1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Покачена температура на бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Ivaivana, 14 јануари 2017.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Можеби е забче, заби. Од заби креваат малку тт. Ако отиде преку 38.5, тогаш веќе не се заби..
     
    На Jana2770 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Можеби..има 9 м а сами 2 забчиња долу има. Последниве недели многу се лигавеше..препретерано. А максимум температура крена 37.7 ..сега веќе заспа. Рачината повеќе не се ладни и тт е околу 37.0 до 37.4
    Искрено се испотресовме со мм ..и се надевам дека помина
     
  3. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Еве исто и денес си тераме.. не качуваме над 38 ама сепак напати покачува до кај 37.6..7..8
    Ја држам по боди, долби пижами и чорапи. Собата не е претерано жешка ни ладна. Дали нешто друго да и правам? Ја нудам со вода на секој 1 сат. Башка цел ден цица.
    Дали треба да ја капам? Искрено ми е страв и грев да ја капам :(
    Дали ако е од заби тт ќе трае додека не излезат забите?
     
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Па немора да значи, може ден да има, ден да нема... Ич да не се тресете, тоа не е страшна температура. Дури и ако е вирус, супер што го поднесува со толкава тт, а не оди нагоре.. тоа значи добар и е имунитетот и се бори организмот :) Јас ако качат 39 веќе се плашам, пред тоа исто како и кога немаат, немој толку да се плашите. Ништо посебно не прави, терај како и секој обичен ден, се додека не качи повеќе од 38.5 (а верувам нема да качи, чим до сега вака си тера), тогаш на повисока веќе се дава и сируп, се мачка телото со алкохол, се тушира...
    Сега нека си цица кога сака, колку сака, поубав лек од тоа нема :)
     
    На Jana2770 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Акопричина за тт се заби (а мислам веќе дека е тоа причината 90% зошто некако како подуени и се непцата) колку време може да има тт? Еве веќе над 2 дена си играме спушти падни.. до душа сношти 12 сати немаше кренато.
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Кај нас додека не изби... ден имаше, ден немаше, па ке качеше малку неколку саати, па пак ке немаше.. вака како кај вас, кога изби забчето престана да качува..
     
  7. Jana2770

    Jana2770 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Испадна дека било настинка..не крена повеќе тт од засношти, вчера и се појави осип. Док рече од тт бил. Ќе поминел за некој ден.
    Сега друг проблем. Дали е можно да е толку нерасполпжена и омалаксана од тт и што е настината? Сака само да спие. Дел од денот активна е..ама повеќето нервозна. Сака да спие на мене или на татко е, а кога ќе ја ставиме в креветче одма плачи без разлика колку заспана била. Инаку си имаше ред преспиваше 3 пати вкупно 2 сати и си беше насмеано бебе па сега ни е чудно вака. Дали некој се соочил со ваква промена? Дали е можно да е резултат на настинка помешано со скок во развој ( 9м и 10дена)??
     
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Па има скок тој период. Може комбинирано... и што беше со тт и скокот.
     
  9. cvekence123

    cvekence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Мајки бебе вчера прими вакцина и вечерта качи температура 37 со 6 и дадов шурупче и одма и се симна,цела вечер немаше кога сега мерев пак има 37 со 2 и дадов шурупче прашањето ми е колку дена е нормално да има температура по вакцината? Треба ли да пробам со нешто друго?
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    А зашто даваш сируп на таа тт? Не се дава сируп бар до кај 38.5. Ако е помало бебе и на 38.. Остави нека се бори малку сам организмот..
     
    На karak, cvekence123 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  11. cvekence123

    cvekence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2018
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Докторката што ја прегледуваше ми рече ако е над 37 со 3 да и дадам шурупче или парацетамол..
    Малку сум паничарка прво бебе прва температура,300 мисли во глава..
     
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    126.491
    Нит носе растечено,нит кашла одеднаш 38.5
    Се двоумев за сируп сепак дадов Ефералган.
    Ова претпразнично....
    Трет пат крева мене страв како прв пат.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    @mal.ecka мојот без никакви симптоми кревал тт од црвено грло.Ни ќе кашла,ни нос ништо.
    Оппп температура.За тоа обавезно си добиваме антибиотик.
    Или евентуално од вирус и го држи 3 дена константно висока до 40 му оди.И после третиот ден како ништо да не било.Само со шуруп за тт и чепче симнуваме до крај 38.

    Со помин нека е. :hug:

    @cvekence123 да знаеш за нареден пат,не давај шуруп за тт под 38.
    Расоблечи дете,истуширај го со млака вода,глава не водени....
     
    На cvekence123 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. НМарија

    НМарија Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Мајки, да помага која има искуство. Бебе 7 месеци и 2 недели од вчера има температура. Многу е омалаксана, плус има пролив и повраќа. Двапати бевме од вчера во Систина и само ја измалтретираа и пак дома се вративме да ја лечиме. Многу ми е страв да не дехидрира. Млекото го повраќа, и давам електролити со лажичка, ама мислата ми е што не е најдена. Некој со слично искуство? Инаку на крвната слика ЦРП беше покачено и и дадода Панцеф антибиотик
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Штом повраќа и не треба да јаде, само течности давај, млекце, електролити, вода... Со јадење ќе почнеш кога ќе престане да повраќа. И обавезно пробиотик давај бидејќи стомачен вирус во комбинација со антибиотикот ќе ја поремети целата цревна флира.
     
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Исти сме, со истата терапија, само што ние сме 18 месеци. Многу сум испаничена. Првпат сме со ваков вирус. Инаку, доколку сте на ад млеко не ни треба сега да пие зашто бетер ќе повраќа и пролив(така ми кажа докторката од Ремедика), само кисело млеко или јогурт со лажичка. Ај пиши ми во порака како сте сега.
     
  17. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Дали бебе од 2 месеци смеам да масирам со алкохол и вода 1:1 за време на тт? Ако не, тогаш на која возраст тоа може да се прави? И бидејќи е толку мало, а да речеме дека не смеам да масирам со раствор алкохол и вода, што да превземам за спуштање на тт, освен нели да чекам 4 до 6 саати да дадам сируп.
     
  18. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.311
    Пол:
    Женски
    Подобро оцет јаболков со вода натопени на чорапчињата и истиширај душичка побрзо да и помини
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.288
    Пол:
    Женски
    Ако е многу висока тт, на лекар најдобро да го однесеш малото. Таму ќе ти дадат најдобри совети.
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    ako ne si bila na lekar pomini napravi ks inaku zavisno see od visinata na tt ako e blaga i lepenkite mozes da gi koristis