Здраво.. веќе два дена бебето ( 12 месеци) топло е на главчето и на телото, а нема тт. Што може да е проблемот? Некако е по кемкава од обично.. Ве молам кажете некој совет
Ама температурите овие денови и минатата недела не се исти. Не можеш и на -10 и на +10 исто да го облекуваш детето. Зошто хупахопки на ова топло време?
Мајки да прашам дали имала некоја мајка иста ситуација Бебе е 2.5 месеци весело е не е кенкаво бев на преглет грлце гради се во ред .крвна слика во ред. А вчера вечер ми качи тт 37.6 Преку ден нема ништо а навечер ми качува сега пак мерев 37.7 му дадов парацетамолче по препорака на докторката од што може да биде дали некоја мајка била со исто искуство ?
Само еднаш ми се случи дента качи 37,4, а исто претходно бевме на контрола, гради и грло беа ок. Ѝ се јавив на матичната, ми рече да ја расоблечам, ја измачкав со оцет помешан со вода, па толку, ја симна за кратко. Немавме два месеци кога беше ова, а зошто беше... најверојатно од преоблеченост
Здраво мајки, сакам да прашам за мислење Претходната недела ни беше дадено цефаклор поради црвено грло и добра крвна слика а температура најмн до 37 со 3, но во понеделникот почна мн да кашла син ми и го носев на педијатар ми рече малко како да закачил бронхит и ни даде нов антибиотик и инхалации и на секој 8 часа парацетамол бидејќи има жариште (а претходно качуваше само навечер тт најмногу 37 со 3) мислење ке ве молам?? 7 ипол месеци сме
Побарај второ мислење од друг педијатар ако не веруваш на матичниот, тука на форум не знам кој би можел да ти даде совет за ова.
Бебе денес нешо бајаги топличко на чело. И тоа свекрва ми го примети. Ај викам ќе го избањам ама нешо ко да е топло. Температура му мерам 36 со 2,3. Ич не ми се сигурни ова топломериве а 2 ги имам. Мм на него мери 35. Ја не знам 35 некој да има :/ па превентивно најдов од лепенките за тт и му стаив на ноџе, ваљда нема штета и да нема тт. Него какви топломери коростите? Овие дигиталниве од 34-36ми покажуваат, не разбирам
Само живин. 3 ги иам дома ниеден не покажува точно. Еднаш ми покажа 39,7 а знам скоро стално помалце покажува, мерам со живин 37,8. Срце у петици ми отиде викам 40+ качи. Или па дете 39,5 тој 37,2 покажува. Ако покажал 36,2 нема тт. Знам по мојава а покаже 36,9 веќе качува тт. Провери си со живин.
Безконтактен на Микролајф од Еурофарм. Супер е. Мери точно. Плус не мораш да го стискаш да седи мирно, па кенкаво, не сака. За 3сек мери на челце. Плус мери и собна Т, течности...
Со првото дете додека беше мало и често се разболуваше користевме и сеуште користиме живин топломер. Ама сега за второто здравје живо и здраво да се роди, сакам да купам безконтактен, од причина што приметив дека го користат и во државните и во приватните болници. Ке купам ист како кога лежевме со малиот н детска хирургија, го има во Зегин. Штом тие го користат веројатно се сигурни. Со ист и во Систина мерат.
Драги мајки, да ве прашам за мислење...Малата, 11 и пол месеци од вчера е настината и одржуваше темп од 37-38 скоро 24 часа. Јаде, пие млеко, весела е. Само носот и многу полн, прскам Синомарин и шмукам со аспиратор цело време, ама постојано и е полн, едвај спие и пие млеко. Знам дека до 38,5 не се дава антипиретик, ама многу време ја држеше и сабајле во 4 и дадов парацетамол. Сега нема темп, не знам што да правиме со носот. Се мислам дали да ја носам кај матичната денес, ама па од друга страна за обична настинка не ми се носи, многу плаче кога ја прегледуваат. Дали сте имале вакво искуство со темп да ја држи цело време?
Крвна слика ок Леукоцити 9 (авицена) Денес цел ден носот секрет полн како вода не може да диши ни да цица убаво. Тт 37.5 Како симнувате тт 11 месеци има??
Будни мајки, денес прими малото прва вакцина дитепер и качи тт 37.4 најмногу. Прашањето ми е на колку време треба да ја следам додека спие, може ли нагло да качи повеќе оти не и дадов ништо, само ја истуширав со млака вода?