Многу скапи биле поканиве,20 ден.најобични?не сакам многу накитени ама не сакам ни најобични.Среќа што нема многу да ми требаат околу 50 гости ќе имам од мојата фамилија што значи околу 20 покани.
се е убаво ама после свадба ретко ретко кој чува покана, и не знам што филозофии се потребни за покана. Треба кој се зема, каде е свадбата , кога и толку. А инаку и тие покани во форма на преничиња се убави, човек може и сам да ги направи, видете на гоогле pillow wedding invitations, едноставно и убаво-тоа е моето мото
Да погледаш на овој линк, има од 12 денари нагоре http://www.deltapres.com.mk/product-category/svadbeni-pokani
Ти благодарам за линков 42195,навистина има избор со прифатливи цени и тие од 15 денари не се лоши,ама мене ми се допаднаја поканите во мала торбичка 24 денари,и тие во мало ковчеже 30денари,баш се наобични како за цената.
И јас би сакал асама да ги подготвувам поканите и ситните работи. Те молам пошто веке имаш искуство ти и другарка ти да ми кажете од каде материјали за покани за бонбони, и како ги правевте.Те молам за идеја.Ако не овде пиши ми во лични пораки како се одвивал тој цел процес на спремање.
^ сите материјали се од пазар или од пантре мис, многу лесно се прават, прати отприлика слика што сакаш и ќе ти пишам постапка и каде што можеш да најдеш. Јас со уште една другарка прво и направивме 101бонбонче за со торта и после 400 бонбони за сите гости по една...и многу брзо и лесно ги средивме
Сноуууу јас бев повикана не ти Се зезам delvi го доби одговорот кој го бараше од мене, среќно, па чекаме слики
чисто информативно и пишав за од каде ги имам јас зимано материјалите јас досега немам правено покани, другарка ми самата ги има правено
Фала ви девојки.Па свадбата е во септември и сега сум во фаза на разгледување ..сеуште немам идеи ама до мај јуни ке ми дојде некоја...Си викам рано е уште сега да почнам, и само собирам идеи и предлози...и кога ке се одлучам рачунам на вашата помош...а каде е тоа пантре мис мислам ми пиша сноу квин..а за покани како сама ..од каде поубава и подебела хартија за печатење..
зависи што сакаш, каков вид на покана, има покани кои многу поубаво изгледаат на потенка хартија, а пак другите модели на подебела.Се зависи од поканата. инаку пантер мис се наоѓа кога ќе тргнеш од александар палас накај патот за приштина, нема шанси да утнеш огромна зграда е и пишува Пантер мис.
Ги избравме нашите Не се некои WOW зошто само тие ги имаа гратис фото студиото.Со сатенски машнички и циркончиња.Мене ми се слатки,уште даја изберам бојата на машничките ,се мислам меѓу циклама и златна Спојлер Oтприлика е вака,само со две машни и сребрест циркон во средината на машничката.Внатре исто има циркончиња со цветчиња ,ако ме разбравте
Ели не знам зошто мислиш дека поканите не се ништо особено? Мене ми се преслатки. Едноставни, шармантни, елегантни. Зарем треба да се кич? И ние имавме едноставни покани за свадба кои и сами си ги направивме.