Девојки како се осеќате со хормонската терапија? Јас пијам бромергон и од него ми е заникаде. Ми се зголеми апетитот, се осеќам подувано, ми се менува расположението, од апчињава ми се спие (среќа навечер гледам да ги пијам) понекогаш глава ме боли и ми паѓа притисокот. Знам дека ова се очекувани ефекти ама се осеќам пречудно.
Два месеца како пијам достинекс по една половина неделно и немам несакани ефекти, а и да има ги преспивам бидејки пред спиење пијам. Имам читано многу за двата вида на апчиња за пролактин и 90 посто од корисничките се жалат на бромергон ,а за достинексот дека не појавува никакви ефекти.
Na pocetokot e malku tesko prvite dve tri nedeli posle se naviknuva organizamot na niv jas gi pijam veke 7 god bromergon i nemam maki nikakvi
Taka i pravam @Meckicja ama bez razlika na tajmingot koga e zemeno apceto se osekjam vaka kako sto se osekjam
Јас измерив пролактин и ми беше 56, докторката ми препиша бромергон да пијам по шема но се чувствувам никако.Ги пијам навечер пред да си легнам .Наутро не можам да се расонам 15 минути,се будам со главоболки и во текот на денот посебно кај 13 часот чувствувам омалаксеност.Во план сум да ја посетам доктопрката и да побарам да ми ја смени терапијата
Тоа е тоа тие се нус појави и јас многу лошо ги поднесував, главоболка,поспаност,нервоза омалаксаност но после тоа се навикнав на нив.
И јас имав препишано од матичната бромергон и многу ми беше лошо со месеци. Ама си викам доктор ми ги препиша сигурно ќе биде поарно и со месеци ги пиев и си трпев. Пред неколку дена побарав мислење од 3ца други гинеколози чисто да слушнам и друго мислење околу терапијата што ми беше препишана. Сите 3ца ми рекоа подитно да го прекинам Бромергонот затоа што предизвикува многу нус појави и ми рекоа само се уништуваш со нив. Дури и во разговор со една од докторките малку ме фати страв. Јас дефинитивно решив да ја променам мојата матична и да одам кај друга докторка. Новата ми препиша Достинекс. Малку се поскапи ама ми кажа дека за многу краток временски период ќе се симне пролактинот и ќе може да останам бремена. Претходниот матичен гинеколог ми ја утнал дури и дозажата на бромергонот другава ми рече дека во никој случај не се дозира онака како што она ми кажала да пијам. плус место да ми се намалува мене ми беше последниот пат на мерење зголемена вредноста на пролактинот. Катастрофа! Толку многу се изнервирав што си го изгубив времето со Бромергон и со неписменана докторка. Почнавме сами да стануваваме доктори од што нашево здраство е заникаде. @tazna муабетот ми е консултирај се со докторката ако не ги поднесуваш тие нека ти ја смени терапијата. Немој да се мачиш со Бромергонот. И јас бев иста ко тебе дури и полошо.
И јас сум под терапија на Достинекс, четвртинка еднаш неделно.. Веќе неколку месеци ми е под контрола пролактинот, и немам никакви нус појави.. Имам напишано и претходно, но, ако имате можност купувајте си ги од Грција, дека таму се дупло поевтини.. 4 € се 2 апчиња, а кај нас едно е 300 и нешто денари..
Mene mi e pokacen za 1 (do 25 e dozvoleno jas imam 26) i pijam po 1/4 bromergon ama nus pojavi nemam nikakvi,navecer go zemam.mozebi e mala dozata zatoa...
јас на моја иницијатива испитав пролактин бидејки кога испитував пред два месеци ми беше покачен повеќе од границата.Тогаш докторката ми рече сигурно ти е од стрес пробај опушти се ќе се симне. И сега кога и го однесов резултатот од нога ми ја напиша терапијата ,и побарав да испитам проодност на канали ми рече многу брзаш.Колку само од ред да помине , никакво внимание не обраќа.дефинитивно ќе ја менувам
Девојки а од каде го набавувате Достинексот. Јас едвај најдов 4 таблетки во Зегин. Во пакување по две беа и ги платив 1126 ден по паковање кај ги наоѓате по 300 денари? @tazna ме нервира многу таа неодговорност на нашиве доктори. Мојава беше ајде колку редот да ти помине без трпение никакво ни да објасни ни па да каже како и што да се прави. Дури дрско понашање. Јас прв пат се соочувам со ваква ситуација незнам како е и сакам да знам се што и како а не сама да испитувам и да дознавам. Смени ја докторката крајно ..
Тоа што докторот ви препишува бромергон не значи дека е неписмен. Многу доктори го даваат 1) постар лек е и 2) поефтин е. Со достинексот побрзо се постигнуваат резултати, ама не е безбеден во бременост. Така да, кога ќе останете бремени, ќе мора да се префрлите на бромергонот. И тогаш нема да ви чини гинекологот? И за крај, доколку резултатите значително отстапуваат подобро е да се консултирате со ендокринолог, отколку гинеколог. Се знае на кој што му е специјалност.
Ти благодарам на информацијата за бромергонот .Лично мене ме револтира игнорантскиот однос на докторката не ми ни објасни ништо само ме праша дали пијам хелекс ,дезијапам или лексилиум и ја препиша терапијата.
Тоа е друго. На жал многу матични или не знаат или навистина не сакаат да се посветат многу на пациентитет. Најбитна е довербата и взаемниот однос.
@kukla21 Неможе ако не поднесуваш некој лек и упорно да ти го даваат без разлика што е поефтин и постар тоа нема врска со нечија ситуација. Можеби на некој му годи бромергонот ама во мојот случај еве не и што ќе форсираме бромергон? Не. Јас зборував конкретно за мојата докторка и кажав дека е неписмена од повеќе причини ( не ради бромергонот конкретно), изреволтирана од низа случки со неа и нејзините измислени терапии и невнимание напишав како што напишав а тебе што толку те погоди разговоров наш околу докториве незнам.