Сама ги правев мила. Материјалот многу ефтино испаѓа, а исто и хартијата и принтањето(додуша маж ми работи во печатница, па он го среди тој дел )
Моите покани се најубави. Во тек сум со делењето, до пола стигнав. Текстот во нив е создаден од мојот вереник кој го бива за пишување.
И моите се вакви, се разбира модифицирани од мене и мажулето, текст исто негов, изработка комплетно моја
На мене не ми се допаѓаат покани со текст. Ги сакам стандардните покани. И маж ми го мислеше истото, па немавме расправии околу поканите.
Ова е мојата замисла за поканите, но наместо бисерно бела хартија сакам да употребам шампањ боја, а наместо машничките и бисерчињата сакам да има по еден кала цвет кој ќе биде прицврстен за поканата со бордо лента. Сакам сама да ги правам, но каде би можела да најдам хартија од тој тип и каде би ја принтала? Калите секако дека ќе бидат пластични, но за тоа треба шетање по цвеќари или не знам каде. Те молам ако можеш некако да ми помогнеш околу информацииве. Фала ти
Сеуште не сум одлучила какви ќе бидат поканите. Си велам има време. Сакам да бидат едноставни, само со нашите имиња, почеток и место на прославата и кој ги покануваат. Кога ќе одлучам, а мора да биде во скоро време, ќе ставам слика и јас.
Сама ги направив, земав материјал , ленти ,бисери, цимет и склопив нешто Искрено испаднаа многу нежни, романтични Во живо се многу поубави, дека и хартијата светка
За поканите би сакала да се интересни не обични како и сите, но не и како некои што се обиделе да бидат различни ама некако излегле клише.