Покачена температура на бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Ivaivana, 14 јануари 2017.

  1. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    1.672
    Пол:
    Женски
    Под пазуви, со живин..само со цртани, а во спиење сечам боди (facepalm)
     
  2. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Дали давате чај мајки и каков? Првите два дена ич не сакаше вода, примаше инфузија во болница и инхалации заради вирус. Се мислам утре дали да купам чајче, вода си пие сега убаво.
     
  3. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Што ви кажаа од болница?
    Можеби подобро електролити место чај.
     
  4. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Пишаа пробиотик, инхалации на 12саата и повеќе течности
     
  5. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Електролити, супа, јогурт. Не знам колкаво е бебето и дали може се ова. Побрзо да оздрави.
     
  6. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Скоро 15месеци, ќе одиме денес на контрола и ќе прашам. Фала ти.
     
  7. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    557
    Бебе 1 година, крвна слика со црп 2 и нормални леукоцити на долна граница, на 6ти ден од разболување. Температура уште качува два пати на ден. Пред пола месец беше исто болен, се утепавме од пиење парацетамол и блокмакс. Како поинаку да пробувам да му ја симнувам температурата, да одмори малце од лекови? Пробав со туширање и мачкање ракија (по на баба ми паметот) и ич не се спушта.
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    15.334
    Пол:
    Женски
    До колку оди?
     
  9. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    557
    Тераше до 38,7-39,3. Јас на 38,5-6 му давам, зошто кога чекав до таму стигна. Прееска накај 1 попладне му дадов на 38,6 и еве сега пред малку заспа и гледам полека качува 37,3. Сега секако не давам ништо ама си викам ако можам во оваа фаза нешто да направам би било супер.
     
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Освен температута, дали има други симпотми? Грлце црвено, носе растечено...? Брис од грло и носе дали направивте?
    Ќерка ми обично при ваква ситуација со температура добива инхалации и за ден-два температурата и поминува.
     
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    15.334
    Пол:
    Женски
    Некој вирус е чим иде толку високо, дали има дриги симптоми?
     
  12. Moon&me

    Moon&me Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    56
    Можеш да го тушираш ама кога ке спадне температурата на 37,и тоа со топла вода. Ако го тушираш додека има висока температура може да направи треска. Истото важи и за мачкањето поготово НЕ СО ракија.
    Јас имам ставано парчиња компири на стапалцата кога му се ептен жешки,му ја земаа температурата малку од малку...
    Не се грижи,ќе помине.Имунитет додека да стекне е умоболно за нас мајките...
     
  13. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    557
    Брисевите се океј освен мораксела што ја има од пред неколку месеци ама докториве ми викаат не давале антибиотик за неа, сите деца во градинка ја имале... сакам да кажам, се има неколку пати разболено и оздравено откако се појави на брис, не верувам дека сега е причинител ама не знам. Спомнав на доктор, викаат не е тоа.

    Инаку грлото не му е црвено ама носот му е партал, и затнат и растечен, сега веќе повеќе затнат. Преполн е со секрет... правиме инхалации со Бисалвон и синомарин, матичната сакаше два дена и вентолин да вклучи ама од Систина се многу против, немало потреба од бронходилататор кога нема обструкции, само шлајм е што треба да се исфрли. Не знам веќе кој да слушам, сепак не вклучив вентолин зошто скоро секое разболување ми го вклучува матичната и си викам да не е премногу.

    Кашла исто така. Чистиме нос со носко и шприц, прскавме Мералис, сега Насориг... ушите му се воспалени, од пред 2 дена ставаме дексаметазон неомицин... Еве 7ми ден е, температура уште има. Крвната слика од завчера му е таа што ја пишав погоре, претходно црп му беше 19 минатиот викенд, сега еве се спуштило на 2. Ама едно е крвна слика, друго е детево што уште е крш. Навечер инаку ми има хипотермија, ќе качи 38,6-7 накај 10 саат, ќе дадеме нешто за тоа и во текот на ноќта спушта нереално ниско, до 34 степени. Се ова го кажав и на матичната и на докторката во Систина, вчера бевме, викаат нормално е. Докторкава во Систина е особено незагрижена, и верувам многу, ама како родител што го гледа детево 7ми ден болно со температура и преполно со секрет, не можам ни да спијам веќе.

