Ние го закачивме стомачниот вирус бебето има 6 месеци и два дена изгпре од температура 39 па 38 и давав сирупче блок макс кидс многу ефикасен ја симна температурата на 37, па после дијареа го фати давав електролити и диастоп капки.
Здраво. Бебето 8 месеци сабајле имаше температура 38.7 му дадов блок макс му се симна на 37.1 сега има 37.8. Дали да му ставам чепче?
И моето бебе е во слична ситуација. И јас му давам Блокмакс веќе втор пат. Не сум сигурна за дозата. На кутивчето пишува 2,5 мл. Колку му даде?
Мајки хелп, имаме три топломера дома и ниеден не ми е веродостоен. Два дигитални и еден како со жива но тоа всушност не е жива некој друг елемент и тој ми покажува неточно. Знам дека се најдобри тие со жива но каде да најдам ги нема по аптекива да не има забрана да се продаваат со жива топломери? Или ваш предлог некој што е точен колку сака пари нека е или ако сте купиле сегс брзо со жива да ми посочите каде. Поздрав
Со галиум се, точни се. Не би знаела да ти кажам дали има некаде да се купи со жива топломер ама не би ставала со мало дете не дај Боже ќе се скрши ќе се испаничиш од живата, па собирај, проветрувај... 4-5 минути под пазува и точно покажуваат, јас мерам и со дигитален после овој со галиум чисто да видам дали покажува приближно ама откако ќе бипне го оставам уште 2 минути како што и пишува на упатството и секогаш истата температура ми ја покажува
Овој со галиум еднаш го искористивме и остана на 37°не се спушта ниту се качува. И во чорап го ставив, го вртев џабе
Исто и кај мене се укочи на 36,1 нема врска ова со тие живините. Овој испадна полош од дигиталните .ме утеши со чорапов и јас исто пробував да го мрднам не успеав
Леле Не ми се случило, на Detect ги користам а тешко се спушта назад, тоа заборавив да напоменам но не ми останал така