Јас ги испитувам на Гинекологија, бидејќи некогаш може трет ден да ми се падне во недела, а ГАК работи и во недела. Таму еден хормон е 50 денари, за разлика од приватно, кадешто отприлика еден хормон е 700 денари. Досега година дена испитувам на ГАК, и тие резултати ми ги признаваат на било кој преглед да отидам (и на државно и на приватно).
Утре земав упат за да проврам пролактин затоа пташав дали може да има некое влијание врз циклусот бидејќи не ми е редовен во последен период ви благодарам
Проверив пролактин нормален ни покачен ни пак намален а исцедокот уше стое сто можи да по некоја капка од градите
Денес проверив пролактин после терапија со достинекс од месец ипол. Резултатот е 152 а референтните вредности се од 102 до 496. Имам закажено за гинеколог следниот петок. Што во ваков случај? Ви ја намалуваат дозата или целосно ви ја прекинуваат терапијата? Драга Sesil, што ти рече докторот откога ти се симна за еден месец? Ти ја намали терапијата или целосно ти ја прекина? Јас следниот петок имам закажано на гинеколог, а пролактинот ми е веќе нормален.
Јас година дена пијам Достинекс. Еднаш проба докторката да ми ја намали дозата и одма почна да се покачува. Не отиде над горната граница, туку само се приближи. Потоа пак ми ја врати првобитната доза и сега го одржувам.
Jас пијам четвртинка таблета на 5 дена. Баш испитав пред недела дена, пролактинот ми беше 8,8. Референтните вредности кадешто јас испитувам се од 3,2 до 24,3.
Примаш многу помала доза. Си мислев да намалам и јас на пола неделно, зошто дури во петок имам закажано на лекар. Страв ми е да не ми се намали премногу
Можеш да испиташ во било кој ден пролактин. Немора на трети ден. Па да видиш.. Многу е битно да се погоди дозата.. Не се секирај дека многу ќе се намалува. Мене откако ми ја одредија дозата најниско што ми стигнал е 7 (ти пишав погоре кои се референтните вредности во лабораторијата кадешто испитувам).
Женски здраво, незнам дали е случајност но имав приметено дека имам грутки и болни гради кога ми е покачен пролактинот и пред циклус ...до понеделникот пиев бромергон 1/2 секој ден и беше во нормала ендокринологот ми рече терај со дозата после саат гинекологов ми вика намали дозата на 1/4 секој ден и овие три дена осеќам пак грутки во градите а пред циклус не сум уште две недели имам....дали е можно да се качил така брзо и од тоа да ме болат или има сосема друга причина од што би можеле да ме болат ? Инаку средата примив стоп инекција да не е до неа, истиот ден по примањето почнав да ги осеќам грутките...искуства?
е мила моја и јас така мислам, но мојот гинеколог се меша во работата и на ендокринологот и трансфузиологот...а си викам како да не го послушам нејќам со прст да покаже ете ради тоа не успеавме..треба да му кријам а нејќам и го слушам како ќе каже така..