37.8 merena rektalno ne e pokacena temperatura. Doktorkata ti kazala za temperatura merena aksilarno, pod pazuvi, a taa e za 0.8 poniska od rektalnata. Znaci da si mu ja izmerila pod pazuvi bi bila od 36.8-37.3 sto e sosema vo red. Inaku sirup se dava nad 38.5 merena pod pazuvi.
Да знам дека ректално мерената е повисока од мерена под пазува, али омалаксан е. Го однесов кај педијатарот средивме. Ни даде антибиотик алмацин и електролит да раствориме по малку да даваме. Ќе биде подобар. Фала на одвоеното време. Позз Бевме кај матичната. Ни даде алмацин за грлото. Фала на одвоеното време убав ден
Оти антибитик тогаш? Може е само обична настинка. Не давај антибиотик без претходна направена кс. Секогаш барај.
Мајки од што може бебе да има температура од сношти, цела ноќ и еве денес цел ден? Сношти бевме на болница ама не ни обрнаа никакво внимание, само чепче му ставија и од 38 не му се симна цела ноќ. Денес блок макс на 6 сати давам ама и од него ништо. Го туширам со млака вода. Тем не спаѓа се измачи дете. Пред пола сат ставив чепче. Некој совет како да се симни тем?
јас симнувам со оцет, млака вода и сируп блок макс (кај нас од тој сируп веднаш симнува, провери дали му даваш точна грамажа) и мокра маица со млака вода, исто така кај нас е покажано како ефикасно. Давај кисело млеко или јогурт да го разлади малку, ако јаде тоа.
Не симнува со блок макс. Пробав и со оцет пак не симнува. Неколку пати го туширав и само за кратко ќе дојди до 38 и пак се крева. Јадење одбива само млеко пие. И малку електролити испи повеќе несака. Чекам сега од чепчето да видам дали ќе симни. Уф не симнува има 38.8 помина 40 мин од како го ставив. Што да правам незнам.
Однеси го повторно на болница денес, можеби не се тие од вчера, или јави се прашај кој педијатар е на смена штом не се симнува температурата, и пробај со мокра маица и водичка давај.
@orhideea едно 20мин. држи му ладни облоги на вратчето и под пазувите. На памучни крпчиња натопи вода или мешано со алкохол и лади го по телото, ќе спушти, кај нас само од тоа има ефект.
Однеси го пак во болница, ич да не ти е гајле. Грло да му видат и барај крвна слика да се направи. На моиве деца толку упорна и висока температурА им прави црвено грло.
Го однесов немаше кој да направи крвна слика. Утре. Му ставија инексија, си дојдовме дома и еве пак 38.5 не спаѓа температурава.
Минатава недела син ми беше 4 дена со тт постојано. Крвна слика вирус и малку црвено грло. Кај него се симнуваше од блокмакс(ама давав само пред спиење за да сум по раат) или од комбинацика чепче еферглан со пола доза далерон сируп. Од само далерон ни до 39 не паѓаше... оцет и туширање и хидрирање цело време...ама дете ми изгоре...тоа е ...видете утре крвна слика и грло...и со лесно. Трпение и сила, ќе помине
Од синоќа и еве до сега изгоре малово.Ни блок малс ни далерон ни чепчиња туширање ништо не помага.Денес на брзата го носев имал загноено на грлото.А до среда пиеше антибиотик.Сега пак.Од 37.9 нагоре по 1 2 се спушти дете изгоре.2 топломера различно ми кажуваат.
3 дена бевме со тем над 38 па до 39.4 одеше. Прв пат бебе има температура и многу се исплашив. Ни чепче ни сируп ни од инекција му спадна. Помина сега и не дај боже да се повтори. Многу се измачи.
Незнам кај да пишам, па може ќе ја погодам темава. Што би рекла Дани - се шашдисав! Бебе има температура од вчера, до кај 38,5; ама од ноќеска до сега цело време е 38. Сабајле бевме за кс, леукоцити 4, црп 5. Вирус ли е ова? Прееска дадов далерон, 2мл, толку успеав. Пишти, вришти дете, кенка цел ден. Па реков, може ќе и олесни малце. Не гледам некоја промена, се движиме од 37-38. Вака де весела е, де кенка. Па и заби и растат. Се во едно. Него, ноќеска и ставив чорапчиња со оцет, не ја симна тт. Колку често може да ја туширам? Се надевам брзо ќе мине, зашто коса ми се крева од тт.