Не знам дали се они на црна листа, пишав аптека која држи И апчиња на црно така мене ме упатија првиот пат и најдов
Дали ви се случило да ви се продолжи циклусот со достинекс? Требаше да добијам пред некој ден, немам ни симптоми
А што кога во тек на терапија со Бромергон, околу 1 месец, нивоата паѓаат скоро на долна граница, по прекинување на терапијата, повторно се враќаат на дупло зголемено ниво? И ТСХ благо ми се зголемува кога е пролактинот зголемен. Правев магнетна, во ред е. Исто и тироидна испитав, и тоа е во ред. Не сум заинтересирана за бременост, пишав бидејќи имам проблем со пролактинот.
Treba pravilno da ti ja koregiraat dozata na bromergon sega neka ti ja namalat samo neka ne ti ja prekinuvaat
Постепено ми ја намалија,со шема, до целосно прекинување бидејќи сепак беше до долната граница пролактинот. Две недели поминаа откако го прекинав, нагло се покачи повторно. Докторката е на одмор, нема со кој да се консултирам.
Пролактинот влијае и на другите хормони.Кога тој е покачен,настанува тотален хормонален дисбаланс.И мене ми беше многу снижен од терапијата,и пак ми се покачи потоа.Се пие подолг период во таков случај. Претпоставувам дека докторката ќе ти ги смени апчињата,наместо Бромергон кои се пијат почесто ќе ти препише Достинекс кои се поефикасни а се пијат поретко за да го регулираш нивото постојано.
Фала ви на мислењата. Бев кај докторката, но ме врати пак на Бромергон, овој пат кажа да го пијам подолго време барем 2 месеци. Малку ми е чудно бидејќи претходниот пат скоро до долна граница се намали пролактинот за месец и нешто, да не случајно сега замине под нормала, но ете тоа ми го кажа. Прашав за Достинекс, ми кажа дека покрај тоа што се скапи, со нив нема гаранција за успех, доколку и овој пат не успее со Бромергон, Достинексот не ми бега, ако и со него не успее, нема друга опција.
Така ми кажа и мене на почеток, дека хормонско пореметување се средува, но треба 3, 4 месеци третман. Но мене за месец нагло ми се намалија вредностите до долна граница и затоа ми го прекина, па пак си се врати на старото ниво. Ќе видам што ќе биде сега, само се надевам нема некои споредни ефекти од можниот низок пролактин, уште тоа ми фали.
Отидов да си проверам хормонски статус чисто онака. Не сум ни мажена, ни па планирам бременост. Пролактинот ми е качен дупло од горната граница. Минатиов период ми беше малку стресен. Дали е можно од стрес да ми се покачи? А и циклусот ми каснеше 10тина дена.Докторката ми даде Достинекс ама мислам да не го пијам бидејќи како што кажав не планирам бременост. И јас сум се запнала превентивно да се испитувам... Се чувствувам одлично, а арно кажале постарите, тргнеш ли по болници нема да излезеш од нив. Се нешто ќе ти најдат. Од здрава права, болна ќе ме направат. Патем може ли на некој природен начин да се намали нивото на пролактин?
Со хормони нема играње. Пролактинот да точно се качува при стрес но тоа е моментално и после си се враќа во нормала, таа состојба не се задржува. Најдовро ти е да си отидеш на ендокринолог и да те упати кои испитувања треба да ги направиш за да ја дознаеш причината зошто е покачен. Така не смееш да го оставиш во никој случај. Тоа што не планираш бременост нема никаква врска. Ќе почне да ти прескокнува месеци циклусот ако не превземеш нешто. Мене ми се појави прв пат пред 10 години. Си пиев терапија 10 години за да го држам во нормала. Сега си се решив решив за бременост, останав трудна и во 12 недела ми го прекинаа Достинекс. Мојата дијагноза беше аденом на хипофизата. Значи мораш да ја најдеш причината за покачен пролактин. Немој се да препишуваш на стресот бидејќи ако се работи за аденом на хипофиза тоа не е шала и мораш да го следиш постојано. Значи најбитно е да отидеш на ендокринолог а не на гинеколог и да си ги напраиш испитувањата да не го оставаш така! До сите што пијат Достинекс мој совет е да не го купувате од тука пошто цените се нереални. Ако имате можност најефтин е во Благоевград во Бугарија таму е околу 1000ден кутивче со 8 таблети.
Јас последен пат кога купив во Грција ги платив 29 евра 8 таблети. По 2 не сум купувала не знам како движат. Само знам дека пред 10 години у Скопје ги плаќав по 450ден таблета. Пљачка
Исто бев и јас. Правев крвна слика повторно по една недела, сам беше намален 3 пати помалку. После еден месец бев пак, во нормала беше. Периодот ми беше многу стресен, ми рече дека само тоа е причината. Пиј Б комплекс, многу вода, вежбај, зеленчук и овошје повеќе, секакви видови на семиња. Јас почнав црн леб да јадам, белиот го исфрлив и шеќерот исто. Стресот е прв виновник, затоа природно пробај прво, да се смириш и преку храна па испитај пак. Докторката мене ме натера три пати да направам крвна слика, пред да ми даде терапија бидејќи циклусот беше нормален, немав ни болни гради. После еден месец немаше потреба од таблети.
Zdravo dali nekoja imala nus pojavi od dostinex, jas go pijam 1 mesec i ne mi e dobro od koga ke go primam imam vrtoglavici, gadenje. Go pijam zaradi adenom na hipofizata
Pritisokot kako ti e ako ti e nizok napij se strumka ili vo edna casa voda ke staves edna laz sol I ke ja ispies
Пиј го навечер пред спиење. И кај мене имаше сличен ефект првите 2-3 недели, после не го ни приметував. Можеби многу малку сабајлето после пиење, ама со кафе се враќав во нормала
Navecer go pijam i utre denta nemozam da funkcioniram ic ne mi e dobro Ne mi e nizok dobar mi e, a se osekam isto kako ti e nizok