Барав барав и не можев да најдам според мојава замисла (пергамент стил ама оригинал стара хартија да изгледа како од старо време) и сега со вереникот ќе си ги направиме сами
Јас сама си го правев дизајнот, си најдов печатница, си одбрав хартија и ќе ми излезе околу 15 денари од покана, слична на таа во овие атељеава е по 60 денари, епа не ми се даваа кога можам сама
Слатка е поканава, ми се допаѓа... малку како одделенец да ја правел нема љутиш ама најискрено очекував многу повеќе од една архитектка
Ќе може ли д ами кажеш каде сте ги печателе поканиве- во ЛП да не прваиме реклами . И јас сакам да печатам бидејки тоа што го змаислуваме со дечко ми не можеме да го најдеме.
^ А мор будалче едно, барем интимните информации да ги сокриеше Нашата покана исто беше правена за нас специјално, од близок роднина графички и арт дизајнер, и нас многу ефтино ни испадна. Изгледаше како разгледница, жолто/сива, со наша слика (имавме фотосесија специјално за тоа ) и стандард текстот. Беше необична и неочекувана, ама сите ни ја бендисаа (барем така велеа, може да беа на форум и вистината ќе ни ја пишеа )
Отиде Моирче возот, одамна ме знаат овдека да се кријам касно е Иначе текстот е креација на мм, многу ми е креативен пустиот Ни ја правеше колега на мм, графички дизајнер кај него на работа, лека пополека се наметна цветот како тематика на цела свадба Картичките на кои ќе ги пишува имињата ќе бидат како цветовиве на поканата, за моите гости розеви, за на мм плави
Јас ги правев сама, купив од обичниот картон по 5 ден што е , еластична сребрена и златна врвка од пазар , најдов шема готова за принтање од интернет и се ставив во акција. Беа во форма на перничиња.Не ради цената ,ами поради меракот кој го имав, а сепак и нејзината функција е привремена и информативна па така да секако ќе заврши во корпа или некаде непознато. Не вреди да се даваат многу пари за тоа. Ама затоа пак дадовме доста пари за убаво мени и музика, и вредеше.