Минатата недела добивме покана во вид на шоља за кафе Колку слатко изгледа,супер идеја. Значи шољата е бела,не е мала туку баш како за чај,на неа има сликичка младоженци,име на младоженците и датум и на рачката со сатенска машна заврзано ливче со име на кои се поканети и број на маса.Ни текст ни бутур-одтипот на Со особена чест и задоволство,Божји благослов,нашите чеда ќе стапат во брак или пак поетска мисла Како што ја разбрав невестата,ги чинеле 30ден ,една чаша.
Феминки во јуни правам свадба, ама се уште не сум порачала покани. Сакав да ве замолам за помош. Текстот на поканите сакам да ми бидат од песните на Владо Јаневски некои стихови да направам комбинација. Ве молам ако можете да ми помогнете некако.
Сноу многу ти се стилски поканите, ама јас не сум јас ако не измислам некоја уникатна идеа. Поткрепена од некои идеи од нет си ги смислив моите покани во вид на оригами кутивче, со поклопче и голема машна, на “ѕидовите“ од кутијата од внатрешната страна на секој ќе биде испишано локација и саат на матично, црква и прием и на четвртиот “ѕид“ ќе иде некоја порака со семејствата доле испишани, а во средината, е во средината ќе ставам бомбонче завиткано во фолија на која ќе биде испринтана нашата омилена слика, некаде од самиот почеток е сликата и ни е и на двајцата омилена. Имав еден прототип ама од покажување по луѓе се распадна па сега треба да направам нов, и од него деновиве ќе добиете слика. Месец Јули е критичниот, во него ќе се дешаваат сите работи околу покани, бомбони и слично, китенки и детали во Август здравје боже. Како тоа фино се ми звучи ама ќе успеам ли да склопам се како што сакам јас ич не знам
Ммм колку ме израдува! И нашата покана беше со микс стихови од песни од Тоше, ја направивме како една целина. Е сега за Владо.. Ајде ќе се потрудам да ти помогнам, да ги ислушам сите песни, да се внесам, па ќе ти пишам нешто . Или ако пробувате сами- преслушајте што најмногу ве потсеќа на вас двајца, на вашето минато... Поздравче!
Ммм колку ме израдува! И нашата покана беше со микс стихови од песни од Тоше, ја направивме како една целина. Е сега за Владо.. Ајде ќе се потрудам да ти помогнам, да ги ислушам сите песни, да се внесам, па ќе ти пишам нешто . Или ако пробувате сами- преслушајте што најмногу ве потсеќа на вас двајца, на вашето минато... Поздравче!
Мојата покана, денес ќе се принта а деновиве ќе се ги склопувам, замислена е форма во вид на кутија со голема лилакова машна, како поклонче