Majki denes prv pat krenavme temp 4m sme, 38,3 glavata e MN potopla od teloto a nepcata mn ja cesaat ovie dve nedeli samo grize nesto I Rakata non stop u usta I e.. Mozno e da e od nepcata? Neli rano e 4m? Maticbata kaza paracetamol da I Dademe po tel ama ne kaza Koja gramaza vikendot da ne I se upropasti ama saglam doktorive..
Ефералган чепче се става цело или пола? Малата се случува да ми го поврати далеронот, па ако крене ноќеска тт да и ставам чепче
Цело се става. Ќе го прочиташ упатството пишува на колку килограми колку мм чепче се става. Над 10 кг мислам беше 150
Мајки малото настина вчера. Му тече носете од вчера еве сега качи температура 38. Да и дадам далерон или да почекам пред 38,5 да не давам. А и по колку треба на бебе 8+, 10 кг сме...ми е страв на своја рака да давам, ве молам за помош
Најдобро е да чекаш до 38,5 за да телото се избори само. Покачената температура е дел од имуниот одговор на организмот и со нејзиното снижување го одолговлекуваме оздравувањето. Сепак ако подолго време го држи таа константна температура и ако притоа му е многу мачно на детенцето дај му една доза за да му олесниш. За дозата прочитај на упатството, мислам 2/3 од шприцот беше за таа возраст.
Во меѓувреме масирај го со оцет или алкохол(ракија), облечи му мокри чорапчиња, на челото стави му мокро крпче само со вода. Прави се друго, а ако не се симне со тоа дај му далерон(парацетамол).
Малава ми крена темп. И дадов сируп пред саат сега заспа. Ми е страв дека заспа, почна да слегува темп. По 6 саати да дадам пак ако крева или како превентива можи пак?
Ajde mamicki .. ne napadna i nas tt eve 2 dena po red .. bevme deneska na pedijatar almacin ni dadia zaradi crveno grlo .. davam ibuprofen pa cepce .. ocen na corapcinja i taka na noze .. tusiram so mlaka voda.. ce se simne i pak od nigde negde pak se kacila .. krvna slika utre ke pravime pa ke vidime so ke pokaze .. a prasanje mi e posle kolku vreme ibuprofen ima efekt ?. Kako sto gledam jas kajmene nema efekt .. samo od ocetov i cepceto mine .. ne vidov deka ima nekoj efekt
Зависи кај сите различно делува, зависи и како и колку качува... синчето кога ке ми качел тт, тоа обавезно одело 40... масажи, туш, оцет, сируп и пак имал висока. Сируп до 37.5 ке симнел и за два часа пак нагоре одело, едвај 4,6часа го имам додржувано за до нареден сируп. Инаку со Ибупрофенот се случувало и 30,40мин да чекаме да почне да симнува. Кај нас чепче најбрзо симнувало и највеќе време го држело.. и брзо ми симнувал со мачкање алкохол, но тоа не го држи многу.
Крева,туширам пак крева и така во круг сега едвај заспа преморена,ставив чепче.Уфф прв пат ми крева страв ми е многу.
мами а со каков топломер мерите температура? има некаква врска? дома имам живин ама ми е страв кај бебе скоор 2ипол месеци е а многу претка. Купив еден од нук дигитален и баш денес кога ми е најпотребен, викам ај пред да си легнам да му мерам температура зошто денес го вакцинирав ми јавува 35 :/ или ја не знам да баратам или бебац многу ми претка
Ја си мерам со дигитален...стави го убаво под мишка и стегни и го рачето према телото и пушти да мери...најдобро во скут кај тебе полесно ќе и ја задржиш раката стегната...
Јас мерам со дигитален на чело.. ако ми е сумљиво мерам плус со живин, ама секогаш ми покажувало исто.
Дали може да има тт, а да не е топла на чело? Спие и топли и се рацете и нозете ама на чело ја пипкам со раце и усни и нормално си е. Топломерот ни е за во газе мерење. Треба само да го доближам или навнатре да се стави?
треба убаво да се стави внатре во газето,од иакуство ти кажувам ако не е било убаво наместен ми кажува пониска тт.Ќере последниве неколку пати не е многи жешка на чело а кога измерам има покачена тт,не сакам да плашам јас си мерам што е сигурно - сигурно.
Ме интересира дали чепчето го има истиот ефект како сирупот? Ќерка ми сируп не може да смисли, па ставам чепче кога има тт