1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Покана само ако имаш/немаш деца

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake99, 25 февруари 2023.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Самите сме си виновни што свесно дозволуваме да ја преминуваат црвената линија. Колку што се тие виновни, виновни сме и ние што им даваме простор за таков однос, ама мора да постојат и чудаци како нас кои за атер на годините ќе попуштаат и ќе си прават штета сами на себе:tmi:
    Јас во лице не можам да им кажам што ми смета, оти како некоја глупачка баш кога треба да зборувам се закочувам и мислам како би се чувствувале кога би ги "судела" па ќе им попуштам, ама зад грб се нервирам, пцујам^_^:D и како што кажав, се тргам по малку без збор, ама не засекогаш, само на пример ќе избегнам средби на некое време, и кога ќе види човек, ептен е детски вака, треба во корен да се сечи се што не чини, ама не умее секој:tmi:
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Така е, во право сте девојки. :)
     
    На en5 и Rama им се допаѓа ова.
  3. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Досега не сум приметила да не ме поканат на роденден на деца под изговор дека ние немаме деца.
    На сите родендени на кои сме поканети, без разлика дали се во игротека, ресторан,дома или каде и да слават, ние одиме. Ако некој ме испочитувал и ме поканил, тогаш нема за што да не отидам, па макар и сите парови биле со деца.
    Ако некогаш се случи да не сме во државава, тогаш следно видување носам подарок на детето.
    Тоа кога некој ќе каже не доаѓам денес, ќе се видиме после роденден е обврска плус на тие што слават и дополнителен трошок за нив.
     
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    https://www.instagram.com/reel/CmGj6_AjhLA/?igshid=OTJlNzQ0NWM=
    Некоаш не се само децата тие што сметаат на свадба :D

    У врска со темава, доколку станува збор за сварно блиска пријателка и не ме покани ради деца, да, би се налутила и би прекинала контакт.

    Лично, не гледам и не ги двојам на тоа дали некој е во брак, врска, со деца, без... мое е да ги поканам, а тие сакале дошле, сакале не, нивно е.

    А за по свадби со деца сум била/би идела само кај блиски роднини (1 братучеди). Кај други, ако имам кој да ми варди деца идам, ако не... им кажувам на време дека не можам.

    Прочитав еден коментар од членка за во ресторан со дете биле некои фамилијарно... нормално е да излезат и во ресторан да ручаат/вечераат и со деца. Знам, напорно е да гледаш како децата пиштат, не седа мирни, сепак деца се и нема потреба да им се замерува и на родителите бидејќи и нив не им е лесно сите очи да се вперени во нив поради детето. Ама и тие се луѓе и тие сакаат и треба да излезат од дома, не значи дека ако некој има деца, додека не пораснат не смеат никаде да одат освен во игротека со децата.
     
    На SummerGirl, hello-kitty.90 и 1209 им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа оваа поделба. Сум канела и без деца за родендените на моите деца. Па и со деца сум канела кај мене на гости (додека немавме деца со сопругот). Од кај знаат славениците дека на мене нема да ми биде интересно без деца? Па што ако е роденденот во игротека. Ќе се видам таму и со други гости. Тој што сака да те покани, секако ќе те покани. Тој што не сака ќе бара само изговор. Ако некој не ме испочитува и јас нема да го испочитувам. Што се однесува до свадбите... Децата ми се на прво место. Ако нема кој да ги чува, нема да отидам на таа свадба. Една другарка и дечко и дојдоа да не канат на свадба мене и сопругот. Дечкото кажа дека не сакаат деца на свадба. Ќе им ја расипеле свадбата. Ги канеле со деца само првите братучеди. Ние не се налутивме, ама им кажавме дека нема да дојдеме затоа што тој период нема кој да ни ги чува децата.
     
    На BlackNight, Emotional123 и Осе им се допаѓа ова.