интересен текст имаше на една покана која ја доби другарками за свадба кај нивни роднини, не ми текнува баш точно, ама нешто вака беше Причина - Свадба На кого - име на младите Кога - датум Каде - име на ресторан Во колку - час од колку до колку е прием Зошто - за да славите со нас.
Поради тоа што сте дел од нашите животи, поради вашата љубов и пријателство, ве повикуваме да бидете дел од нашата среќа додека ги соединуваме нашите животи во брак.. Или неједоставно и најубаво..Вистинските љубовни приказни немаат крај...споделете го со нас почетокот
ЛејдиДоли, со третата напнаа сите. На 4 свадби бевме канети, на сите 4 иста покана. Мене ми се допаѓа втората, весела ми е и интересна Наместо клуч може да има мало ливче, замотано, на кое ќе пишува на која маса седи, а на масата како вазна и во него да се стават ливчињата. Колку е интересно, пораката е на балонот.
Ние ги печатевме нашите во ДПИ Принт, карши гиманзијата Нова. Имам братучед кој работи таму, па се консултирав со него. Типот на хартија е битен за тоа какви покани сакаш да правиш, и што ќе печатиш на нив. Тој ме советуваше да поминам до Имиџ, Про графика или Графика промет, знаеш оние продавничките за графички материјали кај Мечос што беше на времето, да си разгледам хартии и да запишам што ми се допаѓа. Имаш многу различни видови, мазни, со структура и сл. Братучед ми набави колку беше потребно за одредениот број покани, ни ги испринта, исече и готово Златно дете Дизајнот инаку сами си го спремивме, тоа што си сакавме си го нацртавме во фотошоп. Мислам дека ова е супер решение ако сакаш нешто уникатно. Нашиот дизајн беше многу личен, ја отсликуваше нашата приказна како пар, сите веднаш ја сватија пораката и беа воодушевени. И многу ми е мило поради тоа. Така да, само напред со идејата!
Јас решив како и се останато и поканите сама да си ги правам. На хамер хартија во боја, печати од Џамбо, ги има во различни бои и дезени, исто и оние секачи за хартија што прават украсни дупчиња, има и такви, и се стварно многу ефтини, одев на курс по калиграфија, па се мислам дали да го принтам текстот или рачно да го пишувам, бидејќи се работи за 60 покани, не се многу. Веројатно ќе ги пишувам, некако оригинално ми е...
Ние денес ја добивме најкреативната покана за свадба Поканата е во големина на обична фотографија, но е направена во форма на магнет за на фрижидер. Значи е подебела и е од поинаков материјал. На поканата нема наведено фамилии или нешто слично, туку пишува само дата, час и локација. А целата покана е со нацртана слика од младоженците со карикатури. Двајцата седнати на точак Ептен е интересна и несекојдневна! Одма си ја залепив на фрижидер
Бидејќи јас будалата се решив за рачно изработени покани, ама секое деталче ќе биде рачно, вклучувајќи ги и цветчињата, од вчера почнав едно по едно да ги спремам работите. Верувајте дека 8 месеци ми се малку и дома, и на работа, и тоа да го правам, ама пуста моја ситничавост за детали! Одвај чекам да направам па да ви постирам слика...
Ova so ukrasnite sisinja i pokanata vnatre mi e mnogu ubavo.Bidejki mi trebaat destina (poradi 25 godisnina vo brak) mozete li da mi kazete dali moze nekade da se najdat?????????Gledam meU gi ima postirano pa bi zamolila da mi kazete kade da gi najdam i kolku kostaat ako znaete.Vi blagodaram