Ispitavme i krv i urina velat nekoj si virus a sto kako od strav ne uspeav da prasam za kakov virus se raboti no rekoa deka ne e strasen ama prodolzuva so istoto tempo...
Aj ve molam ako nekoj znae dali e mnogu visoka 37,9. I dadov eferlagan I padna sega pak I e vrela glavata,da dadam pak ili da ja nosam na dezuren.
Се исплашив дека главата и беше мноогу врела,инаку има 5 ипол месеци може ли оцет на нозете да и ставам.
Можеш да ја истушираш.да и даваш течности да пие.оцет можеш на чорапчиња да ставеш.но недавајте антипиретици на температура до 38,5. Остајте самиот организам да се избори со настинката.вака со еферелган само и одмагаш.не и помагаш
До сега не сум ставала никогаш,а и нема висока тт Над 38 со 5 можеш парацетамол да дадеш Ако знае некоја мајка за оцет нека пише
Ние имаме настинка и 37.5- 38...педијатар ми рече над 38.5 да дадам далерон... што мислите вие? А лепенка смее?
Ние денес прв пат во овие 12 месеци крена температура 39 бевме на доктор сируп ни даде блокмалс во 19 му дадов парацетамол сируп и пак има 39 преска го туширав сега спие на мене утре ќе правиме крвна слика да видиме дали е вирус
Нас само чепчината ефералган ни помогнаја. Сирупиве ама воопшто не му симнуваја температура. Купи си чепчина и ставај на 4 часа плус почесто туширање со млака вода. Сигурно е вирус.
Изгоре цела ноќ до 4 сат од чепчето вопшто не му спадна го истуширав му дадов сируп блокмакс чорапчиња со киселина и заспа во 6 и 30 ладен беше и сега уште спие нема тт душа мајкина ме исплаши малку до вчера не знаевме што е тоа тт
Знам како ти е. И мене минатиот месец за прв пат ми крена тем и го држеше 3 дена до 39.5 му одеше. Го однесовме на болница во Прилеп и прими инекција и другиот ден му помина. Вирус нас ни рекоја дека е. Ќе помини ама ќе се измачите.
Мајки, бебе има тт веќе два дена. Прво 37 со нешто, па еве цел ден денес, и сеуште 38 со 2,3,4. Знам дека сируп се дава над 38,5, но детево се измачи со тт. Дали да дадам сируп/чепче? Мачкав со алкохол не се симнува баш. Оцет исто така. Туширав. Сега кога спие не е никако. Главното прашање е да оставам ли така да се бори ако е под 38,5 и ништо да не правам (без сируп, алкохол...) или да преземам нешто и да симнам тт? Лепенка да залепам? Каде може да ја залепам?
Мое дунде беше настинато. Не крена повеќе од 37.4,5 (што не е ни тт, нели). Ама цела беше клапната. Совет од доктор беше да не давам ништо до 38.5. Ептен ми рече ако и е лошо на 38 да дадам сирупче. Убаво е телото само да се избори. Чепче ми кажа да ставам ептен ако не сака сируп да пие или ако го повраќа. И тоа не целото чепче, туку малку на врвот да го скршам (идејата е да не ја прими цела доза). А затнато е бебе? Ако е затнато ми кажа топла бања, не млака за да се лади телото.
Гелче мачкаш на небца? Да не е од забче чим не оди погоре... Моиве и весели се се додека не дигнат над 38.5 па не давам сируп под тоа.
Нас ни рекоа над 38.5 тогаш сируп блокмакс ама јас дадов парацетамол не му спадна па чепче и од тоа не спадна одеше до 39.5 и на крај блокмалс и од него за еден сат и му спадна
Воглавно и јас не давам антипиретик под 38.5, ама се случило така да го држи подолго време таква никаква температура и сум му дала за да му олесни.
@Lolipop23 да, тоа ми беше идејата. Два дена е крш. Преку ден и така и така. Вака си игра, мрда, кенка чат пат, кога ќе ја земам си ја потпира главата на мене, што вообичаено не се случува. Кога ќе се стемни, друго дете, кенка, квичи, се и смета, цица, заспива, легнување на кревет малку потешко. Цела вечер и мерев тт. Не качи повеќе. Кс е ок. Леукоцити 3. Вирус! А нема ни мрсули ниту кашла. Заби има 6. Нема на повидок нови. Мачкам чат пат, деновиве заборавив на тоа. Еве бевме надвор, малку се освежи. Се надевам ќе спушти конечно. 37,2 си стои. Него, нели е многу три дена да има ваква температура? Ако не спушти уште некое време ќе дадам сируп.