Здраво на сите Пишував и во друга тема во врска со хормоналниот статус но ете ве читам и овде во врска со хормоните и нивното влијание врз забременувањето Испитував хормони и еве ги резулатите Би сакала да слушнам ваше мислење околу покачениот TSH
Не сум стручно лице но колку што сум упатена овие години за хормоните мислам дека Тсх ти е висок посебно ако сакаш да останеш трудна треба да ти е до 2,5 ...консултација со ендокринолог да направиш терапија да ти даде..битно не се плаши има лек за ова не е ништо страшно ...останатите мислам дека ти се во ред.
Уфф Се обидуваме 9 месеци за бебе но без успех Дали ќе може да се регулира хормонот, каква терапија сте примале? Што поскоро ќе одам на ендокринолог, сакаме бебенце што поскоро
Само немој да се секираш, не е ништо страшно за хормониве тироидни постојат лекови за среќа ...за терапија јас не примав мене тсх ми беше секогаш до 2,5, али знам дека се што е над тоа не треба да е толку... јас примав терапија за пролактинот зошто и тој смета за забременување и не треба да е висок.. не ме факај за збор зошто не сум стручно лице ни сум примала терапија за тие хормони но тоа што сум читала и од други искуства од др жени што го имале тој проблем пиеле Еутирокс... битно не се плаши се средува ова, само на време оди на лекар за правилна терапија... П.С дел од овие хормони се прават на 3 ден од циклусот на гладна, жедна и добро одморена и наспана...не е лошо меѓувреме и едно ехо на тироидна да си направиш, а наредено вадење на крв нека ти испитаат плус антителата на тироидната..
Најпрво среќен 8ми март на сите имајте убав ден Во Ремедика дури од април почнуваат со прегледи А Систина ми кажаа околу 5300 ден преглед и ехо доколку е потребно а исто така и лабораторија е плус. Дали може резултатите да ги однесам дали би ги прифатиле? Читав по нет дека селенот бил добар за функционирање на штитната жлезда но девојчето што работи во аптеката ми кажа дека може да се намали тежината и го намалувале апетитот. Несум смирена воопшто откако ги видов резултативе
Девојки со покачен пролактин .. дали за време на терапија со ДОСТИНЕКС можам 2 - 3 чашки винце да пивнам ?
Јас пиев, и не приметив да ми смета или да нема ефект апчето. Од 3 апчиња секогаш ми паѓа под нормала.
Da, jas imam pokacen prolaktin i imam neredovna menstruacija. Prviot pat koga pocnav da pijam Dostinex mi se regulira ciklusot za 1 ipol mesec. No morav da prekinam so terapijata bidejki mi padna pod normalata. Sega pocnav da pijam pak pa ke vidime.
Јас имам редовна менструација ( секој месец ) но повремено ми доцни да речеме по 5 - 6 некогаш и 10 - 12 дена.
Девојки, пролактинот ви е покачен само на трет ден од менструација или и без разлика дали сте во циклус?
Зависи од референтните вредности на клиниката али од прилика сегде е 24,25. Јас правев во 8ми септември каде што реф. вредност е до 25 пред втора иуи и ми искочи 70. Др ми ја откажа веднаш иуи додека не средам хормони затоа што ми рече дека залудно правам иуи со покачен пролактин и тсх, пошто имам проблем и со тсх а тие два хормона се тесно поврзани. Те читнав во другата група провери си тироидни хормони и со сите резултати оди кај некој добар препорачан интернист/ендокринолог за терапија, бидејќи мислам ќе треба да попиеш малце терапија за пролактинот. Не е страшно не кревај паники тојј реагира секогаш различно и секогаш варира, така да можеш пак да го провериш пошто ептен ти е на граница, кај мене немаше потреба од проверување 70 ми беше и си почнав одма со терапија по препорака на др. Со лесно,
ти беше ли ја снимаше ли хипофизата на магнетна резонанца да видеш да не имаш аденом со толку висок пролактин ендокринологот би требало да те прати на мр
Правев КТМ рекоа немам ништо. Не ме пратија, ми рекоа друго биле причините. Ама може самоиницијативно ќе одам на МР.