    На последниов преглед вчера ни кажа дека нема ништо драматично, вирус е, може да трае до 10 дена, да си продолжиме со терапија. Побудалена сум, не уништи градинкава, 6то разболување му е од декември. Обично температурите му проаѓаат за 3-5 дена, сега тера 7+ а пред еден месец кога беше болен исто му траеше долго, 8 дена. Истиве симптоми скоро ги имаше, истата терапија беше само плус тогаш и грлото му беше раздразнето.

    И така, извинете што се испукав тука ама многу ми е тешко.

    Прашањето за природно симнување температура ми е зошто си викам хипотермииве да не се поврзани со премногу парацетамол и бруфен, а и да не се веќе го отрув детево со лековите, да пробам некако природно.

    Ја направив таа грешка со ракијата... нема веќе. Ќе гледам да го фатам кога ќе има 37-37,2-3 тогаш да го истуширам. Ќути, не да е умоболно...
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.226
    Допаѓања:
    78.456
    Пол:
    Женски
    Со така ниски леукоцити (може и уште подоле да биле или тек да паднат), дава грип или корона.. и да и двете знаат да потраат со симптоми :( Виранто обавезно давај при први симптоми на вируси и настинки.. многу добро се покажува тој сируп кај нас. Е сега кај вас си затерало, ама уште 2,3 дена ќе го држи макс и ќе се смири темп. Кај едново девојче (3 дечиња имам), имавме еден таков вирус еднаш и добри 10+ дена имаше температура, со крвна слика одлична. Дури и од вена и зимаа подетално да испитаат, се беше супер..
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    15.334
    Пол:
    Женски
    На другарка со истата бактерија заврши на антибиотик локално, зашто се удави во секрет детето, повраќаше од секретот. Ушите плус воспалени, мислам дека треба да одиш и на друго мислење освен Систина. Ние со корона три дена бевме со 39.1 и толку беше, на 9 месеци прележа малата. Па на крај завршивме на инхалации зашто глас снема од короната, не ја држеше толку многу короната.
     
  16. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    557
    Леле за грип не ни помислив, може и тоа да провериме. Давам Виранто инаку ама секогаш го пропуштам првиот ден, ќе му потече носето и си викам ајде можда ништо не е, и следниот ден ќе качи температура. Тука правам утка(facepalm) ќе гледам следен пат да не чекам. Ајде се надевам уште ден-два ќе е подобар, фала ти многу на информации.

    Имаш препорака за трет доктор? Би одела, особено ако до утре нема подобрување. Додуша докторкава ни е дежурна во понеделник, рече да одиме ако има потреба ама ќе закажам и на друго место ако треба.
    Инаку јас стварно инсистирав за бактеријава да се размисли дали барем локален антибиотик да прими, еве како случајов со другарка ти, ама и матичниов педијатар и докторкава во Систина некако го занемаруваат тој дел, ме убедуваат дека не е од тоа и џабе ќе ја нарушувал микрофлората или кој збор и да го употребија. И што да кажам, викам океј... вие знаете повеќе од мене ваљда.

    За корона или грип треба посебна крвна слика да се прави или со брисеви оди? Заборавен ми е цел тој корона процес, а за грип па никогаш се немам тестирано.

    Фала ви на одговорите, ептен ми треба вака да споделам мислења и искуства со некој, немам никој околу мене со мало дете
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    15.334
    Пол:
    Женски
    Брисеви аври направивме, таму ја покажа короната. Не знам и на нејзе и викаа не треба за моксарелата за на крај да се удави во секрет детево и после наеднаш мора антибиотик, месец и пол се измачи од што не и даваа антибиотик не спиеше од што повраќаше секрет. Јас во Козле ја носев вака кога било неработен ден, а преку недела кај матичната. До сега задоволна и од Козле и од матичната сум кога била болна. Ние лежевме во Козле и само пофални зборови имам како и се посветија, бебе со 300 црп, се што можеше и испитаа, стварно сум задоволна.