Јас имав висок пролактин, ми препиша докторот достинекс да пијам, прво 1/4 еднаш неделно, но тоа не беше доволно, на следна проверка беше намален но не како што се очекуваше. Па докторот ми ја зголеми дозата по 1/2 неделно (во понеделник навечер пијам), и ми се регулира (го држам под контрола). Немој да се секираш се средува.
Дај Боже да се среде ,да видам утре што ќе ми препише па ќе следам како ке оде,затоа што слушам пријателки дека имале несакани реакции (на пр.како повраќање ,омалаксаност)
Другарка ми во време на доење и се појави покачен пролактин и бидејќи не и препишаа терапија за да не стане до некои промени со млекото ја ставија на диета на режим. Знам дека многу овошје зеленчук риба и темен зелен зеленчук јадеше и пиеше чај билка која помага за намалување на пролактинот Ashwagandha (Withania somnifera) и Мака со какао и за месец дена и се регулираше.
Досинекс,бромергон ќе се намали обиди се да не мислиш зошто стресот уште повеќе влијае на пролактинот.Знам дека си во паника ама со терапија ќе се среди.Ајде од мене и се ќе биде во ред.Јас пред 8-9 ми беше покачен пиев достинекс ми се намали па еден периот од 2-3 месеци пиев да го одржувам и сега без терапија ми е супер се среди. Да се редактирам пред 8-9 години имав проблем ете со терапијата ми се среди.
Јас високиот пролактинот го симнав со терапија бромергон пиев по шема 2 дена 1/4 , 2дена 1/2, 2 дена 3/4, 2дена 1 таблетка. Кога го измерив првиот пат беше 29 мислам , потоа беше 50. За месец ипол два откога ја пиев терапијата ми се намали на 15
@Sparkles27 , @Milobebence @tazna Ви благодарам на вашата подршка инаку сум веќе на режим,пробувам да внесувам што повеќе овошје.зеленчук,течности и со терапија се надевам дека ќе се среди. За маката сум слушнала дека има добри резултати од неа нема да биде лошо да ја пробам и нејзе
Мене во февруари минатата година ми открија покачен пролактин (28,4). Со помош на Достинекс, за еден месец ми падна на 15, за веќе од вториот месец на терапија да ми падне на 9.. од тогаш па натаму варира, 8, 9, но, цело време сум под терапија. Дозата ми е 1/4 на секои 5 дена. Кога ја правевме првата инсеминација докторот ми кажа да го пијам доколу имам позитивен тест, а потоа да одам да ми го променат за Бромергон, бидејќи само тој се препорачува за време на бременост.. И доколку ти ги препишат Достинекс, цената на едно апче во Македонија е околу 300, 350 денари, а во Грција две апчиња се 4 €, или околу 250 денари..
Нема проблем ќе ти се регулира со терапија и режим секако, добро што си проверила хормони сега ќе си го средиш тој проблем.... инаку ја маката не можам да ја конзумирам никако многу специфичен мирис и вкус има ама другарка ми вика дека од што мора вајда па си се навикнала по една лажичка во какао да си ја става не се осеќала варена.
Мене пак во биокулт ми рекоја маката да ја пијам со свежо исцеден сок и јас така ја пиев заедно со мм и беше превкусно не се осеќаше воопшто.
Да видиме што ќе препорача докторот како терапија. А терапијата за нон стоп лие да се пие или само додека падни до нормалата,мене тоа ме плаши што ако треба да се пие нон стоп (ако треба и ќе се пие ) исто за маката @Sparkles27 нели е подобро како во вид на капсули да се пие а не во прав така нема да имаш мака со вкусот,или во прав е подобро? аиии морам да се средам малку,помалку и читање по нет.
Јас ја пијам нон стоп. Значи од минатиот февруари.. Во септември докторот ми препорача еднаш неделно по четвртинка, наместо на пет дена, и веќе следниот пат кога го проверив пролактинот ми беше скоро до горна граница.. Значи повторно почнал да расте. И се вратив на старото дозирање (1/4 на 5 дена).
Драга маката е најдобро да ја пиеш во комбинација со какао, така најубаво се апсорбира во телото а и поприродно е нели, не е лекарство.Пробај така варија со какао и пробај да ја испиеш ако не можеш тогаш види со капсули.
Фала ви девојки на советите и подршката да видам утре што ќе препорача докторот и ќе пишам исто и мака ќе земам во прав
Девојки, кога е најдобро да се испита пролактинот? Мора на трети ден од циклус или не е битно кој ден?
Да, да испитана ми е. Хормоните ми се на долна граница. И сите други хормони ми се во ред освен пролактинот.