Кога се мери во газе се одзема 0,5 пример ако покаже 38 на дигиталнот топломер ќе одземеш и ќе биде 37,5.
Јас секогаш им мерам под мишка, аксиларно. Детето во скут ке го земам, кога е смирено се разбира и раката на која е топломерот му ја држам цело време кај рамото. И ние бевме викендов со тт, 5 месеци е. Качи 38,3 само еден ден и една нок и толку беше.
јас имам на nuby .Само го допирам на чело .И на клиника паметам еднаш така ни мереа.Нема вриштење.Досега точно ми се покажал кога сум споредувала
Јас го користам на Микролајф безконтактниот... Не малтретирам дете.. Само 3 секунди пред чело и готово.. Не дај боже да треба, ама навистина се најдува.
A kako сте задоволни од овај на микролајв, ние зедовме денес на микрокајв, за сега на чело покажува исто како и со живин...
Многу сум задоволна.. Покажува точно, лесно и брзо.. Баш дека покажува исто како живин... а е далеку побрзо и не малтретирам дете да пазиме да не го скршиме обичниот.. Е да е инвестиција поскапа од живин, ама многу е практичен
Околу, 2200-2300 пред 3ипол години. Од локална аптека во мојот град ... Еурофарм сега мислам ги имаат производите нa microlife во другите градови, кај нас нема.
Мамички ве молам за мислење, синчето ми качи темп 37.9, а веке неколку денови е нервозен, се лигави, рачињата во уста и ги трие непцата ( 3+ е)... Сега бев на педијатар вика нема ништо на плуча на грло... За кратко време му спадна темп на 37.1 без да му дадам ништо... Дали е возможно да е од запчињата??
Можно е, Мада владее вирус. Не му давај ништо освен ако не ти крене над 38.5 . Мене така ми кажаа доктори на две места.
Пред да паничиш прво расоблечи го, да не е прегреано. Ако почне да се намалува т тогаш топло му е. Ако продолжи да кажува тогаш на педијатар оди.
Мајче јас наизменично редев чепче после 4-6 часа далерон или антибиотик не ми текнува точно. Ама тоа ако не и се спушта температура. Ако и се спушти од едно чепче не реди повеќе. Со помин.
Дај далерон ако имаш. Чепчињата мислам на 6 часа се редеа, немам упатство да прочитам. Да ја тагнам @joy1 за совет да кажи.
упатство баш сега домав читав пишува најдобро е на 6 часа не порано. а сируп имам давано и на 4 часа кога било ептен кризно
Епа нека почека ако не е многу висока тт уште два часа. @BirMelek во меѓувреме можеш да ја истушираш само не и го миј главчето, и не ја облекувај многу.
@BirMelek а колку качува најмногу? Прашај ја и свекрва ти мислам лекар е веројатно она подобро знае.Давај и да цица често(ако цица) и водичка,бистри сокчиња .
Eve ja sega dojde ja masira. Detevo ko izbezumeno e, vika, skoka i zboruva... A jas ne znam kaj se naogjam, da ne bese sveki ke umrev. Dadov i cepce na 4 saati, a zemav i blokmaks, kako podobar bil...