзир кон гостите.
     
    На SummerGirl, nextredstyle, Snowflake99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Има едно "правило" за пишување на покани. Прмер ако пишува Мартин и Мартина тоа значи дека се поканети само они двајца, ако пишува Мартин и Мартина со семејството тоа значи ако имаат деца и тие се поканети. Ако пишува Мартин + тоа значи ако Мартин има девојка може да ја земе со себе. Пример во една куќа живеат две семејства и иде една покана пишува Мартин и Мартина со фамилијата тоа значи дека и другите во таа куќа се поканети. Еве кај мене кога сме канети сите значи и свекор и свекрва пишува нивните имиња со фамилијата. Зошто семејство е маж, жена и деца ако имаат фамилија се родители, браќа сестри.... За да не се доведуваат во заблуда луѓето дали децата се поканети или не.
     
    На SummerGirl и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Темава не ми стои дека е истото како таа со тоа што пишува на поканите.
    Туку дали ако имаш деца те канат оние што немаат деца и обратно.
    Ние кога немавме деца, а пријателите правеа детски роденден во игротека нè викаа, а јас одев од што морав, не дека имаше што да се прави на таков роденден. Тоа е сепак за децата, нивна прослава е за со нивни другарчиња. Јас кога ќе правам роденден ќе викам мои пријатели.
    И да, глупаво е да не те викаат на ноќно искачање на пример само зашто имаш деца. Можат да прашаат.
    Ама, и интересите се менуваат, па некако сепак настанува оддалечување. Сè зависи од тоа колку ни е важно зачувувањето на пријателството на крајот.
     
    На Евроазија, kolovoz, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.987
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека не те викнала конкретно затоа што имаш дете, туку затоа што не си по такви журки. Ако добро се сеќавам имаш пишано дека не сакаш дискотеки и кафичи, туку сакаш дома да се собираш со другари. Ако другарка ти го знае ова, ваљда мислела дека нема да се вклопиш и нема да си поминеш убаво, па затоа понудила друг ден да се видите со седење по дома. Не значи ова дека е лажна другарка според мене, ама штом те навредило кажи и' и разберете се.

    Инаку јас би преферирала воопшто да не ме поканат ако знаат дека нема да си поминам убаво, отколку да треба да одбивам или со тешки маки да се натерам да одам. :D Можеби и таа вакво нешто мислела.
     
    На mssuniquee, Nausicaa, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Е ова.
    Пресреќна сум што ме викаат ембашка како луѓе да седнеме на кафе, него да ме викнат во игротека кај што со 99% од луѓето ниту се знам, ниту имам муабет, ниту ме интересираат нивните интереси.

    И кога ме поканиле не така блиски, подарок сум дала во друга прилика, сум се извинила што не можам да одам.
     
    На Nausicaa, mal.ecka, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.083
    Допаѓања:
    87.655
    Пол:
    Женски
    Не е нејзино да одлучува или да мисли во име на другарката, сама другарката ке одлучи дали и се оди или не.
    Нејзино е да ја покани само.
     
    На SummerGirl, riba79, An-na и 9 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ќе и' речам: “Ме повреди“ - и ќе и' објаснам зошто.
    Ако најдеме заеднички јазик - супер, ако не фала-пријатно.

    Дали некој кани, или не, не е битно.
    Битно е дали се разбирате.
    Ако не се разбирате, нема што да продолжи пријателството.
    Без искреност се' е фарса.

    Ова важи за било кое недоразбирање со другари/пријатели/роднини/
     
    На Martka, riba79, Евроазија и 4 други им се допаѓа ова.
  13. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Јас имав ситуација кога колешка од факултет за свадба ме покани само мене, а сопругот не. Искрено, не ми беше сеедно сама да отидам, затоа што свадбата беше во друг град и плус никого не познавав, но отидов во чест на годините што сме ги поминале заедно на факултет.
    Што се однесува до тоа дали имаш или немаш деца, до сега не сме имале никаков проблем затоа што ние сме последни од друштво што немаат деца а секогаш сме биле поканети, крштевки, имендени, родендени, во игротека, во ресторан или дома и секаде сме оделе без исклучок.
    Сметам дека тие што не би ве поканиле доколку имате или немате деца, едвај чекале некој изговор да најдат и да не ве поканат.
     
