Ти сакаш дома да си ги правиш (рачна изработка) и потоа да ги печатиш или прво текстот да се отпечати па потоа да се украсува самата покана?
Да дома сакам да почнам со рачна изработка, е сега нз за печатењето како иде, тоа и ме интересира, дали е пред или после, на каков принтер иде, и сл работи, ако е некој поискусен нека ми објасни
Доколку поканата ја направиш пр. со циркони, пердуви, бисери или сл. работи и остане само текстот да се отпечати, тогаш може да се печати само на еден начин со сито постапка, како што се печатат запалки и пенкала (ова ти е потешка варијанта). Доколку прво ја печатиш основата (хартијата) на поканата самата дебелината на истата одредува каде ќе се печати. Претежно сите може да се печатат на печатар (потенка хартија, може офсет, може сито.
Ако ги печатиш сама во тој случај оди прво печатењето после се друго. Може да ги печатиш на било каков принтер само ке ти треба повеќе време.
па вака пред некое време бев на свадба и поканите на младенциве им беа ем атрактивни ем ефтини 5-10 денари парче зошто имаа еден куп гости и замислете колку пари ке фрлеа само на покани вака им беа направени на листот имаше позадина со кали во боја нормално и прво младоженецот јас тој и тој те избирам за животна сопатничка и ветувам дека секое утро ке те оставам да се доспиваш и ке ти варам кафенце секое утро ке те мазам и ке те пазам и ке ги мијам садовите секој ден и ветувам дека никогаш нема да те викам ЖЕНО после девојкава јас таа и таа те избирам...(да скратам)ветувам дека секое утро ке ти правам појадок дека нема да се лутам кога гледаш фудбал бидејки нема да сакаш да ми ја пуштиш омилената серија нема да купувам маички секој втор ден и ветувам дека ке те пеглам секоја недеела(хихих) и после сето ова можеби ке го исполниме а можеби и ништо а може и да ни здосади па да се премислиме но секако ке прославиме тогаш и тогаш ваму и ваму ве покануваат фамилија една и фамилија друга и најдолу напишано П.С обавезно да ни дојдете и завиткано во ролничка на неа неколку срциња или ѕвездички залепени и едно сатенско панделче за да стои во ролна и толку ем ефтино ем убаво
Аааааааа, навистина многу креативно и оригинално, секоја чест за нив! И јас стално велам дека би сакала да има некој оригинален наш текст, а не како сите што прават „Ве покануваат таа и таа фамилија на ден бла бла бла“..... Браво!
Поканите за кои зборува Arthur дефинитивно не се мој стил. Пораката/текстот ми е за на картичка која би стоела на свадбениот подарок на маж ми од мене и обратно, никако не е текст со кој би ја поканила директорката, комшиката и неговиот колега од факултет Јас не ја доживувам поканата како адекватно место да му ветам дека ге му носам појадок у кревет (?!) ... Можеби обидот бил да бидат духовити....ама мене лично не ми се свига....а моментот можеби и ке се предомислиме.... мене ми е многу невкусно и неубаво. Поканата служи официјално да поканиш некого на твоја веселба, нема потреба од изливи на љубов и незнам ти што...
Пред некое време наидов на ваква покана за свадба, доста интересна и иновативна, баш ми остана во сеќавање
Да не некој случајно има пдф каталог за свадбени покани со цени од МБ Беларт Скопје или па знае цени на следниве покани? Требаше денес да ми пуштат каталог ама ги нема а мене ми треба итно до вечер
Девојки итно ми треба контакт и локација на ова место за правење покани https://www.facebook.com/pokanizasvadba Фала