Daleron sirupce za bebe 5+, okolu 7kg, kolku se dava? Maticnata e na odmor, zamenata vika 4,5ml. Ne e mnogu?
Здраво мајки малата ми е 1 и 3 месеци ја примивме вак за заушки имавме реакција на 10 ден со мала тем 37.3 до 37.4 крени падни така една ден. На 19 сега имавме ревакцина и еве денес 11 ден прави од кога ја прими и имаме иста тем како предходно ама и течење по малце на носето таа тем ја има од 17h па до сега. Малце ме чуди како не се намалва дали е ова реакција од ревакцината или е некоја настинка? позз мамички
Мајки, дали сируп Далерон давате по килажа или возраст? Дете од 1 год и 4 месеци и 14 кила. Висок прилично за возраста е. Колку далерон треба?
Пола од килажата, 8мл. Вака кога си во недоумица, гугл прашај си го Јас пола од килажа давам, но за секој случај и ти проверив на Гугл, пиши: dose daleron for 14kg
Сум заборавила... Ама нека си праша лекар најдобро. На google така пишува 8-9мл за 14кг. Јас на синко кога беше мал, се по возраста му давав и никогаш не симнавме температура како што треба, ни 2ч не издржуваше.. па многу веројатно да сум му давала мала доза. Зошто он па многу голем беше за возраста. Еве го сега е веќе 2г на апчиња за возрасни, а има 8г. Нека јави на матичен да си праша.. 10 до 15мг на килограм оди (така пишува и во упатството). Еве со 10мг да одиме, 10мг х 14кг = 140мг. Значи треба најмалку 140мг парацетамол за 14кг.
Како се лепат лепенките за разладување што менуваат боја? Двапати одиме на вакцина ни велат да купиме такви и да лепиме на местото на боцнатото ама цело време ни се одлепува и паѓа па си реков да не не знам да залепам правилно. Ги отворам од пакување, сечам мали парчиња со ножица и го одлепувам проѕирниот дел, гелот го ставам врз кожата. Нели вака треба?
Јас ги прицврстував со ваков фластер https://www.zegin.com.mk/mk/life-care-khartien-khipoalergenski-flaster-5-m-x-25-cm
Благодарам. Искрено, мислам дека се фрлени пари и да прашав колку се пред да плаќам немаше шанси да ги купам. Според мене, жива глупост.
Јас не мислам дека се глупост, мислам дека супер работа вршат. Еднаш не ставив и се покајав. Ставив ациди борици облога наместо лепенка, ама не помогна, многу му беше загреано местото на синко, имаше разлика. Е сега си имаат мана што не се лепат добро, ама има решение и за тоа.
Дали е можно од заби да качат Тт? Близнациве 3.ипол м се пред некпј ден ги крстивме беа во фустанчиња цел ден надвр од 2 до 6 чааот и сега некпј ден поале тоа еве како благо покчена тт и нервозни. Инаку едното има 2 запчиња а др само еден.
Ако температурата е над 37.7, за толку мали бебчиња обавезно консултација со педијатар. Ако е благо покачена, може да е поради запче.
Мајки не можам да најдам соодветна тема па ќе прашам тука - под кое име се бараат Дијазепам чепчињата во Косово? Моментално имам познаник таму сакам да ми донесе но не ги знаат под ова име