    На SummerGirl, Guns N` Roses, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Да точно, не сакаме журки, но не стануваше за такво нешто. Кафич lounge bar, никаква забава посебно, една маса со наше друштво, јаделе и пиеле два три часа и си отишле, толку. Не сме биле такво друштво никогаш да правиме некои забави и журки, секогаш вака се прославувало, а често и дома некој не собирал. Секогаш сите сме гледале да ги испочитуваме и да одиме, а и секако со детето немаше да отидеме зошто тоа време и си спие она, нема во галама и гужва да ја носам, сами ќе отидовме на кратко. Ни до алкохол не е проблем, како што спомна некој, зошто и друштвото не се некои пијачи, па да имаме таков проблем за тоа да не не викаат.
    Затоа и беше навредливо за мене, немаше причина зошто да не не поканат, повеќе само изговор.

    Секако нема да молам никого за дружба, како сакаат нека прават, ќе си се дистанцирам. Некои пријателства за жал вечно не траеле, луѓето се приспособувале во момент како им требаш така. Во право беше @Guns N` Roses, тоа исто си го размислувам и јас.
     
    На Amelia., riba79, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.037
    Пол:
    Женски
    Братучетка многу блиска со која си се гледам често, се слушам секој ден правеше роденден на синот у игротека. Прво ми рече као да појдам со дм после ми рече ама што ќе правите као досадно ќе ви е, ако сакате помиенте.... и така на неколку пати ми кажа што се вика директно да не одиме. Се налутив да ама моментално, после тоа не.... не знам не и замерувам, може не го сфаќа тоа сериозно. Пример и она мене кога ќе ме викне некогаш на кафе и ако каже дека доаѓа и детето или не знам и на шопинг нешто не идам секогаш. Некогаш ми се иде раат на кафе, а не со дете што за 40мин може да му текне да станеме. Не замерувам, ги сфаќам.
    И друго што ми текна пример јас ја имам викнато на роденден и дојдесо детето еднаш. Зависи кога како ама иам ситуавии во кои имам разбирање, а има и она. Добра личност е си помагаме, до некаде ова ми е и нормално
     
    На SummerGirl и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Зошто искрено не разговараш со неа? Да и' кажеш дека те повредило? Едноставно кажи и' ја својата перспектива, секако, ако сметаш дека ти вреди тебе тоа пријателство.

    Можеби не сака да те дружи, а можеби е и ненамерна, несакана грешка, не знаеме, ти знаеш колку сте блиски и какво ви е пријателството.

    Скоро баш пишував за ситуација со моја најблиска другарка, нејзина постапка ме повреди, отворено и' кажав, разговаравме, се реши работата.

    АМА, за мене таа вреди да и' кажам што ме повредило, за неа јас вредев да ја поправи работата.

    Едноставно процени си за какво пријателство станува збор.
     
    На SummerGirl, Anomys, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    5.385
    Пол:
    Женски
    Имам дете месец и пол и претходно само една другарка од сите беше мажена и со деца и никогаш не пропуштила да ме покани на роденден во игротека и покрај фактот што јас немав дете. Е сега јас или ќе си најдев некој за муабет или сите останати зафатени трчајќи по своите деца, па сум поминувала час и пол зјапајќи наоколу ама одев секако за чест да направам.

    Од друга страна блиски роднини никогаш не ме/не поканиле (со партнерот)на роденден кај своите деца. Дали беше причината тоа што немавме дете или не, не ни кажале најискрено ама секогаш и непоканети во следните денови сме гледале да однесеме или испратиме подарок за детето, баш од причина да не го делиме од останатите деца во фамилијата кои се со иста роднинска врска. Можеби и тоа не е правилно кога веќе сум/сме поканети ама на тој начин сме размислувале.

    За сега со дете ќе видиме истите тие дали ќе не поканат и дали тоа било причината.
     
    На SummerGirl, Snowflake99 и Skyler им се допаѓа ова.
  18. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме со какви деца си имаме работа.Внучињава мои се душички,воспитани,со ок родители.
    Никој не би сакал невоспитани дечишта кои прават лом окулу себе.

    Не секој зборува за детето кога е испаднат,малце претеравте.Кога сум испадната сакам да одморам од маж и дете,ама пак им е глупо им е да ми речат да лумпуваме до сабајле.Реално не можам да скитам до сабајле со дете помало од 2 години.Тоа дете ме чека,и не заспива без мене.
     
    На SummerGirl, nextredstyle, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Абе види, во игротека најчесто се муабет децата, што е логично.
    Како некој што нема деца и не може да се пронајде во тој муабет, досадно е.
    Инаку речиси сите од друштво имаат деца, една нема, една трудна ми е со прво.
    Очигледно искачаме и правиме и други муабети :)
     
    На SummerGirl и VDT2906 им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Нека не те чуди ништо. Нас не имаа покането на крштевка ама да доеме без деца :D
    И бараа поклон стрикно во плик.
     
    На SummerGirl и Snowflake99 им се допаѓа ова.