Убаво изгледаат поканиве со восочен печат, ама многу се незгодни ако мораш да го скршиш печатот за да ја прочиташ поканата. Потоа изгледа ружно оној дел каде имало печат. Затоа избери некоја варијанта да не мора да се крши печатот. Нешто слично има на овој линк http://www.deltapres.com.mk/product-cat ... ani/page/7
Оваа покана многу ми се допаѓа, младенците сами ја изработија, во епруветата ставија камчиња,на неа убава машна, во натре хартијата во печатница си ја направија, со цветови...и во картончето што виси пишува до кого и бр. на маса Ја сликав поставена до украс нагелче зошто така убаво можев да ја сликам
Имам спомнато дека сакам едноставни покани, пред се затоа што сакам сама да си ги направам. Знам дека би уживала во тие моменти Затоа еве од мене уште неколку идеи кои би можеле сами да ги реализирате
Ако имаш мала свадба, некако може да се реализира, ама на свадба со над 100 гости ќе имаш живци да правиш толку покани во сета таа гужва, со сите тие други обврски? Јас би немала живци, првите 20 би ги направила, после ќе ме фати нервоза. Сепак не се прават на две - на три. Би требало сите исти да испаднат, и не само на бел лист хартија пиши и тоа... сепак мора да има лепење, сечење... Да не бидам офф..
Другарка ми имаше околу 400гости и морам да ја пофалам зошто и покани и се друга сама си направи, смирено, полека, за два месеци се си спреми. Не е некоја филозофија, со оглед на тоа дека имам искуство со вакви работи , знам дека можам да ги направам и тоа со цел ќејф Верувај се е лесно ако си фатиш со време, а и кога се мисли на 200гости , всушност ти требаат околу 100тина покани(нели де една фамилија од 4 луѓе= една покана)
meU дај сликај ја поканата од другарка ти, да видиме-идеа за самоизработка, имам и ја 2 покани што се само изработени, едната ја сликав неколку поста претходно е, а другата баш ќе ја сликам,исто така другарка ми што викаш ти 400 гости имаше а сепак сама си ги направи.
јас гледав нај-едноставни покани во Маровка па чинат 27 ден и 31 ден , јас дефинитивно сама поубави ќе направам за помалку пари, еве пишете на пример колку чинела вашата покана
Јас уште немам видено никаде покана како мојата, ни вака по луѓе , нит по интернетов, имено сама ја смислив, а ја изработија во делта прес, на онаа тенка хартија прозирна, а4 формат имаше многу бледа слика од нас двајца, значи сликата беше колку цел лист и беше бледа многу, а сепак убаво се гледаше кога ќе ја навалиш, врз неа беше текстот, кој беше нешто во стилот, мирно море или бранови...тананана...ние сепак решивме да пловиме...ќе ни биде драго да сте дел од почетокот на животната пловидба, не беше вака, многу беше добро скоцкан текстот, можете таму да го побарате го има, и сите го коментираа текстот долго после свадбата, тоа беше во ролничка свиткано, со прстен, и ставено во сандаче, моето бордо, на мажот ми тегет, и знам дека сите беа пријатно изненадени од поканите...знам на зет ми некој колега му имаше речено, а и ти си на свадбата со убавите покани Еве ви една идеја, и да, една беше 80, или 90 денари, ич не се сеќавам, ама тоа дека печатевме поголема количина од вообичаено, инаку ни рекоа ќе биле 115, плус, нели, им ја оставив идејата
^^^ Да таква беше, туууууууууф јас се радував немав видено до сега таква , ама сликата беше многу поубава, на цела јас и он, без некоја ваква позадина, тука ич не ми се допадна, ама тоа е веќе друга работа, инаку да 90% таква беше, не се гледаше толку сликата, туку беше направена кога ќе ја навалиш на страна, како едни честитки тогаш се гледаше убаво и јасно, а инаку се гледаа шари а не можеш да приметиш што е И морав да редактирам, многу помалце текст имав , не изгледаше вака како лист од книга и поубав квалитет на слика, оваа додуше не ми се допаѓа Сеси, не јас не сфатив за прстените, не ми беа такви, беа хартиени, дебели, исто борди како кутијата и како буквите на текстот кај мојата, и беа како со печати на средината Објаснив некако
Ете слика на претходната страна, како што била свиткана поканата во прстенот била ставена - барем така разбрав. енца ако имаш слика стави
Видов, ама мене тоа ми е чудно, какви се прстените, мислев од што материјал и што ќе прават со нив гостите ? Не сум многу по овие работи, па затоа ми е чудно, и не би го избрала никогаш.
ааа сватив какви прстени енца инаку овие прстени се пластични, или метална бижутерија - има 2 вида па гостите(жените можат и на рака да си го стават), инаку најверојатно за украс , спомен од свадбата си го чуваат
Еве од мене нешто! http://weddinginvitations-online.com/wp-content/uploads/2009/12/butterfly-wedding-invitations- 294x300.jpg Еве јас да си кажам дека несакам многу шарени покани,со напнати бои...едноставно да биде но убаво.
Цените им се движат од 20 ден најобично картонче па нагоре.Тие што ми се допаднаа беа по 40,50 па и 70 ден.Искрено многу е! Ние најверојатно ќе ги одбереме Имиџ фото,кои ни даваат гратис покани.Ги разгледав поканите,беа сосем солидни. За текст не планирам многу да размислувам,зошто сакам најобично да е.