како може крвна слика а црп 53? мн мн ви е високо побарај одма совет од друг лекар.Толку високо црп укажува на бактерија
и висока Т и високо црп имате.Брис барај да правите за исклучите бактерија и уринокултура.Јас така би да е мое дете.
Нормално е покачено ЦРП после вакцина. Секоја вакцина предизвикува инлфаматорен процес во организмот дали послаб или појак, па со тоа се покачува и ЦРПто. Бактерија не би рекла дека е бидејќи се мирни леукоцитите.
Истото ми го кажа и докторот, рече денеска ако пак крева висока ТТ тогаш ќе правиме други анализи. Ноќеска крена 39,9, каков беше.. Мн ми е страв од тие ТТ...
Што вакцина примаше? Инаку според крвната слика, на вирус ми личи, ЦРП се покачува и кај вирусна инфекција. Кај големиот имавме случај на покачено ЦРП, а се' останато во нормала, па матичната кажа дека е вирус, антибиотик не доаѓаше предвид.
Петовалентната, таа на 4 месеци (втората после болница), на шестовалентната немаше никаква реакција. Докторот кажа дека е таква изместена крвната слика од вакцината. Некако мн ТТ е за реакција од вакцина, еве сбајлево му ја симнав до 37,3.. надоле не оди Какви мисли ми се вртат од тие високи температури
Носете го и денес на дежурен. Многу е навистина таа температура. И мене ми личи на вирусно штом се леукоцитите мирни, во петовалентната вирус е само полиото. Секако мора да повторите крвна слика, највалидно е 48 часа после првата крената температура. Ние обично правиме веднаш после првиот симптом и затоа леукоцитите се сеуште мирни. Не знам дали цица, ако да, нуди го почесто да цица, ако е на АД давај вода да не дехидрира.
Мајки блиц прашање, после ќе ве читам и ќе ви пишам асално. 39 од заби температура можно е? два дена по две три залчиња јаден, парацетамол го повраќа, мрсули од проѕирни во бели прејдоа...
Па не би требало толку висока од заби,ама им паѓа имунитетот од забите и знаат да закачат некој попатен вирус
Мислам толку висока не. Всушност еден др еднаш ми рече, од заби растење температура не се качува. Туку кога растат забите пага имунитетот, па телото полесно е на удар на разни вируси и бактерии, на кој одговара со покачување на тт. Проверивте ли грло, к.слика, црп и брисеви. Кај моето дете многу црвено грло дава така висока и упорна тт. И мојот го поврака парацетамолот од секогаш, а му дојде до грло се му се врака назад. Јас давам блок макс или чепче ефералган.
И јас колку што знам тоа е многу висока тт за да е од заби. Доколку во тек е процес на пробивање забче може е пднат имунитетот па има "закачено" некој вирус, настинка или бактерија. Ама само од забчиња мислам не.
Од заби температура не се качува, туку вадењето заби е проследено со намален имунитет и соодветно, лесно активирање на веќе постоечки вируси/бактерии во организмот, или закачување нови, па таа вироза/инфекција е причина за покачена тт. Најчесто се вирози. Ова ми е потврдено и од матичната на децава и од нејзината замена.
фала ви мајки. до сега од заби Максимум качуваше 37.5 ама од синојќа е хаос. дури и со блокмакс едвај до 37.5 симнуваме. ќе направам крвна сега и одам кај матичната. фала на сите.
Моето искуство со втората ќерка ми покажа дека на секој изваден заб креваше температура висока 39, исто како што опишуваш нервозна цело време сака да гризе нешто, проѕирни мрсулчиња па дури и мало поткашлување заради слевањето на мрсулчињата. Така ден, два - три и после како ништо да не било, крвната слика супер.
Заспа сега. Изеде една банана некако, испи и сокче од портокал. температура 36.9 моментално. Преморен е. Чудно ми е што се утепа од какање и вчера и денес, нормална кака, а нема баш храна во него. Ќе го чекам да стане па ќе одиме на лекар. Грев ми беше да не го оставам да дремне, многу е уморен. Сабајле од ум ме извади. срцето тон врз тон. омалаксан крајно. среќа дур го спремам за на лекар се потсмири па не отидовме веднаш...
Здрavo мамички, 3+ сме, и ми крева температура по малку, прво дете ни е, немам баш искуство, што мислите кој е најдобар начин за мерење температура... Ви благодарам